Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Внетре или надвор? Под сијалица или на сонце? Како е подобро? Можеби нешто помеѓу? Одговорот е поврзан со причината заради која канабиот е одгледуван. Повеќе производители на канабис во светот бараат да профитираат од одгледување на отворено, за производство на прехранбени артикли и пијалаци, но фармацијата бара строго контролирани (вештачки) услови за растење на билката
Внатре или надвор? Како е подобро?
Додека сигурно постои простор за дебата, многумина сметаат дека внимателно одгледуваниот индор (внатрешен) канабис дава најдобри суви цветови, додека пак, канабисот кој се одгледува на отворено и на големо може да одговара на потребите за оние сè уште недостапни екстракциони производи. Аутдор (надворешното) одгледување е добро кога „... не ви треба туфка со врвен изглед“ - вели Жанет ВандерМарел (Jeannette VanderMarel), ко-главен извршен раководител и директор на 48North Cannabis Corp. Затвореното производство нуди најголема контрола врз условите за одгледување. Полузатвореното производство со оранжерии/стакленици и пластеници е интересна опција и е некаде на средина, бидејќи иако тие се затворени простори, се потпираат на природната сончева топлина и светлина и често се изложени на влијанијата од надворешната средина, вели Алан Ревак (Allan Rewak), потпретседател за комуникации и односи со засегнатите страни во Emerald Health Therapeutics Inc.
Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис надвор?
Заштеда на енергија
48North беше првата компанија која аплицираше за одгледувачка лиценца на отворено во Канада, а ВандерМарел го наведува она што го гледа како неколку позитивни страни од одгледувањето надвор - одгледувачите имаат можност да добиваат поголеми и побрзи приноси кога висината и кореновиот раст на растенијата не се ограничени од стаклениците/пластениците или објектите за одгледување (grow rooms), што би можело да помогне во решавањето на недостигот од залиха во оваа индустрија. Најочигледните придобивки од растењето на отворено, сепак, се заштедите на енергија од растење во природна средина, како што е можноста за целосно искористување на сончевата светлина. Покрај тоа што овој начин е повеќе енергетски ефикасен, емисијата на јаглерод на полето е исто така многу помала, а исто така многу од пациентите веруваат дека најдобар благословен лек се прави од билките кои се одгледани на природен начин, наместо во вештачки услови.
Таа додава дека растенијата произведуваат терпени т.е. соединенија во етеричните масла, за да се заштитат од штетници и патогени. „Надвор, [канабис билките] имаат тенденција да произведат повеќе, бидејќи се повеќе изложени на елементите“ - забележува таа. Терпените, исто така, можат да ги подобрат медицинските ефекти на канабисот. Се разбира, растењето на отворено не е без предизвици, особено поради тоа што сезоната на растење е ограничена од зимите (во Канада), а голем недостиг кај овој начин е и непредвидливоста на временските климатски услови (како на пример премногу дождови, ветрови и сл.). „Можеби ќе имате можност да добиете една или две реколти, ако имате среќа, додека пак, можете да добиете три до четири во нормална година од стаклените градини во големи размери“ - вели Ревак.
Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис внатре?
Внатрешно одгледување - контролирани услови
Затворените објекти за одгледување и стаклениците, како и хибридните верзии на овие два производствени начина им овозможуваат на одгледувачите да растат преку целата година и да ги намалат ризиците од микробактерии и штетници. Ревак укажува на објектот на Aurora Cannabis надвор од меѓународниот аеродром во Едмонтон, кој е хибриден затворен објект со стаклен покрив (за сончева светлина), кој „е под висок притисок за да ги заштити честичките и опасните микроорганизми надвор од производствениот систем“. На отворено - „постои помал степен на контрола и зголемен ризик од надворешни фактори, без разлика дали тоа е микробактериски материјал од почвата, итн, така малку е потешко да се контролира квалитетот“.
Хибридни пластеници и стакленици (полузатворени простори)
Додека повеќето затворени објекти и оранжерии не се хибридни како што е објектот Aurora Sky вели Ревак, експертите се согласуваат дека недостатокот кај затвореното производство е дека тоа е најмалку енергетски ефикасен метод поради неговата употреба на вештачко осветлување додава ВандерМарел, потоа трошоци за греење и вентилација (HVAC - Heating, ventilation, and air conditioning). На крајот, ова го прави затвореното производство поскапо. Марк ЛеБланк (Marc LeBlanc), претседател на стартап компанијата во Њу Бранзвик (една од провинциите во Источна Канада) Solargram Farms Corp. вели дека неговата компанија има строго планови за на отворено сега, бидејќи се надева дека ова значително ќе ги намали трошоците за одгледување на канабисот. „Цифрите што ги гледаме за одгледувачите во затворен простор секаде се движат меѓу 1,50 до 3 долари за грам. Нашиот модел на трошоци е под 25 центи“ - вели ЛеБланк.
ВандерМарел, исто така, изрази уверување дека приносите на нејзината компанија ќе достигнат приближно 25 центи за грам, додека информациите од веб-страницата на Канада Compliance Inc. забележуваат дека: „трошоците за производство на многу ефикасната операција во затворен простор од големи размери се движат од 1 до 3 долари за грам, додека отвореното одгледување, теоретски, може да донесе комерцијални трошоци за производство под 25 центи за грам врз основа на нашето моделирање“. ЛеБланк понатаму ги цитира неодамнешните бројки од Statistics Canada кои покажуваат дека околу 80 отсто од потрошувачите на канабис сè уште купуваат од црниот пазар и покрај легализацијата. „Тоа значи дека тоа е или поради цената или потрошувачите ги отфрлаат производите кои се веќе во продавниците за канабис“ - објаснува тој.
Генерално, растењето во затворени простории нема да излезе од употреба во скоро време. 48North на пример, ќе ги задржи своите два лиценцирани објекти за складирање на премиум сушени производи, но како потрошувачите настојуваат да купуваат повеќе екстракциони производи откако тие станаа легални, лиценцираните производители се надеваат дека оваа есен ќе предводат на патот со големите фарми. „Јас често ја користам аналогијата дека не нè гледате како растеме масло од канола или пченка за етанол во затворен простор. Тоа се надворешни производства и тоа е местото каде што било кој екстрактивен производ се одгледува“ - коментира ВандерМарел.
Канабисовото растение е претерано недискретно. Од порачување до култивирање на семињата, лошите државни закони и непожелните личности кои намирисуваат можат да го направат одгледувањето ризично. Затоа ви давам водич чекор по чекор како да одгледувате марихуана во домашни услови. Додека не се променат законите не постои 100% гаранција дека ќе бидете заштитени, сепак подобро е да си нелегално жив отколку легално мртови овој водич ќе ви помогне да имате повеќе самодоверба
Како да одгледуваш марихуана? Чекор 1: Не кажувај никому! НИКОМУ!
Нормално е да си возбуден/а кога за прв пат ќе си го растеш светото растение, но не се фали ни на најдобрите другар(к)и! Колку и да се од доверба - некогаш подобро е некои работи да останат во тајност - посебно кога станува збор за одгледување марихуана. Можеби другарка ти ќе се пофали на нејзиниот верен другар кој ќе му каже на трет другар и пред да знаеш ќе треба да бараш објаснување за твоето семејство зошто плавите сакале да ви влезат дома и да ве проверат? Зошто да трпите непотребни стресови, особено кога марихуаната ја одгледувате за немкому да му го спасите животот!
Како да одгледуваш марихуана? Чекор 2:Знај од каде да набавиш семе!
За тие што живеат каде било во САД, слободно можат да порачаат семе од Канада без никакви санкции, бидејќи им е блиску и марихуаната од таму е квалитетна. За држава како нашата каде оваа билка сè уште е забранета, препорачливо е да не го порачуваш семето на истата адреса каде ќе го одгледуваш! И така ќе спречиш да биде примено од страна на ќленовите од твоето семејство или цимери. Можете да си ги донесеш од Холандија, а доколку сакаш да си порачаш од Канада, пробај од оваа страница, бидејќи даваат гратис семиња со секоја нарачка.
Како да одгледуваш марихуана? Чекор 3:Како да го сокриеш мирисот од марихуаната?
Пред сè пожелно е да порачаш врсти без остар мирис. Ако се разбираш во широкиот ранг на врсти и хибриди, такви се: Northern Lights, Durban Poison, Polar Express или Blue Mystic. Обезбеди неутрализатор на мириси, пр. ONA Pro Gel. Постави го отворен во истата просторија каде што е марихуаната и менувај го на 6 недели. Само не треба да биде блиску до неа бидејќи ќе влијае на природниот мирис на марихуаната. Во врска со природен неутрализатор на мирис, она што без размислување би го одбрал јас, моментално не знам кое растение неутрализира мирис, но го имаш Google за бескрајни истражувања или пософистицирано побарај енциклопедија на растенија.
Како да одгледуваш марихуана? Чекор 4:Изгради кутија за одгледување (grow box)
Можеби најтешкиот чекор со чија помош ќе можеш да одгледуваш едно или две растенија во самостојна, релативно херметичка кутија, скривајќи ги растенијата и остриот мирис со вградена добра вентилација и осветлување. Најдобра варијанта е да претвориш мини фрижидер во соодветна кутија за одгледување или да прилагодите стар плакар или дури и куќиште од компјутер. Или да го искористиш гардероберот за да создадеш гроу-бокс, но најдобра варијанта останува преработениот стар мини фрижидер, бидејќи ќе го задржува остриот мирис. Можете исто така да си купите готови тентови или гроу-боксови специјално наменети за одгледување канабис. Како упатство користи го овој водич каде чекор по чекор е прикажано како да ја реализираш оваа идеја од страна на одгледувачот кој ја користи. Овој водич, пак користи го за како да претвориш комода во кутија за одгледување.
