Showing posts with label вода. Show all posts
Showing posts with label вода. Show all posts

Tuesday, January 2, 2018

5 производи со канабис кои го менуваат начинот на кој размислуваме за марихуаната

Благодарение на растечкиот тренд за легализирање на марихуаната во светот, сè повеќе и повеќе се зголемува бројот на производи кои содржат канабис. Исто така, со појавата на онлајн-маркети за производите со канабис, се зголемува и побарувачката за нови производи кои ја содржат оваа билка. Ова се најновите и најпопуларни комерцијални производи кои се појавија во индустријата со канабис:


1. CBD-вода

Во последните две години е забележан голем пораст на пазарот за пијалаци. Порастот е особено забележлив на пазарот за вода со канабидиол и спортски пијалаци. Канабидиолот (CBD) е вториот најчест канабиноид во канабисот и не е опоен. CBD се користи за медицинските придобивки од канабисот, без опојните ефекти кои се поврзани со други канабиноиди како што е тетрахидроканабинолот (ТХЦ). Способноста на CBD да ги ублажи болките и воспаленијата е неверојатна и е извор за олеснување на многумина, од луѓето со болки во мускулите, постарите пациенти и сите оние кои бараат алтернатива за лекување на хроничните болки. Исто така, CBD се покажа како големо ветување за лекување на напади, аутизам и епилепсија.


2. Бонбони и мастики за џвакање со канабис

Milo Confections ги создале Betta Mints, освежувачи на здив инфилтрирани со 5mg до 20mg THC во една бонбона. Pure Ratios пак, создале пастили формулирани со систем за повремено ослободување на CBD и/или THC во текот на еден подолг временски период. Chill Gum и High Balls се познати по создавањето на гуми за џвакање кои содржат канабиноиди.


3. Кафе со канабис

Неколку компании побарале да се формулира мешавина на канабиноиди и кофеин со цел да се создаде кафе со канабис. Подоцна се појавила и побарувачката за чај со/од канабис. Кафето на компанијата Canyon Cultivation е направено со гватемалски грав и мала доза од 10мг THC по шише. За чаевите со канабис е позната компанијата Jane’s Brew, која создава зелен чај, слатки и тропски чаеви, секој со по 100мг  THC.  Pot-O-Coffee направиле сличен производ, со тоа што тие не се ограничиле само на кафето и создале дури и топло чоколадо.



На пазарот за лекови за домашни миленици во САД се појавија производи на база на CBD за третирање на разни состојби кај миленичињата, кои вклучуваат специфични инструкции за дозирање. Еден од најпознатите брендови, како и производи за лечење на миленици е VET CBD, создаден од д-р Тим Шу, ветеринар чија мисија е да се залага за ефективноста на канабисот како алтернатива на традиционалните лекови.  VET CBD  се разликуваат од останатите брендови по нивната употреба на целиот цвет. Сепак, ветеринарите не смеат да продаваат или да препишуваат канабис директно на домашни миленици. Сопствениците најпрво треба да добијат препорака, а потоа да го набават комерцијалниот производ од специјализираните маркети.



5. Производи за нега и убавина со канабис

Не е ни чудно што ова растение достигна огромен успех во разни индустрии, а индустријата за козметички производи и нега исто така има неверојатни придобивки од него. Од разни лосиони, сјаеви за усни, балсами, креми, маски, па се до сапуни со/од канабис – овие производи им нудат на потрошувачите евтини, а сепак уникатни органски растителни производи кои овозможуваат нега и благосостојба. Компанијата Papa & Barkley се фокусира на здравјето, создавајќи масла за масажа кои служат за олеснување на болката и повремено испуштаат канабиноиди во текот на 12 часа. De La Beuh пак, создаваат производи со канабис за капење, за доживување на едно неверојатно и релаксирачко кана-спа искуство во вашата бања.


Автор: Ангела Т.
Извор: GFarmaNews

Saturday, October 28, 2017

Како да направите хашиш со мраз?

