Showing posts with label истражувања. Show all posts
Showing posts with label истражувања. Show all posts

Tuesday, March 5, 2019

Д-р Боб Меламед е лут што по сите истражувања сè уште не зборуваме дека „Канабисот го третира ракот“

Д-р Боб Меламед (Bob Melamede) е помеѓу истакнатите канабис активисти со докторска диплома по биохемија и молекуларна генетика, a во неговиот персонален компјутер има 13 илјади истражувачки трудови за канабис, од кои 1.000 ја демонстрираат моќта на канабисот против ракот. И токму тоа многу го лути...


Д-р Боб Меламед
Д-р Боб не само што е застапник за легализација на канабисот, туку тој е лидер во индустријата која долго време се држеше под земја и човек со страст за лекување со растенија. Имено, ендоканабиноидниот систем постои во нашите тела со добра причина! Тој вели дека „секогаш сакал да знае што е животот“ и преку таа потрага, ја открил огромната важност на нашиот ендоканабиноиден систем. Д-р Боб зборува за важноста на ендоканабиноидниот систем во неколку наши хомеостатски системи:
  • Кардиоваскуларниот;
  • Мускулите;
  • Системот за варење;
  • Одговори на стрес;
  • И други.

Човекот учи додека е жив!
Тој вели дека ендоканабиноидниот систем е „термостат“ на нашите сопствени тела. Тоа е регулаторен систем кој обезбедува правилно функционирање на нашите тела и реагира на нивната околина на ист начин како што термостатот реагира на околината во нашите домови. Се разбира, нашиот ендоканабиноиден систем создава сопствена верзија на канабиноиди, но може да најдеме дополнителни инпути од растенијата, како што е канабисот. Овие дополнителни инпути имаат широк спектар на документирани здравствени придобивки за луѓето, како што се:

  • Намалување на болката;
  • Намалена анксиозност;
  • Подобрено спиење;
  • И многу, многу повеќе!

Лекот за рак треба да се легализира!
Најважната здравствена корист од канабисот, како што вели д-р Боб е „многу јасна, недвосмислена, способност за убивање на ракот“. И затоа тој е толку изнервиран! Тој е изнервиран затоа што тој може да пристапи, како што тврди, до 12.000-13.000 научни статии во неговиот компјутер, а речиси 1.000 од нив укажуваат на антиканцерогените ефекти на канабисот - а, сепак, владините и фармацевтските компании тврдат дека не постојат доволно истражувања за неговата ефикасност... Она што е уште повеќе вознемирувачко за канабисот е што сè уште е означен како лек од Прилог 1 во САД, што значи дека се претпоставува дека има нула лековитна вредност. 


Понатаму, статусот во Прилог I ги спречува истражувањата за неговата употреба. Како човек со докторска диплома за разбирање како функционира човечкото тело, а исто така и долги години на лично и професионално канабис искуство, тој е изнервиран дека владата не сака да им дозволи на луѓето да се лечат со растение, а ги тера да се лекуваат со токсична хемотерапија. Д-р Боб ги гледа луѓето зад решетки за цел живот, бидејќи тие консумирале билка. И што е најважно, тој ја гледа улогата на канабисот во обезбедувањето на здрави и среќни животи. 

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: RXleaf

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:








Tuesday, November 21, 2017

Обуките за новиот бран на зелени канабис научници се во тек! Наскоро научна расправа за канабис на Правниот факултет!

Канабис науката е во постојан развој и затоа постојат повеќе програми за едукација за да бидеме во тек! На почетокот на оваа учебна година, Универзитетот во Северниот Универзитет во Мичиген (North Michigan University) започна четиригодишна програма за научната област - хемија кај медицинските растенија.

Ние ја дизајниравме програмата со канабис, но пошироко, тоа е за лековити растенија од сите видови“ - вели Марк Паулсен (Mark Paulsen), раководител на одделот за хемија. „Се обидуваме да истакнеме дека го признаваме канабисот како важно лековито растение, но едвај единственото“ - додава тој. Значи, оваа програма треба да им се допадне на многу луѓе кои се заинтересирани за разни традиционални лекови или за алтернативни третмани кои се базираат на растителна основа.

Учениците кои штотуку ја започнаа оваа програма ќе се занимаваат со хемија и биологија на растенијата. Почнувајќи од нивната прва година, тие ќе учествуваат на семинарот за лековити растенија, кадешто надворешните експерти ќе ги запознаат студентите со состојбата во индустријата. Во последната година, студентите ќе дизајнираат и завршат додипломски истражувачки проект. „Ова може да вклучува растење на растителен примерок и извлекување на активните состојки“ - објаснува Паулсен. „Потоа, тие може да работат на соодветни анализи за да ги одредат видовите и количините на соединенијата во примерокот“. Овие примероци можат да се одгледуваат во различни услови за да се види дали тоа влијае на компонентите.


Студентите можат да земат два општи пристапи со цел да ја завршат програмата и да дипломираат. Едниот е првенствено патека на наука и технологија, а другиот се фокусира на претприемништвото, финансиите и маркетингот. „Некои ученици ќе започнат сопствен бизнис“ - вели Паулсен. За студентите кои ја преземаат научната патека, аналитичката хемија ќе направи клучна компонента. „Ќе предаваме и ќе се фокусираме на истите техники што би ги користеле во други контексти“ - дообјаснува тој. Значи, научените техники ќе вклучуваат гасна и течна хроматографија, спектрометрија на маса и разни форми на спектроскопија, вклучувајќи ги и инфрацрвените и ултравиолетовите-видливи.

Студентите исто така ќе бидат обучени да развиваат нови аналитички методи за мерење на специфични соединенија. Наместо само да ги научат теориите зад аналитичките техники, тие исто така ќе научат како да создадат методи за мерење кои произведуваат точни и конзистентни резултати со примероците на растенијата. „Значи, постои важна компонента во однос на развојот на методите“ - забележува Паулсен. Оваа научна програма го привлече вниманието на учениците многу брзо. „Веднаш штом ја споделивме веста“ - посочи Паулсен - „луѓето почнаа да разговараат со нас“. Некои од првите ученици се запишаа и започнаа со програмата веднаш по матурирањето во средните училишта, а други дојдоа од индустријата или од други форми на обука.

Анализи на вашите масла - на Фармацевтски факс!
За да стават студенти од оваа програма во реални ситуации, вработените на факултетот поставуваат искуства надвор од Универзитетот во Северен Мичиген. „Имаше многу интеракции со компаниите и соработуваме со некои, поставувајќи практиканти“ - вели Паулсен. Тој додава: „Очекуваме да се постават некои практиканти следното лето“. 

Да ѝ се ​​даде на индустријата за канабис, како и на другите индустрии базирани на лековити растенија - неопходната работна сила за да работат лаборатории за тестирање и да водат бизниси, мора да се развијат повеќе програми како оваа од Универзитетот во Северен Мичиген. Исто така, овие програми треба да ја земат широката перспектива - од анализа и бизнис до развој и теорија - значи не само од семка до плод. Само тогаш учениците можат да ја научат широчината на вештини потребни за да напредуваат во оваа област. Очекуваме вакви школи наскоро да се појават и на нашиве простори! :)


На 12.12.2017 година со почеток во 12:00 часот на научно-наставничкиот совет при Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, ќе се одржи научна расправа на темата „Легализација на канабис, да или не?“, на која петмина панелисти во состав еден адвокат, еден судија, еден обвинител и двајца професори ќе ги изнесат своите ставови на темата со вклучена интеракција со публиката. Научната расправа е во организација на Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“- Скопје и Здружението на млади кривичари.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Analytical Cannabis

Wednesday, November 1, 2017

Зошто фармацевтската индустрија сака да ја поседува лиценцата за канабисот?

Битката за поседување лиценца за канабисот помеѓу големите компании како Bayer, Monsanto и Scotts Miracle-Gro е сè поголема и сè повеќе расте. Ваквите компании напорно работат со цел да развијат начини за патентирање на ова природно лековито растение. Градинарските и агрохемиски компании исто така сакаат да станат дел од оваа индустрија која расте со неверојатна брзина

Ослободете ја билката...
Индустријата за канабис е навистина профитабилна за владите на земјите како Колорадо, каде продажбата веќе достигнала една милијарда долари до октомври 2017 година, а се очекува драстично да се зголеми за време на празниците. И ова е само една земја од потенцијалните 50 американски пазари. Медицинските и научните студии покажуваат дека медицинската марихуана драстично влијае врз продажбата на разните фармацевтски лекови и производи. Па така, не само што може да се направат огромни пари од легалниот канабис, туку и фармацевтските гиганти може да изгубат огромни пари. Сепак, ниту една индутрија нема да загуби, впрочем може многу повеќе да добие доколу мудро го преструктурира своето производство и начин на работа и доколку се прилагоди. Легализацијата и декриминализацијата се само уште една причина за појава на нови производи.

...наскоро ќе започнат конференциите на Јамајка! :)
Неодамнешните истражувања покажаа дека повеќе од половина од луѓето кои се обиделе да се лекуваат со канабидиол (CBD), престанале да ги земаат традиционалните лекови препишани од лекарите како оние за болки и помагала за спиење. „Се чини дека фармацевтската индустрија има повеќе од доволно причини да се плаши од легализацијата на марихуаната“ - вели анализата спроведена од страна на вработените во New Frontier Data, која предвидува дека  законската употреба на производи од канабис за заболувања (од хронична болка сè до напади) може да го чини пазарот на модерната медицина околу 4 милијарди долари годишно.

Сè повеќе мали и големи компании се обидуваат да го патентираат канабисот како и производите од канабис.  Во неодамнешна статија на оваа тема, списанието Форбс одговори на прашањето дали канабисот може да се патентира или не: „Растенијата може да се патентираат на два начина, преку патентна заштита (како што се 95% од сите патенти) или со посебна категорија на патентна заштита за растенија. Засега во САД постојат многу малку случаи на патентна заштита на растенија. Во моментов постојат две големи компании кои се сметаат за „главни играчи“ во битката за растенијата: Биотехнолошкиот институт фокусиран на растенијата (Лос Анџелес), кој има 3 издадени патенти, како и 2 апликанти кои чекаат, додека пак GW Pharmaceuticals (UK) има две апликации фокусирани на растенијата. GW е позната по тоа што има најголемо портфолио насочено кон канабисот од сите компании во светот и е особено фокусирана на методите за лекување на болестите“.

Автор: Ангела Т.
Извор: Waking Times

Friday, October 6, 2017

Над 100 научни истражувања за лекувањето на секаков вид канцер и во секој стадиум со канабис

Од фановите од Скопје! Лек за деца и големи ;)
Повеќе од 100 дополнителни научни студии кои потврдуваат дека канабисот го убива ракот! 

Пред точно две години објавивме детална листа од 42 научни студии кои потврдуваат дека канабисот успешно го искоренува ракот и тоа секаков вид на рак и во секој стадиум! Сега во продолжение повторно ја објавуваме истата листа, но овој пат ажурирана. Листата сега брои над 100 научни истражувања! Следуваат 106 студии кои докажуваат дека канабисот е природен и безбеден убиец на ракот! Оваа листа секојдневно се проширува :)





* Канабисот ги убива канцерогените клетки:



* Канабисот го убива ракот на матката, тестисите и панкреасот:



* Канабисот го убива ракот на мозокот:



* Канабисот го убива ракот на уста и грло:



* Канабисот го убива ракот на дојка:



* Канабисот го убива ракот на белите дробови:



* Канабисот го убива ракот на простата:



* Канабисот го убива ракот на крв (леукемија): 



* Канабисот го убива ракот на кожата:



*Канабисот го убива ракот на црниот дроб:



* Канабисот лечи канцери (општо):



* Канабисот го убива ракот на главата и вратот:



* Канабисот го убива холангиокарциномот:



* Конкретно како канабисот ја лекува леукемијата:



* Канабисот делумно и целосно предизвикува смрт на канцерогените клетки:



* Канабисот го убива транслокациски позитивниот рабдомиосарком (Translocation-positive rhabdomyosarcoma):



* Канабисот го убива лимфомот:



* Канабисот ги убива клетките на ракот:



* Канабисот го убива меланомот:



* Канабисот го убива карциномот на тироидната жлезда:



* Канабисот го убива ракот на дебелото црево:



* Канабисот убива цревни воспаленија и рак на цревата:



* Канабиноиди во здравјето и болестите:



* Канабисот ја инхибира инвазијата на канцерогените клетки:


Извор: Natural Blaze