Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
За да си ја олесмите уште повеќе работата Ви предлагаме совет од еден пациент! Еве како тој си ги подготвува неговите канабис супозитории. Слушајте паталци, а не гаталци!
„Јас лично го испробав и одлично функционира, да си земете од аптека чепчина од кантарион, истите со помош на загреан предмет со дијаметер приближно 3-4 мм од задната страна треба да направите отвор со длабочина од 1 - 1,5 см и во него треба да ја ставите потребната количина на канабисово масло и потоа отворот да го затворите со кокосово масло (или какао путер). Вака припременото чепче ставете го во замрзнувач да отстои неколку часа, по што е спремно, многу едноставно за да го примените! Ви посакувам успешно лекување!“ - изјавува Љубен Бришкоски.
Во прилог ја објавуваме новата ШЕМА ЗА ПОЛЕСНО ДОЗИРАЊЕ КАНАБИС СУПОЗИТОРИИ за пациенти со канцери и други посериозни дијагнози, којашто нашиот трудољубив тим ја подготви за вас. Чепчињата се подготвуваат со кокосово масло или какао путер од продавница за здрава храна со домашно подготвено full extract масло од канабис. Калапите може да ги купите во аптека. СПОДЕЛИ! <3
Водениот кјуринг е брз начин за лекување на туфките по сушењето, но со сосем поинаков пристап
Воден кјуринг се употребува на пример за врсти како Super Skunk, односно врсти со понепријатен вкус. Имајте доверба во оние цветови кои поминале воден кјуринг само од искусни одгледувачи, затоа што некои може оваа техника да ја употребат за да ја прикријат мувлата кај скапаните туфки.
Поентата на водениот кјуринг е наместо по пат на природните процеси на разложување на хлорофилот, нутритивните елементи и шеќери (кои доколку останат во туфките - предизвикуваат груб чад, а поради тоа потешко се пуши), вие ги разложувате во вода. Бидејќи канабиноидните состојки на база на масти нема да се разложат во вода, овој процес во тревката го остава само она што го барате.
Позитивната страна на овој обратен начин на кјуринг е тоа што е многу побрз и дава екстремно мазен чад. Искусните одгледувачи кои ја практикуваат оваа техника тврдат дека чадот од марихуаната која поминала низ воден кјуринг мириса многу поубаво од вообичаено кога е запалена. Недостатокот на оваа техника е што водено „излечената“ трева потешко поминува на пазарот, затоа што цветовите не изгледаат баш најубаво, губат на мирис и на тежина! Но, сепак, како што се губи тежината (волуменот), се зголемува потентноста на канабисот (лековитите состојки се поконцентрирани во цветовите со воден кјуринг). Друга негативна страна е што тревата мора по втор пат да се суши!
Како изгледа водениот кјуринг?
Едноставно ставете ги пупките во водонепропустна тегла и пополнете ја до крај со чиста, ладна вода од обратна осмоза. Ако туфките пловат на површина, потопете ги. Менувајте ја водата најмалку еднаш дневно, по можност два пати на ден околу 5 дена. Потоа отстранете ја водата и исушете ги туфките. Внимавајте убаво да ја исушите тревата, затоа што може да се појави мувла! Се препорачува сушење во сушара и редовно ротирање на цветовите по овој кјуринг. Целиот процес трае околу 10-12 дена.
Кјурингот завршува две примарни задачи на молекуларно ниво: намалување на количеството на хлорофил во цветовите, но исто така разложување на шеќерите. Овие две цели заради кои примарно се извршува кјурингот, истовремено даваат значително помазен чад кога цветовите се пушат. Туфките стануваат попотентни (помоќни), со тоа и полековити, подолго се задржуваат лековитите состојки, се задржува убавата боја на цветот, трихомчињата целосно созреваат, а цветовите со кјурингот добиваат многу поубава арома којашто се задржува многу подолго, ако понатаму канабисот се чува соодветно (во затворени стаклени тегли на пример, на суво, ладно и темно место, може и во ладилник/замрзнувач). Редукцијата на хлорофилот ја отстранува аромата и вкусот на сено и свежо косена трева. Билката што кај пушачите дава вкус на искосен тревник, едноставно треба да помине низ процесот „кјуринг“
Лист за впивање на влажноста
Кјурингот е процес на „подобрување“ на правилно исушените цветови од канабис и овозможување со тоа хлорофилот и шеќерите во него да се разложат и ослободат, со цел да се подобри аромата, вкусот, бојата и потентноста. Отстранувањето на шеќерите за време на кјурингот ја зголемува мазноста за време на пушењето, за повеќе уживање, за подобар лек. Туфките кои не поминале низ кјуринг, најчесто знаат да предизвикаат непотребно кашлање и може да ги насолзат очите, едноставно да предизвикаат моментанла состојба што наликува на алергиска реакција. Оваа моментална реакција е предизвикана токму поради присуството на хлорофил и шеќери во туфките. Со цел ова да се избегне тревата значи не само што треба да е правилно одгледана, правилно исушена, туку и правилно „излечена“ (cured). Искусните одгледувачи од порталот Mass Roots сметаат дека канабисот што поминал „кјуринг“ е помалку веројатно да предизвика моментална анксиозност и главоболка, особено кај еуфоричните сатива врсти.
Оптималното ниво на влажност за кјуринг зависи многу од природата и густината на цветовите што ќе бидат „лекувани“ и таа треба да биде околу 45-55%. Температурите под 18°C (65 F) не се препорачани, поради тоа што тие драстично го успоруваат сушењето и процесот кјуринг. Температурите од 18-24°C (65-75 F) се најдобри за кјуринг. Оваа многу важна последна фаза од култивацијата значително ја подобрува аромата од терпините и вкусот на секоја врста канабис. Кјурингот исто така ги намалува шансите од појава на мувла во цветовите, особено кај густите индика туфки. Со оглед на тоа што цената на канабисот на црниот пазар сè уште не е пристапна за сечиј џеб, а исто така пристапот до квалитетен цвет е ограничен поради забраната, овој едноставен (бесплатен) процес за подобрување на квалитетот на вашиот лековит цвет е од суштинско значење!
Одгледувањето канабис вклучува четири различни стадиуми:
1. Вегетација
2. Цветање
3. Сушење
4. Кјуринг
Црниот пазар врши притисок врз одгледувачите да го игнорираат овој четврт толку значаен процес и да го пуштаат својот производ на пазарот „неизлечен“ со цел да обезбедат брз профит и поради тоа што на црниот пазар нема контрола на квалитет на финалниот производ. Буквално кажано, она што се случува е како да купувате „нестасано вино“...
Како правилно се одвива кјурингот?
Кјурингот е од суштинско значење!
Откако цветовите се правилно исушени, кјурингот може да започне! Одредувањето на соодветното ниво на влажност може да се спроведе со употреба на „snap“ тест. Ако стебленцата и гранчињата од туфчињата се свиткаат и се доволно суви за да се скршат, без меко да се свиткаат, цветчињата се спремни за кјуринг. Кјурингот не бара поседување на скапа и комплицирана опрема. Сè што е потребно е стандардна голема тегла којашто убаво херметички се затвора или сличен сад што може да се затвори и кој ќе се чува на темно место. Овој процес во просек одзема грубо кажано од две недели до два месеци! Различни канабис врсти може да бараат малку различни услови и периоди за кјуринг.
Во основа, колку е подолг кјурингот, толку е подобра аромата и зголемена е потентноста на цветот и цветот е повкусен при консумирање. Откако ќе ги сместите исушените цветови во тегли, отварајте ја теглата секој ден за да обезбедите циркулација на воздухот помеѓу цветовите и за да им дозволите да „дишат“. Оваа постапка некои одгледувачи сметаат дека треба да се прави еднаш дневно - да се отвори теглата и да се изложи на чист воздух за околу 15 минути. Ова овозможува хлорофилот и шеќерите што се ослободиле да избегаат од теглата со отворањето на капакот и ова го поттикнува распаѓањето на овие непотребни сосотојки.
Некои одгледувачи препорачуваат теглите за кјуринг да се отвараат на секои два-три дена и да се оставаат отворени за околу 1-3 часа. Без разлика која шема ќе ја примените, она што е важно е дека теглите треба да се отвараат на редовна основа (процесот мора да биде непрекинат и континуиран до крајот) и воздухот да се овозможи да циркулира краток период. Самите уверете се која е разликата кога пушите цвет кој не бил соодветно или воопшто „излечен“ и цвет кој бил долго време на кјуринг. Екстрактите исто така ќе ви бидат подобри, доколку ги правите од почетен материјал кој е правилно исушен и излечен.
