Sunday, February 3, 2019

Мајк Тајсон развива канабис одморалиште од 40 акри во Калифорнија

Мајк Тајсон е најновата позната личност што влегува на марихуана пазарот што постојано се шири, со амбициозни планови да отвори луксузен центар во Калифорнија, каде што одгледувачите и гостите ќе можат да консумираат канабис во мир. Овој поранешен боксер вели дека почнал да пуши канабис на возраст од 10 години


51-годишниот Тајсон, неодамна објавил дека „канабис одморалиштето“ со површина од 40 акри ќе биде лоцирано во градот Калифорнија, град во пустината Мохаве само два часа надвор од Лос Анџелес. Одморалиштето на Тајсон ќе произведува квалитетни THC и CBD производи, истовремено поддржувајќи ги истражувањата за здравствените придобивки од канабисот. Наводно, одморалиштето ќе посветува 20 хектари земјиште на одгледување на марихуана, овозможувајќи „најпрофесионалните одгледувачи да имаат максимална контрола врз животната средина“. Исто така, ќе има „Култивациска школа на Тајсон“ (Tyson Cultivation School) за да ги обучи одгледувачите да ги усовршат сопствените видови. Како и за посетителите, одморалиштето на Тајсон ќе вклучува фабрика за канабис прехранбени производи (edibles), амфитеатар за забава и премиум кампови и кабини за глампинг. Тајсон се надева дека ќе ја изгради својата сопствена марихуана империја. Во ноември минатата година изјави за Натали Моралес дека планира да развие пијалаци со коноп, масти за мускулните болки и спакувана трева.


Неодамна Тајсон имаше интервју (што можете да го видите подолу) со Џо Роган (друга позната личност која е борец за ослободување на марихуаната). Тајсон му подари на Џо кутија со канабис изненадувања. Тој во интервјуто вели дека користел канабис повеќе од една деценија за да ја олесни својата хронична болка од боксот, да ја третира неговата социјална анксиозност и проблемите со неговата контрола на гнев и билката му помогнала да ги надмине зависностите од тешки дроги.  Тој вели дека тревата е чудотворен лек на иднината: „Ако не пушев, ќе имав лош ден. Јас сум вистински глупав човек без тоа. Тоа ме измазнува, како да сум сосема друга личност. Тоа ме става на врвот од мојата игра. Ми се допаѓа кој сум кога пушам“ - додаде тој. „Без трева не ми се допаѓа кој сум јас понекогаш. Тоа е реално. Не ми се допаѓа тој човек, сакам да се извлечам од тој човек“ - објаснува тој. Тајсон наскоро ќе снима филмска комична серија лесно поврзана со неговите авантури како претприемач за канабис наречена „Rolling With the Punches“. Шоуто ќе има сличен формат како „Curb Your Enthusiasm“ на Лари Дејвид, при што Тајсон ќе игра во улога на самиот себе.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: EbonyThegrowthop

2 comments: