Showing posts with label врсти. Show all posts
Showing posts with label врсти. Show all posts

Thursday, August 2, 2018

10 врсти канабис со најмногу Тетрахидроканабинол - ТХЦ!

За оние кои често и долго конзумираат канабис, важно е да знаат која врста има најмногу ТНС. Барате таква марихуана за да го добиеме потребното опуштање, доживување или пак, барате врста од која ќе направите екстрапотентен екстракт за лекување на сериозните дијагнози како канцери или МС? На блогов веќе имаме зборувано за најпотентните канабисврсти со најмногу ТХЦ, а сега следува ажурирање на истата листа:


UK Cheese
10. UK Cheese

Овој вид е класичен и потентен хибрид. Познат по неговиот остар мирис на сирење, за многумина е најјаката марихуана која ја пушеле. Оваа класична марихуана со нејзините еуфорични ефекти, ментална стимулуација и хај на целото тело претставува 20% ТНС.


9. Death Star

Ова е хибрид во кој доминира индиката со многу силна блага, земјена и вкусна арома. Неговиот хај е толку потентен што премногу те опушта и поради тоа се препорачува после работа, пред спиење или за ослободување од анксиозност и болка. Содржи 20% ТНС. 


LA Confidential
8. LA Confidential

Оваа врста се претвора во легендарна врста во Јужна Калифорнија со добра причина. Претставува хибрид во кој доминира индиката и има сладок боров вкус со класична арома од марихуана, но повеќе е позната по изгледот на туфките. Имено овие бебенца се полни со боја и прекриени со густи и смрзнати трихоми. Ефектот е силен, смирувачки и одличен избор за пред заспивање.


7. White Fire OG (WiFi OG)


Оваа врста канабис има енергетски и ментални ефекти што го прават одличен избор за во текот на денот или за пред излегување. Има вкусен земјен мирис и го користат пациентите со рак, глауком, анксиозност и депресија. Она што го издвојува, секако е неговата содржина на ТНС - меѓу 22% и 30%. 


Ghost Train Haze
6. Ghost Train Haze

За оваа врста е кажано дека е една од најјаките врсти на планетава! Хибрид во кој доминира сативата со 23-28% ТНС. Плус, има вонземски пријатна арома со цветни и цитрусни ноти. Хајот е еуфоричен и воздигнувачки, посебно по помали дози. Од медицински аспект, лекува болки, депресија и проблеми со стомакот.


5. Chemdawg

Овој хибрид има остар и уникатен мирис кој ја навлажнува устата. Иако хајот е воздигнувачки, за телото е многу јак. Одличен е за опуштање, а луѓето го користат и за мигрени, болка, депресија, стрес, ПМС, артритис и за зголемување на апетит.


Ghost OG
4. Strawberry Banana

Ова е хибрид во кој доминира индиката и е познат по овошните вкусови. Ефектот е супер опуштачки, еуфоричен и влече на смеа. Ја зголемува креативноста, помага при гастроинтестинални проблеми како гадење и Кронова болест.


3. Ghost OG

Овој моќен хибрид претставува 30% ТНС. Во него доминира индика, што значи дека делува смирувачки, ублажува болка, депресија и стрес. Со остар и цитрусен мирис предизвикува еуфорични ментални ефекти.


Chiquita Banana
2. Chiquita Banana

Ако дилерот не знае која марихуана има најмногу ТНС, прашај го за Чикита Банана, бидејќи содржи 33% ТНС што предизвикува силен хај погоден за кога одиш на концерт или пуштање на креативната енергија пропратен со неговата тропска арома.


1. Moon Rocks or Caviar

Иако ќе ви звучи вчудоневидувачки, но кога станува збор за марихуана најбогата со ТНС не станува збор за врста, тука за цветови од канабис натопени со хашиш и покриени со киф. „Месечевите карпи“ имаат вонсериски премногу ТНС за хиперлековито откачување! :D




ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Кои се едни од најпотентните врсти канабис со повеќе THC?

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

Што е подобро за справување со болките: THC или CBD?

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Состојката од канабисот THC претставува недостасувачко парче во загатката при лекување на епилептични деца


Извор: HERB

Sunday, April 22, 2018

Кои се едни од најпотентните врсти канабис со повеќе THC?

