Многу одамна пред забраната, пред многу луѓе дури и да знаат дека канабисот постои, научниците морале да го класифицираат и категоризираат ботанички, што само потврдува дека е (не)вообичаена билка. Описите и примероците од овој временски период генерално не се забележани од јавноста, па проверете ги овие стари примероци и описи на нашето омилено растение собрани од страна на храбрите истражувачи
Навраќајќи се назад во историјата, веројатно првиот ботанички опис на растението сега познато како канабис, се појавил во книгата наречена „Хортус Малабарикус“ (Hortus Malabaricus). Оваа масовна компилација првпат излезе во 1678 година во Амстердам и дава описи и цртежи на 780 лековити растенија од холандската територија Малабар. Во книгата се наведува неговата употреба како извор на влакна и исхрана, како и неговите лековити својства, па дури и е спомнната практиката на пушење. Во книгата, растението било наречено Kalengi-Cansjava или Tsjeru-Canjava.
Името канабис
Најпознат по своите детални илустрации, Хортус Малабарикус не разочарува со цртежите на Kalengi-Cansjava и Tsjeru-cansjava, но за жал уметникот не го доловува растението за време на цветањето. Текстот, напишан на латински, ја опишува анатомската градба на растението, неговата употреба за влакна и семе, неговата употреба како лек, па дури и референци дека се користел за пушење. Името потекнува од домородниот јазик Malayalam од регионот Малабар во Индија, сега познат како Керала.
Подоцна создавачот на современата таксономија, Карл Линеус (Carl Linnaeus), го развил системот на именување, рангирање и класифицирање на организми во 1753 година, кои сè уште ги користиме денес. Тој за прв пат објавил записи во кои се спомнува денешното име на оваа билка - канабис сатива. Зборот „канабис“ (Cannabis) потекнува од грчкиот збор Kannabis, а „сатива“ - ботанички термин што значи култивиран. Тој користел диви примероци на канабис од неговата родна Шведска, од кои два се сочувани во Линнеанскиот хербариум.
Current Name: Cannabis sativa Linnaeus |
Сликата од десната страна има статус на лектотип, што значи дека тоа е дефинитивен пример за видот на Cannabis sativa, L. Карл Линеус (Carl Linnaeus) го напиша следново во својата книга Species Plantarum: „Живеење во Индија“ (Habitat in India). Илустрацијата на канабис во Хортус Малабарикус го натера да верува дека родот потекнува од Далечниот Исток.
Иако тој набројал многу различни имиња за растението, Линеус кажал дека родот канабис се состои само од еден вид: канабис сатива. Другите ботаничари и научници низ вековите сметаат дека родот има повеќе од еден вид, но дефиницијата на Линеус, никогаш не е официјално изменета. Различните видови канабис се технички подвидови на cannabis sativa.
Диверзификација на видот
Системот за класификација на Линеус дефинирал само еден вид на растението, со неколку подврсти според регионот, но со текот на годините, научниците додале и одземале други видови, подвидови и сорти од родот врз основа на регионот и други карактеристики, но современите научници генерално користат класификација на само три генерални подвидови: Индика, сатива и рудералис. Хибриди се видови создадени со вкрстување на овие три.
Првиот научник кој ја направил поделбата на канабисот на два подвида бил Жан-Бабтист Ламарк (Jean-Babtiste Lamarck), во неговата Encyclopédie méthodique: botanique објавена во 1783 година. Таму е даден неговиот општ опис на видот канабис, а потоа и детален опис на разликите кај европската канабис сатива и индиската канабис индика или „Chanvre cultivé, Cannabis Sativa“ и „Chanvre des Indes, Cannabis Indica“.
Автор: К. К.
Извор: High Times, HERB
No comments:
Post a Comment