Ако по првата проба на цветот се чувствува мирис на амонијак, тоа сигнализира дека билката не е комплетно исушена. Ако ова се случи, тревата треба да се доисуши и потоа да ѝ се направи curing. Како што кјурингот продолжува, при самиот крај не мора толку често да ги отворате теглите. На крајот на процесот, ако теглата може да се чува затворена за период од една до две недели и кога е отворена, не обезбедува мирис на амонијак или хлорофил, лекот е подготвен за консумирање. Некои одгледувачи експериментираат со периодите на кјуринг, па има дури и такви кои сметаат дека кјурингот треба да трае две години, тврдејќи дека тоа резултира со екстремно мазен чад кој има подобрена потентност и канабиноиден и терпински профил што нуди поголема медицинска ефикасност и/или зголемен психоактивен ефект, а исто така цветовите поубаво согоруваат кога се пушат.
Дополнителни совети за правилен кјуринг
Добро чувана лево
УВ светлото ги уништува цветовите, поради тоа многумина ги обложуваат теглите со нешто темно по боја. На порталот HERB велат дека влажноста во теглите треба да биде точно 60-65% и препорачуваат кога го правите „снап тестот“ цветовите да не се пресушени и целосно кршливи на допир, туку поголемите стебленца од туфчињата уште да може да се виткаат. Вие ќе одредите како е најдобро за вас и за досушување на цветовите пред и за време на кјурингот некои ставаат лист хартија за впивање на влажноста. Секојдневно проверувајте ги туфките, отварајте ги теглите на 10 минути за да ја излуфтирате влажноста. Кјурингот значи се извршува со цел полека да се извлече влажноста од центарот на цветовите.
„За добар кјуринг треба да издржите минимум 2 месеца, за канабисот убаво да се исуши и да не ја изгуби свежината. Вака се добива на јачина и треба теглите да се отвараат редовно, бар преку два дена и тоа по 10-15 минути. Да се отстрани и не дозволи влагата, т.е. да не се спури теглата! Затоа се суши минимум 5-7 дена во сушара пред да се стави во тегли, баш кога гранчињата ќе се кршливи, тогаш е спремно за кјуринг. Секако треба провев и темно место со температура околу 15-20°C“ - додаваат од порталот Џоинт МК - Канабисот Е ЛЕК.
Запомнете: „Најбавите туфки се на другата страна од стравот!“ ;) - поздрав од авторот и уредник на овој портал, основач и лидер на движењето за целосно ослободување на канабисот во Република Македонија 420macedonia. Сподели го овој текст! ТИ СИ ПРОМЕНАТА!!!
Термините Cannabis sativa L. и Cannabis indica Lam. биле создадени за да се разликуваат овие две врсти на семејството Cannabaceae. Сличноста на сите канабис билки е дека секоја канабис билка, без разлика на која врста ѝ припаѓа, е лековита. Треба пред сè да се водите според тоа за што ви треба лекот, какви заболувања сакате да третирате, па во однос на тоа која/кои врсти ќе ги одберете - ќе го прилагодите одгледувачкиот простор. Постојат повеќе клучни разлики помеѓу сативите и индиките: како изгледа самата билка, како изгледа цветот и листот, како расте, па сè до тоа каков ефект му даваат на корисникот. Нашиот тим 420 Macedonia направи мало истражување на разновидните генеалошки и научни податоци за да ги проучиме денешниве видови канабис од минатото во нивната оригинална животна средина од која првично потекнуваат и еве дојдовме до овие заклучоци:
Потеклото на Индиките и Сативите
Додека не постои начин за точно да се дефинира колку долго канабисот постои на оваа планета, најраните докази за употребата на канабисот од страна на човекот датираат илјадници години назад кон далечниот Исток. Потеклото на домородниот канабис се смета дека е од Јужна и Централна Азија, со дивиот канабис кој се протега од Блискиот Исток до Кина и Монголија, па понатаму на Север. Но, како е возможно разни видови на канабис да се развиваат одделно околу истите земјини пространства?
Како сите живи организми, канабисот исто така еволуирал и се прилагодувал на животната средина и тоа го прави до ден денес (како сите останати живи организми, вклучувајќи нè и нас самите). Родните предели на канабисот лоцирани со релативно блиска оддалеченост едни од други, а врстите се разликуваат меѓу себе. Како? Одговорот зошто секој вид еволуирал поинаку лежи во нивните различни климатски фактори на потекло. Климатските услови значително варираат поради географските разлики - започнувајќи од подножјето на Хималаите, до низините на долините Хинду Куш, па сè до врвовите на планините Риф во Мароко.
Култивирање и физички аспекти
Еволутивните трендови им помогнаа на најраните канабис билки во поглед на размената на гасовите, а тоа доведе до зголемување на нивната стапка на фотосинтеза, која пак доведе до зголемување на производството на семе и цвет, со што канабисот го обезбедува соствениот опстанок и напредок на своите видови. Денес на сличен начин како што тоа се одвива во природата, одгледувачите на марихуана ги користат еволутивните карактеристики на индиките и сативите за да ги зголемат своите приноси коишто во најголема мера зависат од начинот на одгледување и животните услови за растење во нивните градини/гроу боксови.
Оние кои љубат индор одгледување (во затворен простор) можеби сакаат пократки билки, поради ограничениот простор за растење, па затоа можеби преферираат индика врсти канабис. Оние одгледувачи кои повеќе љубат да одгледуваат аутдор (во надворешни услови), поради тоа што најчесто се соочуваат со жешка и влажна клима, повеќето од времето одбираат сативи.
СОВЕТ 1:Надворешните одгледувачи ќе сватат дека позбиените, цврсти и густи индики се поотпорни на штетниците од градината, додека внатрешниот одгледувач ќе дојде до заклучокот дека тенките и нежни сативи се поотпорни на мувла, особено на прашкастата мувла во одгледувалиштето.
Сè зависи од условите на животната средина на растечкиот простор и индивидуалните карактеристики на избраните врсти од страна на одгледувачот. Па, дури и тогаш, резултатот не е толку предвидлив поради повеќе фактори, пред сè бидејќи секој генотип има можност да развие и појави нови особини (или фенотипови) кои можат да се разликуваат неизмерно од нормата кога растенијата се одгледуваат во услови на кои тие не се навикнати.
СОВЕТ 2: Билките одгледувани со МНОГУ ЉУБОВ, секогаш даваат поголеми приноси и имаат многу полековит ефект! ;)
Канабисот е растение кое созрева за 3-4 месеци, е многу издржливо на атмосферските влијанија и ретко го напаѓаат штетници, меѓутоа постојат исклучителни ситуации за кои треба да бидете свесни. Неколкумина од македонските одгледувачи на канабис кои лично ги познаваме, покрај нападите од желки, оваа година се пожалија на напад од штетникот Metcalfa pruinosa (citrus flatid planthopper) кај дел од своите outdoor посеви. Станува збор за едно бело пеперутче кое ги цица стеблата и остава памуци
Белата пеперутка Metcalfa pruinosa
Потекнува од Северна Америка, a од неодамна е регистриран и во Јужна Европа и се смета дека истоимениот штетник е дојден на Балканов преку Италија уште изминатата година. Ова може да биде мал предизвик кај оние кои одгледуваат канабис за подготовка на лек, а може да ви ги нападне и другите култури и декоративните цвеќиња. Metcalfa pruinosa e вид на инсект од фамилијата planthoppers, а првпат е опишан од американскиот ентомолог, конхолог и херпетолог Томас Сај (Thomas Say) во 1830 година.
„Не е некој голем штетник, но сепак го успорува растот на билките. Ова е проблем за оние кои одгледуваат на органски начин без хемиска прихрана и без хемиска заштита. Јас на 2-3 дена ги отстранувам бубачките рачно, зашто ако останат го цицаат стеблото и значително го успоруваат растот. Бело е онака и прави како памук, јајца пушта и остава памуци и може да го намали квалитетот и квантитетот на приносот“ - заклучува нашиот соговорник кој сè уште би сакал да остане анонимен.
Дали вие сте имале проблем со овој конкретен штетник или пак со некаков друг и како се справувате со него/нив? Споделете го вашето искуство со целата заедница 420 Macedonia! Пишете во инбокс на нашата Фејсбук страница www.facebook.com/420macedonia или на нашиот е-mail: 420macedonia@gmail.com.
Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас
Ни премногу, ни премалку вода!
Тој истакна: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.
Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.
Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).