Се смета дека шишарната жлезда (pineal gland) има способност да ослободи во нас голема духовна моќ, интелект и свест. Добро е познато дека пинеалната жлезда реагира на психоактивни супстанци, па што се случува со тој дел од мозокот кога користиме канабис?
Дело на Алекс Греј (Alex Gray) |
Многумина веруваат дека тоа е третото око (шестата чакра), толку често опишувано во митовите и учењата на источните религии. Оваа жлезда е тема на многу дебати и многу е напишано за неа, а особено многу се зборува за третото око во последно време. Многумина велат дека флуоридот од пастата за заби е една од главните состојки што ја блокираат пинеалната жлезда со калцификација. За среќа постојат многу начини за чистење на оваа жлезда. Како што се грижиме за хигиената на телото, исто така треба да се грижиме и за хигиената на духот и умот, а редовната употреба на канабис само може да ни помогне во тоа.
Пинеалната жлезда или „Седиштето на душата“, како што е опишано од Рене Декарт, е централната точка на нашиот духовен систем на водство, што нè тера да ги надминеме петте сетила на рационалност и да станеме мултисензитивни, прилагодени и свесни за повисоките димензии на холографскиот космос. Канабисот или марихуаната, меѓу другите психоделици, го олеснува активирањето на „шишарката“ и му помага на третото око или окото на умот да ја насочи нашата духовна еволуција кон целост.
Пинеалната жлезда е присутна кај речиси сите `рбетници. Кај другите видови, како птиците, влекачите и жабите, пинеалната жлезда се нарекува париетално око или „трето око“, бидејќи нејзините функции многу личат на онаа на вистинското око. Кај овие други видови, пинеалната жлезда има компоненти на вистинско око, со корнеа и конус. Под дејство на директна светлина преку очите, пинеалот го регулира спиењето, менструалните циклуси, шемите на парење, хибернацијата, сезонските шеми на летање и многу други „инстинктивни“ однесувања.
„Пинеалната жлезда е доста активна во синтетизирањето на соединенијата поврзани со серотонин, важен невротрансмитер во мозокот. Невротрансмитери се хемиски гласници кои овозможуваат комуникација помеѓу индивидуалните нервни клетки. Повеќето типични психоделични лекови, како што се ЛСД, мескалин, псилоцибин и ДМТ, се активни во мозочните места, кои исто така се погодени од серотонин“
„Психоделичните лекови, медитациските состојби, спонтаните искуства блиски до смртта и други феномени кои можат да предизвикаат стереотипна смрт, повторно раѓање и рајски/пеколни состојби делуваат преку шишарната жлезда“
Ова значи дека универзалната алегорија на гледање бело светло во близина на искуства со смрт или со длабоки духовни визии кои влијаат врз нашата основна природа, се сетила добиени токму преку оваа жлезда. Ова исто така може да биде област каде што сликите во нашата потсвест се преуредени во нови и чудни слики за време на нашите соништа. Визуелните рецептори работат во чиста темнина, но добиваат периферен стимуланс од мозокот. Третото око ја излачува природната молекула DMT произведена од нашето тело во ситуации на блиска смрт. Корелацијата помеѓу овој концепт и оној на сензорна депривација, додека се користат психоделиците, одеднаш не се толку претерани како што некогаш се чинеше. Тоа го принудува умот да се поврзе со условите кои се наоѓаат во шишарката, вадејќи го сето тоа на површина, за полесно да можеме да се соочиме со сè што нè мачи.
На кој начин канабисот делува на пинеалната жлезда?
Истражувањата на стаорци покажале дека пинеалната жлезда содржи функционален ендоканабиноиден систем со канабиноидни рецептори тип 1 и 2 и присутни се ендогени лиганди кои се врзуваат за нив, анандамид и 2-АG. Студијата покажа дека активноста на CB-рецепторите варира во зависност од секојдневниот циклус, со најниски нивоа на активност што се случуваат на крајот од дневниот период.
Исто така се покажа дека нивоата на ензимот одговорен за синтетизирање на нови ендоканабиноидни молекули, NAPE-PLD, беше намален за време на средината на темниот период. Многу е веројатно дека ендогениот аналоген анандамид на ТХЦ врши исто дејство за намалување на ослободувањето на мелатонинот предизвикан од норепинефрин и затоа е фундаментално вклучено во функцијата на пинеалната жлезда. Затоа се чини дека ниски нивоа на анандамид или ТХЦ се потребни за да се зголеми производството на мелатонин. Со зголемување на нивото на мелатонин, како што нормално треба да се прави на крајот од дневниот период, треба природно да се јави чувство на поспаност.
Како пинеалната жлезда влијае врз нашиот „хај“?
Ова не е сосема јасно и во секој случај, знаеме дека повеќе различни региони на мозокот се вклучени во субјективното искуство кога сме хај. Пинеалната жлезда е само една мала врска во екстремно долг и комплициран синџир, кој се протега меѓу некои од најосновните и фундаментални делови на мозокот и некои од најнапредните, како што е неокортексот, којшто постои само кај цицачите. Сепак, шишарната жлезда постојано е поврзана со биосинтезата на круцијални природни процеси поврзани со спиењето, сонувањето и па и фантазијата. Присуството на овие соединенија во шишарката е една од најважните причини зошто многумина ја сметаат за „седиште на душата“ или клучот за „духовно просветлување“. Без сомнение, најпознатото од овие соединенија е N (N-диметилтриптамин - N-Dimethyltryptamine) попознато како DMT.
Сè уште со сигурност не може да се каже дали пинеалната жлезда е одговорна за синтеза на DMT кај луѓето, но постојат значителни докази кои сугерираат дека тоа е така. DMT и сродните соединенија триптамин и буфотенин, се пронајдени во човечката урина, а самата DMT се покажа дека е синтетизирана во шишарката од мозокот кај стаорци. Едно друго слично соединение, 5-MeO-DMT е синтетизирано во човечката пинеална жлезда, но до сега не е докажано дали и самиот ДМТ е произведуван од тој дел од нашиот мозок.
Пинеалната жлезда е дел од сложен и фасцинантен систем!
Додека сме уште далеку од целосно разбирање на комплексната мрежа од хемиски соединенија кои комуницираат во мозокот, почнуваме да градиме едноставна мапа за тоа како сите овие меѓусебно поврзани процеси се вклопуваат заедно. Јасно е дека ендоканабиноидниот систем е фундаментално важен сигнализациски систем, кој помага да се поврзат разните делови од мозокот, коишто само со заедничко совршено функционирање ни го даваат субјективното искуство кога сме ХАЈ. Самата пинеална жлезда е од суштинско значење за овој процес и има несомнена важност како извор на соединенија кои ја менуваат свеста.
Таа неразделно работи со ендоканабиноидниот систем и со разни други регулаторни системи за контрола на нашето субјективно секојдневно искуство на расположение, будност и поспаност, а кога воведуваме надворешни психоактивни соединенија, овој процес може да се измени на фундаментални начини, од кои некои можат да бидат многу пријатни и здрави. Од сите природни психоактивни супстанци, канабисот е докажано најбезбедната - НУЛА смртни случаи до сега, а најдобро е тоа што не може фатално да се предозира и не може да се стане зависен, па дури ни од секојдневна употреба, поради тоа што рецепторите за активните состојки од канабисот во нашето тело се заситуваат до одредено ниво, а исто така нив ги нема во нервниот систем одговорен за процесот на дишење.
Автор: К. К.
Извори: Sensi Seeds, Enlightened Consciousness
Súper tekst!!!
ReplyDeleteБлагодариме за поддршката! :) Можеш да ни испратиш и свој текст/анализа/колумна :))) Те замолуваме за лајк и да ги поканиш пријателите и да споделуваш корисни содржини ;) www.facebook.com/420macedonia
Delete