Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Внетре или надвор? Под сијалица или на сонце? Како е подобро? Можеби нешто помеѓу? Одговорот е поврзан со причината заради која канабиот е одгледуван. Повеќе производители на канабис во светот бараат да профитираат од одгледување на отворено, за производство на прехранбени артикли и пијалаци, но фармацијата бара строго контролирани (вештачки) услови за растење на билката
Внатре или надвор? Како е подобро?
Додека сигурно постои простор за дебата, многумина сметаат дека внимателно одгледуваниот индор (внатрешен) канабис дава најдобри суви цветови, додека пак, канабисот кој се одгледува на отворено и на големо може да одговара на потребите за оние сè уште недостапни екстракциони производи. Аутдор (надворешното) одгледување е добро кога „... не ви треба туфка со врвен изглед“ - вели Жанет ВандерМарел (Jeannette VanderMarel), ко-главен извршен раководител и директор на 48North Cannabis Corp. Затвореното производство нуди најголема контрола врз условите за одгледување. Полузатвореното производство со оранжерии/стакленици и пластеници е интересна опција и е некаде на средина, бидејќи иако тие се затворени простори, се потпираат на природната сончева топлина и светлина и често се изложени на влијанијата од надворешната средина, вели Алан Ревак (Allan Rewak), потпретседател за комуникации и односи со засегнатите страни во Emerald Health Therapeutics Inc.
Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис надвор?
Заштеда на енергија
48North беше првата компанија која аплицираше за одгледувачка лиценца на отворено во Канада, а ВандерМарел го наведува она што го гледа како неколку позитивни страни од одгледувањето надвор - одгледувачите имаат можност да добиваат поголеми и побрзи приноси кога висината и кореновиот раст на растенијата не се ограничени од стаклениците/пластениците или објектите за одгледување (grow rooms), што би можело да помогне во решавањето на недостигот од залиха во оваа индустрија. Најочигледните придобивки од растењето на отворено, сепак, се заштедите на енергија од растење во природна средина, како што е можноста за целосно искористување на сончевата светлина. Покрај тоа што овој начин е повеќе енергетски ефикасен, емисијата на јаглерод на полето е исто така многу помала, а исто така многу од пациентите веруваат дека најдобар благословен лек се прави од билките кои се одгледани на природен начин, наместо во вештачки услови.
Таа додава дека растенијата произведуваат терпени т.е. соединенија во етеричните масла, за да се заштитат од штетници и патогени. „Надвор, [канабис билките] имаат тенденција да произведат повеќе, бидејќи се повеќе изложени на елементите“ - забележува таа. Терпените, исто така, можат да ги подобрат медицинските ефекти на канабисот. Се разбира, растењето на отворено не е без предизвици, особено поради тоа што сезоната на растење е ограничена од зимите (во Канада), а голем недостиг кај овој начин е и непредвидливоста на временските климатски услови (како на пример премногу дождови, ветрови и сл.). „Можеби ќе имате можност да добиете една или две реколти, ако имате среќа, додека пак, можете да добиете три до четири во нормална година од стаклените градини во големи размери“ - вели Ревак.
Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис внатре?
Внатрешно одгледување - контролирани услови
Затворените објекти за одгледување и стаклениците, како и хибридните верзии на овие два производствени начина им овозможуваат на одгледувачите да растат преку целата година и да ги намалат ризиците од микробактерии и штетници. Ревак укажува на објектот на Aurora Cannabis надвор од меѓународниот аеродром во Едмонтон, кој е хибриден затворен објект со стаклен покрив (за сончева светлина), кој „е под висок притисок за да ги заштити честичките и опасните микроорганизми надвор од производствениот систем“. На отворено - „постои помал степен на контрола и зголемен ризик од надворешни фактори, без разлика дали тоа е микробактериски материјал од почвата, итн, така малку е потешко да се контролира квалитетот“.
Хибридни пластеници и стакленици (полузатворени простори)
Додека повеќето затворени објекти и оранжерии не се хибридни како што е објектот Aurora Sky вели Ревак, експертите се согласуваат дека недостатокот кај затвореното производство е дека тоа е најмалку енергетски ефикасен метод поради неговата употреба на вештачко осветлување додава ВандерМарел, потоа трошоци за греење и вентилација (HVAC - Heating, ventilation, and air conditioning). На крајот, ова го прави затвореното производство поскапо. Марк ЛеБланк (Marc LeBlanc), претседател на стартап компанијата во Њу Бранзвик (една од провинциите во Источна Канада) Solargram Farms Corp. вели дека неговата компанија има строго планови за на отворено сега, бидејќи се надева дека ова значително ќе ги намали трошоците за одгледување на канабисот. „Цифрите што ги гледаме за одгледувачите во затворен простор секаде се движат меѓу 1,50 до 3 долари за грам. Нашиот модел на трошоци е под 25 центи“ - вели ЛеБланк.
