Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Битката за поседување лиценца за канабисот помеѓу големите компании како Bayer, Monsanto и Scotts Miracle-Gro е сè поголема и сè повеќе расте. Ваквите компании напорно работат со цел да развијат начини за патентирање на ова природно лековито растение. Градинарските и агрохемиски компании исто така сакаат да станат дел од оваа индустрија која расте со неверојатна брзина
Ослободете ја билката...
Индустријата за канабис е навистина профитабилна за владите на земјите како Колорадо, каде продажбата веќе достигнала една милијарда долари до октомври 2017 година, а се очекува драстично да се зголеми за време на празниците. И ова е само една земја од потенцијалните 50 американски пазари. Медицинските и научните студии покажуваат дека медицинската марихуана драстично влијае врз продажбата на разните фармацевтски лекови и производи. Па така, не само што може да се направат огромни пари од легалниот канабис, туку и фармацевтските гиганти може да изгубат огромни пари. Сепак, ниту една индутрија нема да загуби, впрочем може многу повеќе да добие доколу мудро го преструктурира своето производство и начин на работа и доколку се прилагоди. Легализацијата и декриминализацијата се само уште една причина за појава на нови производи.
...наскоро ќе започнат конференциите на Јамајка! :)
Неодамнешните истражувања покажаа дека повеќе од половина од луѓето кои се обиделе да се лекуваат со канабидиол (CBD), престанале да ги земаат традиционалните лекови препишани од лекарите како оние за болки и помагала за спиење. „Се чини дека фармацевтската индустрија има повеќе од доволно причини да се плаши од легализацијата на марихуаната“ - вели анализата спроведена од страна на вработените во New Frontier Data, која предвидува дека законската употреба на производи од канабис за заболувања (од хронична болка сè до напади) може да го чини пазарот на модерната медицина околу 4 милијарди долари годишно.
Сè повеќе мали и големи компании се обидуваат да го патентираат канабисот како и производите од канабис. Во неодамнешна статија на оваа тема, списанието Форбс одговори на прашањето дали канабисот може да се патентира или не: „Растенијата може да се патентираат на два начина, преку патентна заштита (како што се 95% од сите патенти) или со посебна категорија на патентна заштита за растенија. Засега во САД постојат многу малку случаи на патентна заштита на растенија. Во моментов постојат две големи компании кои се сметаат за „главни играчи“ во битката за растенијата: Биотехнолошкиот институт фокусиран на растенијата (Лос Анџелес), кој има 3 издадени патенти, како и 2 апликанти кои чекаат, додека пак GW Pharmaceuticals (UK) има две апликации фокусирани на растенијата. GW е позната по тоа што има најголемо портфолио насочено кон канабисот од сите компании во светот и е особено фокусирана на методите за лекување на болестите“.
Канабиноидите се покажале дека имаат антиоксидантни својства, кои не се поврзани со антагонизмот на NMDA рецепторот. Ова ги прави канабиноидите корисни за лекување на широк спектар на болести поврзани со оксидација, како што се исхемични, поврзани со возраст, воспалителни и автоимуни болести
Се смета дека канабиноидите имаат одредена примена како невропротектанти, на пример во ограничувањето на невролошко оштетување после исхемични напади, како што се мозочен удар и траума или во третман на невродегенеративни болести, како што се Алцхајмеровата болест, Паркинсонова болест и ХИВ деменција. Непсихоактивните канабиноиди, како што е канабидоил, се особено поволни за употреба, бидејќи ја избегнуваат токсичноста со која се среќаваат психоактивните канабиноиди во високи дози кои се корисни во методот на ова пронаоѓање. Посебна откриена класа на канабиноиди корисна како неуропротективни антиоксиданти е формулата (I) каде што групата R е независно избрана од групата составена од H, CH3 и COCH3.
РЕЗИМЕ НА ОТКРИТИЕТО
Целта на ова откритие е да обезбеди нова класа на антиоксидативни лекови, кои имаат одредена примена како невропротектанти, иако тие се генерално корисни во третманот на многу болести поврзани со оксидација.
Уште еден предмет на овој пронајдок е да обезбеди подмножество на такви лекови кои можат да бидат значително ослободени од психоактивни или психотоксични ефекти, кои се значително нетоксични дури и во многу високи дози и имаат добра пенетрација на ткивото, на пример, преминување на крвната мозочна бариера.
Изненадувачки е откриено дека канабидиолот и другите канабиноиди можат да функционираат како невропротектанти, иако немаат антагонистичка активност на NMDA рецепторот. Ова откритие било овозможено поради препознавањето на претходно непредвидливото антиоксидантско својство на канабиноидите воопшто (и посебно канабидиолот), кој функционира целосно независно од антагонизмот на NMDA, AMPA и каинатните рецептори. Оттука, овој пронајдокот вклучува методи за спречување или третирање на заболувања предизвикани од оксидативен стрес, како што е невронската хипоксија, со администрирање на профилактичко или терапевтски ефективно количество на канабиноид кај субјект кој има болест предизвикана од оксидативен стрес.
ОПИС
Оваа апликација е 371 од PCT / US99 / 08769 поднесена на 21 април 1999 година, со која се тврди бенефиција од бр. 60 / 082,589, поднесена на 21 април 1998 година, со која се бара бенефиција со бр. 60 / 095,993 поднесена на 10 август 1998 година.
ПОЛЕ НА ОТКРИТИЕТО
Ова откритие се однесува на фармацевтски соединенија и композиции кои се корисни како ткивни заштити, како што се невропротектанти и кардиопротектанти. Соединенијата и композициите може да се користат, на пример, во третманот на акутни исхемични невролошки дразби или хронични невродегенеративни заболувања.
ИСТОРИЈАТ НА ОТКРИТИЕТО
Постојана повреда на централниот нервен систем (CNS) се јавува во различни медицински состојби и беше предмет на интензивен научен надзор во последниве години. Познато е дека мозокот има високи метаболни потреби и дека може да претрпи перманентна невролошка штета ако нема доволно кислород (hypoxia) дури и неколку минути. Во отсуство на кислород (anoxia), митохондријалното производство на ATP не може да ги задоволи метаболните потреби на мозокот, а оштетувањето на ткивото се случува. Овој процес се влошува со невронално ослободување на невротрансмитерот глутамат, кој го стимулира NMDA (N-methyl-D-aspartate), AMPA (α-amino-3-hydroxy-5-methyl-4-isoxazole propionate) и каинат рецепторите. Активирањето на овие рецептори иницира калциумски прилив во невроните и производство на реактивни видови на кислород, кои се потентни токсини и ги оштетуваат важните клеточни структури како што се мембрани, ДНК и ензими.
Мозокот има многу непотребни резерви на крв, што значи дека неговото ткиво е ретко целосно лишено од кислород, дури и за време на акутните исхемични настани предизвикани од тромбоемболични настани или траума. Затоа, се верува дека комбинацијата на повреда на хипоксија со додадена дразба за глутаминска токсичност е одговорна за клеточната смрт. Оттука, ако додатокот на навреда за глутаминска токсичност може да се ублажи, невролошкото оштетување може исто така да се намали. Антиоксидантите и антиинфламаторните агенси се предложени за намалување на штетата, но тие често имаат слаб пристап до структури како што е мозокот (кои се заштитени од крвната мозочна бариера).
Со оглед на важноста на NMDA, AMPA и каинатните рецептори во механизмот на повреда, истражувачите се фокусирале на користење на антагонисти на овие рецептори за да се мешаат со приливот на калциум со посредство на рецепторот, кој во крајна линија води до клеточна смрт и ткивна некроза. Ин Витро студиите, со употреба на култивирани неврони покажаа дека антагонистите на глутаминските рецептори ја намалуваат невротоксичноста, но антагонистите на NMDA и AMPA / каинатните рецептори имаат различни ефекти. Антагонистите на NMDA ја спречуваат невротоксичноста, доколку се присутни за време на периодот на експозиција на глутамат, но се помалку ефикасни ако се додадат после глутамат. Спротивно на тоа, антагонистите на AMPA / каинaтни рецептори не се толку ефикасни како антагонистите на NMDA за време на периодот на експозиција на глутамат, но се поефикасни по изложувањето на глутамат.
Дел од истражувањето на овие антагонисти се фокусирало на канабиноидите, чие подмножество се антагонисти на NMDA рецепторите. U.S. Број 5,538,993 (3S, 4S-delta-6-tetrahydrocannabinol-7-oic acids), US patent. Број 5,521,215 (стероспецифични (+) THC енантиомери) и US Pat. Број 5,284,867 (dimethylheptyl benzopyrans) пријавиле дека овие канабиноиди се ефикасни блокатори на рецепторот на NMDA. U.S. Број 5,434,295 открива дека хомологот на 1,1-dimethylheptyl (DMH) хомолог на [3R,4R]-7-hydroxy-Δ6THC (познат како HU-210) е суперпотентен агонист на канабиноидни рецептори со канабиномиметичка активност два степени поголеми од природниот Δ9THC. HU-210 диметилхептилниот канабиноид, има сериозни несакани ефекти, вклучувајќи замор, жед, главоболка и хипотензија. J. Pharmacol. Sci. 60: 1433-1457 (1971). Субјектите кои го примиле овој синтетички канабиноид со диметилхептилна група, доживеале значителна психомоторна ретардација и не биле подготвени или неспособни да преземат положба на подигнување.
За разлика од HU-210, (-) (3R, 4R) THC-DMH енантиомерот (познат како HU-211) покажува низок афинитет кон канабиноидните рецептори, но ја задржува невропротективната активност на антагонистот на NMDA рецепторот.
ТХЦ (тетрахидроканабинол) е уште еден од канабиноидите кои се покажале како невропротективни во клеточните култури, но се верува дека оваа заштита е посредувана од интеракцијата на канабиноидниот рецептор, но и поради взаемната синергиска реакција со останатите канабиноиди, флавоноиди и терпини.
Иако не е јасно дали канабиметичката активност игра улога во неврозаштита против невролошката повреда предизвикана од глутамат, јасно е дека канабиноидот мора да биде антагонист на NMDA рецепторот за да има невропротективен ефект. Оттука канабидиолот (2-[3-methyl-6-(1-methylethenyl)-2-cyclohexen-1-yl]-5-pentyl-1,3-benzenediol, кој е лишен од психоактивниот ефект 38: 21-43, 1986), не се смета за корисен како невропротектант. Канабидиолот е проучуван како антипептилен (Carlini et al., J. Clin. Pharmacol., 21: 417S-427S, 1981, Karler et al., J. Clin. Pharmacol, 21: 437S-448S, 1981, Consroe et al. , J. Clin Phannacol, 21: 428S-436S, 1981), и е утврдено дека го намалува интраокуларниот притисок (Colasanti et al, Exp.Eye Res 39: 251-259, 1984 и Gen. Pharmac 15: 479-484 , 1984).
Не се забележани знаци на токсичност или сериозни несакани ефекти по хронична администрација на канабидиол кај здрави доброволци (Cunha et al., Pharmacology 21: 175-185, 1980), дури и во големи акутни дози од 700 mg/ден (Consroe et al. , Pharmacol, Biochem, Behav, 40: 701-708, 1991), но канабидиолот е неактивен во NMDA рецепторот. Оттука и покрај неговата потенцијална употреба во лекувањето на глауком и конвулзии, канабидиолот не се смета за невропротективен агенс кој може да се користи за да се спречи оштетување предизвикано од глутамат во централниот нервен систем.
ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ МОМЕНТАЛНИ ПАТЕНТИ ВРЗ КАНАБИНОИДИТЕ:
Канабисот е лековито растение кое е едно од најефективните природни лекови против РАК. Екстрактот од ова растение ги убива само канцерогените клетки (на ракот), не им наштетува на останатите здрави клетки во организмот, (каков што е случајот со хемотерапијата), напротив - здравите клетки ги регенерира. Хемотерапијата најчесто е успешна, но пациентите умираат од овој начин на лекување на ракот. Канабисовото масло е успешен природен лек против негативните ефекти од хемотерапијата! Користењето Канабис не е штетно по здравјето и не го оштетува мозокот, како што порано се сметаше, со цел лажно да се оцрни ова растение
Научно е докажано дека Канабисот ја поттикнува неврогенезата - го поттикнува создавањето на нови мозочни клетки! Што значи дека не те оглупува, туку може да те направи попаметен. Од Канабис никој не умрел и никој не полудел! Ова растение не ја менува свеста на човекот. Не постојат никакви релевантни научни докази кои потврдуваат дека Канабисот е штетен и дека може да му наштети на човековото психо-физичко здравје. Исто така, не постојат доволно докази дека од ова растение се станува зависен. Ние имаме релевантни научни докази кои потврдуваат дека ова растение успешно го лекува ракот! Дури и Американската Влада која многу години наназад поседува патент врз ова растение, призна дека истото е го убива ракот. Проследете ја листата подолу...
Како да си направите КАНАБИСОВО МАСЛО (ЕКСТРАКТ) за лекување на КАНЦЕР:
Потребни се зрели цветови од седативна Индика, 100% медицински алкохол, фритеза или електричен уред за готвење ориз.
ВНИМАВАЈТЕ на издувните гасови!
Документарен филм „Clearing the Smoke: The Science of Cannabis“ со Д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon), кој објаснува како Марихуаната го лекува ракот:
Листа од 42 медицински научни студии кои докажуваат дека Канабисот е успешен лек против рак: