Showing posts with label легална. Show all posts
Showing posts with label легална. Show all posts

Sunday, February 3, 2019

Мајк Тајсон развива канабис одморалиште од 40 акри во Калифорнија

Мајк Тајсон е најновата позната личност што влегува на марихуана пазарот што постојано се шири, со амбициозни планови да отвори луксузен центар во Калифорнија, каде што одгледувачите и гостите ќе можат да консумираат канабис во мир. Овој поранешен боксер вели дека почнал да пуши канабис на возраст од 10 години


51-годишниот Тајсон, неодамна објавил дека „канабис одморалиштето“ со површина од 40 акри ќе биде лоцирано во градот Калифорнија, град во пустината Мохаве само два часа надвор од Лос Анџелес. Одморалиштето на Тајсон ќе произведува квалитетни THC и CBD производи, истовремено поддржувајќи ги истражувањата за здравствените придобивки од канабисот. Наводно, одморалиштето ќе посветува 20 хектари земјиште на одгледување на марихуана, овозможувајќи „најпрофесионалните одгледувачи да имаат максимална контрола врз животната средина“. Исто така, ќе има „Култивациска школа на Тајсон“ (Tyson Cultivation School) за да ги обучи одгледувачите да ги усовршат сопствените видови. Како и за посетителите, одморалиштето на Тајсон ќе вклучува фабрика за канабис прехранбени производи (edibles), амфитеатар за забава и премиум кампови и кабини за глампинг. Тајсон се надева дека ќе ја изгради својата сопствена марихуана империја. Во ноември минатата година изјави за Натали Моралес дека планира да развие пијалаци со коноп, масти за мускулните болки и спакувана трева.


Неодамна Тајсон имаше интервју (што можете да го видите подолу) со Џо Роган (друга позната личност која е борец за ослободување на марихуаната). Тајсон му подари на Џо кутија со канабис изненадувања. Тој во интервјуто вели дека користел канабис повеќе од една деценија за да ја олесни својата хронична болка од боксот, да ја третира неговата социјална анксиозност и проблемите со неговата контрола на гнев и билката му помогнала да ги надмине зависностите од тешки дроги.  Тој вели дека тревата е чудотворен лек на иднината: „Ако не пушев, ќе имав лош ден. Јас сум вистински глупав човек без тоа. Тоа ме измазнува, како да сум сосема друга личност. Тоа ме става на врвот од мојата игра. Ми се допаѓа кој сум кога пушам“ - додаде тој. „Без трева не ми се допаѓа кој сум јас понекогаш. Тоа е реално. Не ми се допаѓа тој човек, сакам да се извлечам од тој човек“ - објаснува тој. Тајсон наскоро ќе снима филмска комична серија лесно поврзана со неговите авантури како претприемач за канабис наречена „Rolling With the Punches“. Шоуто ќе има сличен формат како „Curb Your Enthusiasm“ на Лари Дејвид, при што Тајсон ќе игра во улога на самиот себе.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: EbonyThegrowthop

Wednesday, February 14, 2018

Како продавниците на канабис ги подобруваат населените места?

Локалите за продажба на канабис имаат способност да ги подобрат населбите и местата за живеење. Покрај тоа, тие им помагаат на пациентите и на сите оние кои консумираат канабис. За жал, сè уште постојат многубројни дебати за тоа дали на ваквите диспанзери треба да им се даде дозвола за работа? 

Оние кои се залагаат за уништување на канабисот тврдат дека канабисот ги прави населбите полоши места за живеење, но дали е навистина така? Ви претставуваме 3 начини на кои продажбата на канабисот во специјалните диспанзери го подобрува животот во населбите и маалата:


1. Локалите за продажба на канабисот го намалуваат криминалот

Едно истражување направено во 2017 година покажало дека со отварањето на локали кои легално продаваат канабис се намалил и криминалот, а истовремено и се подобрил животот во населбите. Ваквите локали имаат сигурносни системи, имаат обезбедување надвор и внатре во локалот, а вработените брзо реагираат на било каква сомнителна активност. 


2. Локалите за продажба на канабис ги зголемуваат вредностите на станбената сопственост

Индустријата за канабисот има позитивно економско влијание во државите кои легализирале оданочена и регулирана продажба на канабисот. Регулираната продажба на канабисот се очекува да произведува 655 милиони долари во даночни приходи за државите во 2017 година.  
Една важна придобивка од индустријата за канабисот е тоа што станбените објекти лоцирани во близина на локалите за продажба на канабис имаат тенденција да вредат повеќе, отколку оние кои се лоцирани подалеку од нив. 


3. Ваквите локали го намалуваат консумирањето на терапии со опиоиди

САД се сочинува од само 5% од светската популација, а користи 80% од светските опиоиди. Многумина предложиле да се овозможи и олесни пристапот до канабисот како помош. Во едно истражување направено исто така во 2017 година биле споредени третманите со опиоиди во населбите каде што нема локали за продажба на канабисот, со оние каде што постоеле такви локали. Резултатите покажале дека во населените места каде што има вакви локали, употребата на разните конвенционални апчиња како третман била намалена за 20%. Локалите за продажба на канабисот буквално можат да спасат живот.

Луѓето не мораат да користат штетни лекови кои ги прават зависни, доколку не го сакаат тоа. Истражувањата покажале дека голем број од луѓето би го избрале побезбедниот лек, доколку во нивната област на живеење би се отворил ваков локал“ - велат истражувачите.

Автор: Ангела Т.
Извор: Learn Green Flower

Monday, January 22, 2018

Насилниот криминал и убиствата масовно опаѓаат во американските држави кои го легализираа конопот

Противниците на канабисот отсекогаш тврделе дека тој е поврзан со психоза, насилство и грабежи извршени од беспомошни зависници. Но, во американските држави, каде што легализиран канабисот се чини дека е сосем спротивно од тој мит - стапката на насилен криминал насилно се намалува, открива нова студија

Канабисот може да донесе мир во светот, смирува и го намалува насилното однесување. Студијата: „Дали е легалната трева ги ограбува мексиканските организации за трговија со дрога?“, покажа дека насилниот криминал опаднал за 13 отсто на мексиканската граница во државите со медицинска марихуана. Седум наркокартели на наркотици досега - во голема мера ја контролираа трговијата со марихуана, која е најпрофитабилна супстанца која се шверцувала во Америка, објави Guardian. Но, сега, локалните земјоделци произведуваат трева во самата Америка - што значи дека картелите имаат помалку бизнис и помалку причина да извршат насилство.


Авторот на студијата, Евелина Гаврилова (Evelina Gavrilova), рече: „Овие закони им дозволуваат на локалните земјоделци да растат марихуана, која потоа може да се продаде на диспанзерите каде што се продава легално. Овие одгледувачи се во директна конкуренција со мексикански нарко картели кои шверцуваат марихуана во САД. Како резултат на тоа, картелите добиваат многу помалку бизнис“.


Истражувачите ги анализирале извештаите на ФБИ и утврдиле дека грабежите опаднале за 19 отсто во држави со медицинска марихуана, стапката на убиства е намалено за 10 отсто, а убиствата поврзани со трговијата со дрога опаднале за 41 отсто. Гаврилова додаде: „Кога ефектот врз криминалот е толку значаен, очигледно е подобро да се регулира марихуаната и да им се дозволи на луѓето да плаќаат даноци наместо тоа да биде нелегално. За мене тоа не е прилично очекувано дека треба да биде легално и треба да се регулира, а приносите одат во Трезорот“ - заклучува таа.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Metro.co.uk