Еве водич за правење гроу-бокс од картон:
А овде може да се порача готова кутија за одгледување која ќе се погрижи за процесот на растење и ќе те извести преку апликацијата на паметниот телефон кога растението е спремно за жетва. Запамти, што и да избереш од овие варијанти, скриј ја кутијата за одгледување во плакарот во твојата соба, па дури и покриј ја со чаршафи за додатно да ја сокриеш. Па и стави нешто врз неа, камуфлирај. Сè со цел да се минимализира можноста некој од дома да ја намириса и да стане љубопитен.
Како да одгледуваш марихуана? Чекор 5:Бери и суши стратешки!
Како? Многу едноставно и јасно. Испланирај да го направиш тоа кога си сам дома одреден период. Исто така најди безбедно место правилно да ја исушиш и да извршиш кјуринг. Во овој случај, обрати се кај некој со пријателски настроен 420 дом. После сушењето и кјурингот, остави ги цветчињата во затворена тегличка и тапни се по рамо. Успеа! Дојде моментот да уживаш во твоите домашни пупки... во плодот на твојот труд, љубов и посветеност. Оргазми! На здравје!
Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!
Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.
Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.
Дефолијација (defoliation)!
Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси.
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!
Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла
Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:
1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)
2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!
Термините Cannabis sativa L. и Cannabis indica Lam. биле создадени за да се разликуваат овие две врсти на семејството Cannabaceae. Сличноста на сите канабис билки е дека секоја канабис билка, без разлика на која врста ѝ припаѓа, е лековита. Треба пред сè да се водите според тоа за што ви треба лекот, какви заболувања сакате да третирате, па во однос на тоа која/кои врсти ќе ги одберете - ќе го прилагодите одгледувачкиот простор. Постојат повеќе клучни разлики помеѓу сативите и индиките: како изгледа самата билка, како изгледа цветот и листот, како расте, па сè до тоа каков ефект му даваат на корисникот. Нашиот тим 420 Macedonia направи мало истражување на разновидните генеалошки и научни податоци за да ги проучиме денешниве видови канабис од минатото во нивната оригинална животна средина од која првично потекнуваат и еве дојдовме до овие заклучоци:
Потеклото на Индиките и Сативите
Додека не постои начин за точно да се дефинира колку долго канабисот постои на оваа планета, најраните докази за употребата на канабисот од страна на човекот датираат илјадници години назад кон далечниот Исток. Потеклото на домородниот канабис се смета дека е од Јужна и Централна Азија, со дивиот канабис кој се протега од Блискиот Исток до Кина и Монголија, па понатаму на Север. Но, како е возможно разни видови на канабис да се развиваат одделно околу истите земјини пространства?
Како сите живи организми, канабисот исто така еволуирал и се прилагодувал на животната средина и тоа го прави до ден денес (како сите останати живи организми, вклучувајќи нè и нас самите). Родните предели на канабисот лоцирани со релативно блиска оддалеченост едни од други, а врстите се разликуваат меѓу себе. Како? Одговорот зошто секој вид еволуирал поинаку лежи во нивните различни климатски фактори на потекло. Климатските услови значително варираат поради географските разлики - започнувајќи од подножјето на Хималаите, до низините на долините Хинду Куш, па сè до врвовите на планините Риф во Мароко.
Култивирање и физички аспекти
Еволутивните трендови им помогнаа на најраните канабис билки во поглед на размената на гасовите, а тоа доведе до зголемување на нивната стапка на фотосинтеза, која пак доведе до зголемување на производството на семе и цвет, со што канабисот го обезбедува соствениот опстанок и напредок на своите видови. Денес на сличен начин како што тоа се одвива во природата, одгледувачите на марихуана ги користат еволутивните карактеристики на индиките и сативите за да ги зголемат своите приноси коишто во најголема мера зависат од начинот на одгледување и животните услови за растење во нивните градини/гроу боксови.
Оние кои љубат индор одгледување (во затворен простор) можеби сакаат пократки билки, поради ограничениот простор за растење, па затоа можеби преферираат индика врсти канабис. Оние одгледувачи кои повеќе љубат да одгледуваат аутдор (во надворешни услови), поради тоа што најчесто се соочуваат со жешка и влажна клима, повеќето од времето одбираат сативи.
СОВЕТ 1:Надворешните одгледувачи ќе сватат дека позбиените, цврсти и густи индики се поотпорни на штетниците од градината, додека внатрешниот одгледувач ќе дојде до заклучокот дека тенките и нежни сативи се поотпорни на мувла, особено на прашкастата мувла во одгледувалиштето.
Сè зависи од условите на животната средина на растечкиот простор и индивидуалните карактеристики на избраните врсти од страна на одгледувачот. Па, дури и тогаш, резултатот не е толку предвидлив поради повеќе фактори, пред сè бидејќи секој генотип има можност да развие и појави нови особини (или фенотипови) кои можат да се разликуваат неизмерно од нормата кога растенијата се одгледуваат во услови на кои тие не се навикнати.
СОВЕТ 2: Билките одгледувани со МНОГУ ЉУБОВ, секогаш даваат поголеми приноси и имаат многу полековит ефект! ;)
Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас
Ни премногу, ни премалку вода!
Тој истакна: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.
Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.
Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).