Битката за поседување лиценца за канабисот помеѓу големите компании како Bayer, Monsanto и Scotts Miracle-Gro е сè поголема и сè повеќе расте. Ваквите компании напорно работат со цел да развијат начини за патентирање на ова природно лековито растение. Градинарските и агрохемиски компании исто така сакаат да станат дел од оваа индустрија која расте со неверојатна брзина
Ослободете ја билката... |
Индустријата за канабис е навистина профитабилна за владите на земјите како Колорадо, каде продажбата веќе достигнала една милијарда долари до октомври 2017 година, а се очекува драстично да се зголеми за време на празниците. И ова е само една земја од потенцијалните 50 американски пазари. Медицинските и научните студии покажуваат дека медицинската марихуана драстично влијае врз продажбата на разните фармацевтски лекови и производи. Па така, не само што може да се направат огромни пари од легалниот канабис, туку и фармацевтските гиганти може да изгубат огромни пари. Сепак, ниту една индутрија нема да загуби, впрочем може многу повеќе да добие доколу мудро го преструктурира своето производство и начин на работа и доколку се прилагоди. Легализацијата и декриминализацијата се само уште една причина за појава на нови производи.
...наскоро ќе започнат конференциите на Јамајка! :) |
Неодамнешните истражувања покажаа дека повеќе од половина од луѓето кои се обиделе да се лекуваат со канабидиол (CBD), престанале да ги земаат традиционалните лекови препишани од лекарите како оние за болки и помагала за спиење. „Се чини дека фармацевтската индустрија има повеќе од доволно причини да се плаши од легализацијата на марихуаната“ - вели анализата спроведена од страна на вработените во New Frontier Data, која предвидува дека законската употреба на производи од канабис за заболувања (од хронична болка сè до напади) може да го чини пазарот на модерната медицина околу 4 милијарди долари годишно.
Сè повеќе мали и големи компании се обидуваат да го патентираат канабисот како и производите од канабис. Во неодамнешна статија на оваа тема, списанието Форбс одговори на прашањето дали канабисот може да се патентира или не: „Растенијата може да се патентираат на два начина, преку патентна заштита (како што се 95% од сите патенти) или со посебна категорија на патентна заштита за растенија. Засега во САД постојат многу малку случаи на патентна заштита на растенија. Во моментов постојат две големи компании кои се сметаат за „главни играчи“ во битката за растенијата: Биотехнолошкиот институт фокусиран на растенијата (Лос Анџелес), кој има 3 издадени патенти, како и 2 апликанти кои чекаат, додека пак GW Pharmaceuticals (UK) има две апликации фокусирани на растенијата. GW е позната по тоа што има најголемо портфолио насочено кон канабисот од сите компании во светот и е особено фокусирана на методите за лекување на болестите“.
Автор: Ангела Т.
Извор: Waking Times
Pa... Iako e legalno samo vo nekolku drzavi, se koristi vo sekoja. I toa me raduva mnogu.
ReplyDeleteЌЕ ГО ОСЛОБОДИМЕ ЦЕЛОСНО!!! :)
DeleteОва лето Македонија ќе стане Балкански Амстердам!!!