Корисниците постојано нѐ прашуваат кои видови се појаки и додека тоа зависи од различни фактори од техники на одгледување до фенотипски варијации, тимот на Leafly состави листа на видови кои имаат тенденција да предизвикаат потентни еуфорични ефекти, благодарение на силната генетика и селективното одгледување


Барате потентни врсти на канабис со многу тетрахидроканабинол, кои ќе ја предизвикаат вашата толеранција или ќе стават крај на сериозни медицински проблеки, како ракот? Додека ТХЦ е главен двигател на потентноста, важно е да се разбере важната улога на терпените за подобрување и обликување на јачината на видот. Терпените како мирен, линалол и лимонен се однесуваат на ароматични соединенија кои му даваат на канабисот уникатен спектар на мириси, а каннабисот со богатство и од терпени и од активната состојка ТХЦ, често дава поубаво искуство и е многу подобар лек од врстите кои немаат голема разновидност во составот на активните состојки.


Избор на најсилните видови на канабис

Подолу се прикажани средните THC нивоа на неколку видови на канабис вклучени во оваа листа. Имајте во предвид дека тие ја претставуваат нивната просечна моќност во неколку лаборатории за тестирање; вие несомнено ќе се среќавате со примероци со повисоки или пониски нивоа на ТХЦ во личното испитување на врстата, затоа што ниту едни две билки дури и од иста врста, неможе да имаат идентичен канабиноиден профил (поради многу фактори).



GSC (Girl Scout Cookies)

GSC помина на патот по скалата на слава во последниве години и не е тешко да се види зошто? Генетиката во овој хибрид е силна, со содржина на THC која со редовно тестирање дава над 20%. Очекувајте бран на блажена еуфорија која со часови го одржува и умот и телото со топла релаксација.


Kosher Kush

Кошер Куш прв го благослови светот со своето присуство во 2010 година и оттогаш ги добива наградите за Cannabis Cup. Неговата генетска позадина може да биде мистерија, но чуварите на оваа индика во DNA Genetics го рафинирале шампионскиот напор кој постојано крши 20% THC. Завиткана во дебела прекривка од кристална смола од трихомите, нема потреба од поблизок поглед за да се види дека оваа смирувачка индика не е најдобар избор за почетниците.


Ghost OG

Криејќи се во бела наметка од кристална смола, Ghost OG е врста која се одгледува за нејзината висока октанска еуфорија. Решена да биде отсечена од оригиналната О.Г. Куш, моќта на Ghost OG е озвучена со симфонија на терпени кои го поттикнуваат моќниот THC наплив на овој вид. Пронајдете удобно место и подгответе се да бидете обземени од моќна, еуфорична струја совршена за релаксирање.


Bruce Banner

Брус Банер е вид соодветно именуван по алтер егото на Халк, е тежок хибрид со неверојатна содржина на THC. Номиниран најпотентна врста во 2014 година од страна на High Times по победата во 2013 година на Denver Cannabis Cup, Брус Банер оттогаш се издвои со репутацијата. Со помош на OG Kush и Strawberry Diesel генетика, Брус Банер обезбедува растреперувачки удар од еуфорија која го закотвува вашето тело со длабока релаксација.


Ghost Train Haze

Во последните неколку години, лидерите на Cannabis Cup забележаа нова ѕвезда што расте: енергична сатива, позната како Ghost Train Haze. Оваа врста е вкрстена од Rare Dankness Seeds, имаше највисока содржина на THC во Cannabis Cup 2011, со јачина од 25,5% THC. Наследувајќи ја генетиката од Ghost OG и Wreck of Neville, потентноста на оваа сатива нуди удар на еуфорична енергија која оди директно во главата, хранејќи го фокусот и креативноста.


Chemdawg

Chemdawg е класична врста со незаборавна моќ. Зрелиот мирис на acrid гориво, Chemdawg обезбедува незаборавен профил на вкус, заедно со својата возбудлива еуфорија, поттикнувајќи креативност заедно со цврсто намалување на стресот.


GG4 (Gorilla Glue #4)

GG4 е именувана вака поради лепливоста на нејзините смолести туфки и овој хибрид навистина го отсликува своето име. Не е ретко за GG4 да погоди од средните до горните 20% во анализата на потенцијалот и таа доби повеќе награди за Cannabis Cup за да го поткрепи тоа тврдење. Овој хибрид ќе ве залепи како горила за каучот со зашеметено задоволство.


The White

Вид именуван по белата кристална смола која ги покрива нејзините цветови, The White стана благослов за одгледувачите кои сакаат да ја подобрат јачината на нивната генетика. Рутинските тестирања даваат помеѓу 20-28% THC, оваа врста обезбедува дезориентиран метеж на еуфоричен делириум кој заповеда релаксација.


Death Star

Со профилот на ТХЦ кој обично танцува меѓу 20-24%, Death Star сигурно ќе предизвика многу еуфорија. Користејќи ги своите големи психоактивни сили, овој Sensi Star и Sour Diesel хибрид ви наредува да се разладите, бидејќи наметнува силно еуфорични и седативни ефекти.


White Fire OG

Овој вид роден е од The White и Fire OG, детето White Fire OG (исто така познато како WiFi OG) е сила со која не треба да се занемарува. Податоците од тестирање го покажуваат импресивниот THC потенцијал на овој хибрид, при што просечните нивоа паѓаат помеѓу 22-29%. Неговите возбудливи ефекти го отвораат вашето расположение кон облаците, зголемено чувство кое ќе ја разниша креативноста и среќата.


* * *

Еве неколку други појаки врсти, кои можеби наскоро ќе се продаваат во аптеките и специјалните диспанзери и кај нас во Република Македонија:

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Friday, December 29, 2017

Сте слушнале ли дека постојат врсти на црн канабис?

Како последен текст од оваа серија посветена на боите на канабисот, покрај розевиот и белиот, ви го претставуваме црниот канабис! Која е причината за постоењето на црн канабис? Зошто некои растенија потемнуваат? Промената на боите кај растенијата најчесто се случува поради климата

Црн канабис
Канабисот кој  расте на топла, медитеранска клима, најчесто е светло зелен. Растенијата кои растат на посвежа клима, започнуваат да создаваат соединенија кои ги претвораат во виолетови. Ваквото соединение се нарекува антоцијанин, а за растението претставува нешто како природен антифриз, како кај розевиот канабис.  Овој антифриз му помага на растението да ја задржи водата која бега од листовите бидејќи формира кристалчиња од мраз помеѓу клетките на листовите.  Со други зборови, на колку поладна клима ќе расте растението, толку повеќе антоцијанин ќе произведува.


Антоцијанинот се произведува повеќе кај растението и во случај кога тоа е премногу суво. Всушност, канабисот произведува повеќе антоцијанин кога растението е изложено на некаков стрес. Оттаму, можеме да заклучиме дека создавањето на повеќе антоцијанин  кај растенијата е карактеристика која им помага за подобро да се прилагодат на околината и да преживеат во одредена околина. Генетиката е уште еден важен фактор за постоењето на црниот канабис.

Генетиката и животната средина се во постојана интеракција за да ја регулираат бојата на растенијата. Студената клима го поттикнува создавањето на антоцијанин кај растенијата, но сепак, некои растенија полесно го создаваат ова соединение за разлика од други. Теоријата за ова е дека некои видови на канабис имаат рецесивен фенотип кој им овозможува полесно да ја претворат гликозата во антоцијанин.


7 познати видови на канабис со црни карактеритики:

The Black
Vietnamese Black
Black Domina
Black Diesel
Black Widow
Black Jack
Black Mamba

Сакате да пораснете свое црно канабис растение?

Доколку сакате да одгледате свое растение кое ќе порасне црно, започнете со тоа што ќе пронајдете одреден вид на канабис со црни карактеристики. Изложувајте го на интензивна светлина, а средината во која треба да расте одржувајте ја свежа. И секако, не претерувајте со премногу вода. Не заборавајте дека секоја марихуана има лековити својства без разлика на бојата, мирисот и вкусот.


Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Monday, December 25, 2017

Дознајте повеќе за актуелниот „Open Cannabis Project“ за заштита на биодиверзитетот на оваа билка

Отворениот канабис проект (The Open Cannabis Project - OCP) е истражувачки проект со непрофитна цел предводен од општеството, со едноставна мисија: да се одбрани богатството и разновидноста на канабисот од претераните патенти! Да помогнеме со класификацијата на врстите на канабис за заштита на биодиверзитетот

https://opencannabisproject.org/
Децениите на внимателно раководење и вкрстување на врстите го направија канабисот една од најразновидните и најинтересните растенија во светот. Растечкиот бран на легализација и конкуренцијата на интелектуалната сопственост што доаѓа со неа - може да имаат ненамерни последици од стеснување и ограничување на различноста на оваа билка. OCP гради транспарентен и отворен извор со складиште од податоци за канабис коишто еден ден ќе прераснат во архивски запис на сите постоечки вариетети на канабис. Ова помага тие да останат достапни за сите, неограничени со комерцијализацијата или патентирањето, слободни за секој да си расте и продава.

Канабисот е во опасност да оди по патот по кој одеа и другите земјоделски култури: кон монокултура, централизација и рестриктивно патентирање. Отворениот канабис проект (OCP) беше основан од лидерите во индустријата, да се спротивстават на овие сили и да ја заштитат генетската разновидност на билката канабис, како и економската разновидност на канабис индустријата. „Како колективен доказ за претходната уметност, базата на податоци на OCP и нашата препорака за јавна документација за канабис ќе помогне во одржувањето на канабис сортите каде што припаѓаат: во јавен домен, бесплатно за секој да одгледува/вкрстува и да расте“ - пишува на страницата на OCP.

Канцеларијата на САД за патенти и трговски марки (US Patent and Trademark Office - USPTO) започна со доделување патенти за сортите на канабис. Земјоделските патенти генерално се лоши за животната средина, за земјоделците и за иднината на самите култури. За канабисот и одгледувачите, тие се катастрофа! Првите патенти за канабис издадени од USPTO се вид на преголема широка патентна заштита која ги убива иновациите, наместо да ги поттикнува! 

Тие се викаат патенти за користење и тие не ги опфаќаат сединечните сорти: покриваат огромни категории на канабис. Што значи дека само неколку такви патенти потенцијално би можеле да го затворат целиот канабис. USPTO не може законски да додели патенти што ќе ги покриваат постојните сорти - но мора да има доказ дека тие постојат. „Ние можеме да го блокираме овој процес со обезбедување на овој доказ: документирање на генетски и хемовар податоци за сите видови на канабис кои постојат во денешно време“ - истакнуваат основачите на овој проект.


Ова се нивните вредности:


1. Отвореност и транспарентност

Ние веруваме дека транспарентното и неограничено споделување на информации е клучно за заштита на биодиверзитетот на канабисот. Наша должност е да создадеме отворен дијалог и да се спротивставиме на секој пристап кој ја задушува соработката или му штети на биодиверзитетот.

2. Инклузивност

Ние веруваме дека културно и економски разновидната канабис индустрија е од клучно значење за да се осигураме дека ќе го отвориме целосниот потенцијал на оваа уникатна билка. Луѓето не се монокултура, ниту, пак е канабисот.

Да го заштитиме канабис биодиверзитетот!
3. Иновации

Храброста и немилосрдната љубопитност на единствена група луѓе денес помогна во обликување на нашата врска со канабисот и ќе се бориме за законска рамка која го поттикнува овој дух на иновации.

4. Практики базирани на докази

Неопходно е да се земе информиран, научен пристап кон проучувањето на колку што е можно повеќе видови на канабис. Ние се залагаме за овој пристап кај научниците, одгледувачите, земјоделците, пациентите и медицинските професионалци.


На OCP им е потребна твојата помош! 

Отворениот канабис проект е во потрага по вистинските луѓе коишто ќе им помогнат во нивните напори при создавањето на канабис базата на податоци. Можете да дознаете повеќе на овој линк. „Ни требаат доброволци, програмери, одгледувачи, научници за податоци, адвокати и лаборатории за да ни помогнете да се собере и заштити разновидноста на канабисот. Можете ли да помогнете? Вклучете се! Направете донација или контактирајте нè преку формуларот подолу“ - пишува на веб-страницата на OCP.

Автор: MoniQue Konopova

Wednesday, August 2, 2017

Разлики помеѓу ИНДИКА и САТИВА врсти на канабис

Сативите се препорачуваат за дневна употреба - еуфоричен ефект
Индиките се препорачуваат за ноќна употреба - седативен ефект

Сативите се препорачуваат за дневна употреба, затоа што даваат еуфоричен ефект. Индиките се препорачуваат за ноќна употреба, затоа што даваат седативен ефект. Екстрактите за лекување канцер и други посериозни состојби, пожелно е да се прават од (две или повеќе) индика врсти со многу THC со цел пациентот да СПИЕ додека се лекува, особено на почетокот на лекувањето. Еве ги главните сличности и разлики помеѓу трите семејства канабис и како да ги распознавате ;)



Почувствувајте ја енергетизирачката моќ на сатива врстите, но и седативната моќ на индика врстите. Сатива за преку ден - за будење, а Индика за навечер - за заспиење. Листот на сативата и индиката се разликуваат. Сативата има потесни вентилатори, индиката пошироки вентилатори, а хибридите се комбинација од примарните три врсти.
















Thursday, February 23, 2017

Што е подобро за справување со болките: THC или CBD?

Cannatonic
Многу научни студии до сега потврдуваат дека канабисот е ефикасен при третманот на болките и побезбеден од опијатите


Како што се развива канабис индустријата, од сите нови врсти и производи што се нудат на пазарот, како да се одберат најдобрите и соодветните за вашите потреби? Многу од пациентите треба да поминат период на експериментирање се` додека не ги откријат најсоодветните врсти канабис за нив. Кога станува збор за болката, одредени врсти до сега се покажаа како поефикасни од други. Иако секоја индивидуа реагира на канабисот различно, овие врсти до сега се најкористени за справувањето со болките:
Sour-Tsunami
Но, кој канабиноид е подобар за третирањето на болките? THC или CBD? Одговорот е двата, т.е. сите канабиноиди се потребни, затоа што секој од нив има своја функција во лекувањето и во одржувањето на благосостојбата на организмот. Секоја состојка има својства за справување со болката, тетрахидроканабинолот (THC) и канабидиолот (CBD) најдобро функционираат заедно синергично. 


CBD-Critical-Cure
Многу од пациентите ги преферираат врстите со висок процент на ЦБД за ослободување од болката предизвикана од спастичност и грчеви. Воопшто не е невообичаено да се слушне дека и врстите со висок процент на THC, како и оние со висок процент на ЦБД успешно ги намалуваат болките. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека најдобри врсти на канабис за справување со болките се оние со големи количини на двете соединенија, па затоа канабиноидите не е многу ефективно доколку се користат изолирани.


Harlequin
Не само ТХЦ и ЦБД функционираат интерактивно и взаемно во справувањето со болката, туку и состојките наречени терпини, т.е. ароматични молекули што се наоѓаат во смолестите жлезди од билката канабис и имаат своја улога во лекувањето на болките. Истражувањата покажаа дека следниве канабиноиди исто така имаат аналгетски својства:
Critical-Mass
За некои луѓе врстите со висок процент на ТХЦ може да се поефикасни и тие сметаат дека хајот им помага да заборават на болката и да се фокусираат на нешто друго. Од друга страна пак, врстите со висок процент на ЦБД може да помогнат во намалување на воспаленијата и да го подобрат расположението, што исто така ја подобрува способноста за справување со болките. Седативните индики се најпопупарни кај пациентите за третирање на хроничните болки. Сатива врстите најчесто се препорачувани за дневна употреба и вообичаено се користат за лекување на невропатски болки и хронични главоболки. Сепак, се` е субјективно.


Afghan-Kush
Постојат над 100 канабиноиди во растението канабис. Децениите забрани за научните студии значат дека научниците самошто започнаа да ги проучуваат својствата на ова растение. Израел ја предводи играта за истражувањето на канабисот од 1970 година. Некои пациенти во САД, на пример во Канада веќе можат легално да користат фармацевтски лекови на база на канабис за третирањето на болките, како што е на пример Сативексот.

Извор: HERB
Напишала: MoniQue Konopova

Cannabigerol (CBG) - уште еден корисен канабиноид!