Хашот е форма на канабис концентрат, а хашишот со мраз функционира на принципот дека трихомите се потешки од водата, додека вегетативниот материјал не е

Дејството на канабисот многу зависи од начинот на консумињање, а секој екстракт, тинктура, било која форма на препарат од канабис (во помала или поголема мера) е лековит (нула смртни случаи). Користете мешалка за целосно да го измешате материјалот со ледената вода и ослободете ги трихомите.

Ледената вода се користи, бидејќи ги замрзнува жлездите, така што тие лесно се отстрануваат (може да го ставите и садот во замрзнувачот и до два часа однапред). Потоа извадете ја водата и зелената материја и ќе ви остане хашиш богат со трихоми. Ова ќе треба филтрирање до одреден степен, бидејќи сè уште ќе содржи вода. Го најдовme овој рецепт на Порталот Growers Guide to Cannabis, но процесот е адаптиран за да може да се направат неколку од овие серии истовремено.

Ќе ви требаат:

* кофа/леѓенче;
* прскалка;
* дрвена/метална лажица;
*парче картон;
* пешкир;
* блендер или сад и миксер;
* контејнери/садови и вреќи;
* филтери за кафе за повторна употреба или мрежа (приближно 155 микрони со прачки изработени од влакна од поединечно влакно);
* хартиени кафе филтри;
* мраз;
* мелница за кафе (опционално).

Погледнете го видеото за да ви стане појасно. Водич за правење хашиш со мраз чекор по чекор. Имајте убав викенд :)


Tuesday, September 19, 2017

Кјуринг - „лекување“ на цветовите од канабисот со употреба на вода

Водениот кјуринг е брз начин за лекување на туфките по сушењето, но со сосем поинаков пристап

Воден кјуринг се употребува на пример за врсти како Super Skunk, односно врсти со понепријатен вкус. Имајте доверба во оние цветови кои поминале воден кјуринг само од искусни одгледувачи, затоа што некои може оваа техника да ја употребат за да ја прикријат мувлата кај скапаните туфки.


Поентата на водениот кјуринг е наместо по пат на природните процеси на разложување на хлорофилот, нутритивните елементи и шеќери (кои доколку останат во туфките - предизвикуваат груб чад, а поради тоа потешко се пуши), вие ги разложувате во вода. Бидејќи канабиноидните состојки на база на масти нема да се разложат во вода, овој процес во тревката го остава само она што го барате.


Позитивната страна на овој обратен начин на кјуринг е тоа што е многу побрз и дава екстремно мазен чад. Искусните одгледувачи кои ја практикуваат оваа техника тврдат дека чадот од марихуаната која поминала низ воден кјуринг мириса многу поубаво од вообичаено кога е запалена. Недостатокот на оваа техника е што водено „излечената“ трева потешко поминува на пазарот, затоа што цветовите не изгледаат баш најубаво, губат на мирис и на тежина! Но, сепак, како што се губи тежината (волуменот), се зголемува потентноста на канабисот (лековитите состојки се поконцентрирани во цветовите со воден кјуринг). Друга негативна страна е што тревата мора по втор пат да се суши!



Како изгледа водениот кјуринг?

Едноставно ставете ги пупките во водонепропустна тегла и пополнете ја до крај со чиста, ладна вода од обратна осмоза. Ако туфките пловат на површина, потопете ги. Менувајте ја водата најмалку еднаш дневно, по можност два пати на ден околу 5 дена. Потоа отстранете ја водата и исушете ги туфките. Внимавајте убаво да ја исушите тревата, затоа што може да се појави мувла! Се препорачува сушење во сушара и редовно ротирање на цветовите по овој кјуринг. Целиот процес трае околу 10-12 дена.


Извор: Herb

Friday, July 21, 2017

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас


Ни премногу, ни премалку вода!
Тој истакна: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.


Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.

Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).