ВандерМарел, исто така, изрази уверување дека приносите на нејзината компанија ќе достигнат приближно 25 центи за грам, додека информациите од веб-страницата на Канада Compliance Inc. забележуваат дека: „трошоците за производство на многу ефикасната операција во затворен простор од големи размери се движат од 1 до 3 долари за грам, додека отвореното одгледување, теоретски, може да донесе комерцијални трошоци за производство под 25 центи за грам врз основа на нашето моделирање“. ЛеБланк понатаму ги цитира неодамнешните бројки од Statistics Canada кои покажуваат дека околу 80 отсто од потрошувачите на канабис сè уште купуваат од црниот пазар и покрај легализацијата. „Тоа значи дека тоа е или поради цената или потрошувачите ги отфрлаат производите кои се веќе во продавниците за канабис“ - објаснува тој.
Генерално, растењето во затворени простории нема да излезе од употреба во скоро време. 48North на пример, ќе ги задржи своите два лиценцирани објекти за складирање на премиум сушени производи, но како потрошувачите настојуваат да купуваат повеќе екстракциони производи откако тие станаа легални, лиценцираните производители се надеваат дека оваа есен ќе предводат на патот со големите фарми. „Јас често ја користам аналогијата дека не нè гледате како растеме масло од канола или пченка за етанол во затворен простор. Тоа се надворешни производства и тоа е местото каде што било кој екстрактивен производ се одгледува“ - коментира ВандерМарел.
Термините Cannabis sativa L. и Cannabis indica Lam. биле создадени за да се разликуваат овие две врсти на семејството Cannabaceae. Сличноста на сите канабис билки е дека секоја канабис билка, без разлика на која врста ѝ припаѓа, е лековита. Треба пред сè да се водите според тоа за што ви треба лекот, какви заболувања сакате да третирате, па во однос на тоа која/кои врсти ќе ги одберете - ќе го прилагодите одгледувачкиот простор. Постојат повеќе клучни разлики помеѓу сативите и индиките: како изгледа самата билка, како изгледа цветот и листот, како расте, па сè до тоа каков ефект му даваат на корисникот. Нашиот тим 420 Macedonia направи мало истражување на разновидните генеалошки и научни податоци за да ги проучиме денешниве видови канабис од минатото во нивната оригинална животна средина од која првично потекнуваат и еве дојдовме до овие заклучоци:
Потеклото на Индиките и Сативите
Додека не постои начин за точно да се дефинира колку долго канабисот постои на оваа планета, најраните докази за употребата на канабисот од страна на човекот датираат илјадници години назад кон далечниот Исток. Потеклото на домородниот канабис се смета дека е од Јужна и Централна Азија, со дивиот канабис кој се протега од Блискиот Исток до Кина и Монголија, па понатаму на Север. Но, како е возможно разни видови на канабис да се развиваат одделно околу истите земјини пространства?
Како сите живи организми, канабисот исто така еволуирал и се прилагодувал на животната средина и тоа го прави до ден денес (како сите останати живи организми, вклучувајќи нè и нас самите). Родните предели на канабисот лоцирани со релативно блиска оддалеченост едни од други, а врстите се разликуваат меѓу себе. Како? Одговорот зошто секој вид еволуирал поинаку лежи во нивните различни климатски фактори на потекло. Климатските услови значително варираат поради географските разлики - започнувајќи од подножјето на Хималаите, до низините на долините Хинду Куш, па сè до врвовите на планините Риф во Мароко.
Култивирање и физички аспекти
Еволутивните трендови им помогнаа на најраните канабис билки во поглед на размената на гасовите, а тоа доведе до зголемување на нивната стапка на фотосинтеза, која пак доведе до зголемување на производството на семе и цвет, со што канабисот го обезбедува соствениот опстанок и напредок на своите видови. Денес на сличен начин како што тоа се одвива во природата, одгледувачите на марихуана ги користат еволутивните карактеристики на индиките и сативите за да ги зголемат своите приноси коишто во најголема мера зависат од начинот на одгледување и животните услови за растење во нивните градини/гроу боксови.
Оние кои љубат индор одгледување (во затворен простор) можеби сакаат пократки билки, поради ограничениот простор за растење, па затоа можеби преферираат индика врсти канабис. Оние одгледувачи кои повеќе љубат да одгледуваат аутдор (во надворешни услови), поради тоа што најчесто се соочуваат со жешка и влажна клима, повеќето од времето одбираат сативи.
СОВЕТ 1:Надворешните одгледувачи ќе сватат дека позбиените, цврсти и густи индики се поотпорни на штетниците од градината, додека внатрешниот одгледувач ќе дојде до заклучокот дека тенките и нежни сативи се поотпорни на мувла, особено на прашкастата мувла во одгледувалиштето.
Сè зависи од условите на животната средина на растечкиот простор и индивидуалните карактеристики на избраните врсти од страна на одгледувачот. Па, дури и тогаш, резултатот не е толку предвидлив поради повеќе фактори, пред сè бидејќи секој генотип има можност да развие и појави нови особини (или фенотипови) кои можат да се разликуваат неизмерно од нормата кога растенијата се одгледуваат во услови на кои тие не се навикнати.
СОВЕТ 2: Билките одгледувани со МНОГУ ЉУБОВ, секогаш даваат поголеми приноси и имаат многу полековит ефект! ;)