Friday, February 15, 2019

Европскиот парламент усвои резолуција за канабис придржувајќи се на СЗО во поддршката на медицинската марихуана

По извештаите на Светската здравствена организација (СЗО) кои препорачуваат прекласификација на канабисот и неколку од нејзините клучни компоненти според меѓународните договори за лекови, Европскиот парламент во средата гласаше за резолуција што ќе помогне за унапредување на медицински канабис во земјите што ја формираат Европската унија


Додека не е обврзувачка, резолуцијата има за цел да ги поттикне европските нации да го зголемат пристапот до медицинска марихуана, давајќи приоритет на научните истражувања и клиничките студии. Исто како и препораката на СЗО, резолуцијата на Европскиот парламент покажува колку е широка поддршка за легализација на канабисот, но нажалост сè уште не се менува ниту еден актуелен закон на меѓународно или локално ниво. „Европскиот Парламент е само последниот глас за признавање на медицинската вредност на канабисот и придобивките од регулацијата во однос на забраната“ - изјави Том Ејнџел (Tom Angell), соработник на Форбс и издавач на Marijuana Moment за Хавиер Хазе (Javier Hasse), кој исто така е автор посветен на канабисот и соработник на Форбс. „Се надевам дека растечкиот хор во корист на реформите ќе ја поттикне акцијата од страна на нациите за промена на нивните политики и подобрување на пристапот за пациентите на кои им е потребен овој лек“ - додава Том.


Што значи тоа?

По проценката на тоа како Европската Унија потенцијално може да поддржи квалитетни истражувања во врска со лекови базирани на марихуана, воспоставувајќи „стандарди за не-фармацевтски медицински канабис за да обезбеди сигурност на потрошувачите“, членовите на Европскиот парламент гласаа за резолуција со која се повикува Комисијата за употреба на канабисот за лековити цели и земјите-членки на Европската унија за „адресирање на регулаторните, финансиските и културните бариери“ што ги успорија научните истражувања за канабисот и за медицинските употреби. Покрај тоа, Комисијата и европарламентарците рекоа дека е важно да се „дефинираат условите потребни за да се овозможат чести, независни научни истражувања засновани на широк спектар на материјали кои треба да се спроведат во употребата на канабис за медицински цели“. На крај, тие ја истакнаа потребата за подобрување на еднаков пристап до лекови базирани на канабис и специфични терапии. „Од суштинско значење е да им се обезбедат сеопфатни информации за профилите на целиот спектар на растителни врсти кои се користат во дадените лекови“ - се вели во резолуцијата, повикувајќи на тесна соработка со СЗО.


Канабис заедницата реагира...

Хавиер Хaзе заинтересиран да го слушне она што канабис заедницата има да го каже, тој ги исконтактирал претставниците на индустријата за канабис од различни географски подрачја, започнувајќи од Азија, па сè до Европа и Америка. Еван Енеман (Evan Eneman), извршен директор на ELLO, лидер на MGO/ELLO Алијансата и основач на Sands Lane Capital, рече: „Уште еднаш, нашите пријатели од целиот свет ја гледаат медицинската корист и потенцијалот на растението и работат на подобро разбирање на она што може да биде сериозно“. Енеман додаде дека со нетрпение очекува САД да преземе сличен пристап, така што истражувањето и развојот на терапии базирани на канабис и лековите и продуктите за сите негови случаи на употреба може да продолжат да напредуваат.

Арас Азадијан (Aras Azadian), извршен директор на мултинационалната компанија за канабис Avicanna, исто така, ја поздрави одлуката на Европскиот парламент да ја смени позицијата за канабисот и канабиноидите. „Ова ќе помогне да се олеснат и забрзаат потребните студии за безбедност и ефикасност на канабиноидни решенија надвор од првичните пазари, како што се Канада и Израел (...) Постои постојана загриженост за токсичните и неефикасните производи кои се нудат како лекови кои ќе бидат ограничени со влезот на квалификувани студии“ - вели тој. Во меѓувреме, израелскиот коосновач на CannaImpact, Орен Тодорос (Oren Todoros), ја истакна економската можност зад канабисот и сè поголемото признавање на овој потенцијал. „Владите (...) повеќе не можат да ги вртат нивните глави на можноста што ја дава (канабисот)“ - рече тој.

Јонас Дуклос (Jonas Duclos) е извршен директор на JKB Research, компанија зад CBD420 во Швајцарија, линија на канабис производи со ниско ниво на THC, продавани во тобака и други „редовни“ продавници ширум Европа. Дукос го квалификуваше овој потег како олеснување. „Сè повеќе и повеќе клучни глобални актери го признаваат терапевтскиот ефект на канабисот“ - рече тој. Сепак, за него, навистина важно прашање е: кога законодавците ќе размислат да се движат напред со актуелното законодавство? И кога ќе го направат тоа? Како ќе изгледаат прописите? „Знаеме дека поддршката и политичкиот капитал ќе растат, но тоа се деталите што ќе одредат каде ќе се движи индустријата во следните години“ - заклучува тој.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Forbes

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


1 comment: