Saturday, February 9, 2019

Дали конопот е иднината за чистење на CO2 од воздухот? БАТЕРИИ ОД КОНОП!

Ова ново фасцинантно истражување започнато на Универзитетот Кларксон, би можело да помогне да се спречи пребрзото темпо на глобалното затоплување. Професорот Дејвид Митлин (David Mitlin) и асистент професорот Марио Врајат (Mario Wriedt) го земаат конопот, т.е. контроверзната билка канабис, претворајќи ја во јаглероден материјал кој е доволно порозен за да го зароби CO2 од воздухот


Професорот Дејвид Митлин
CO2 потоа може да биде отстрането или ослободено или може да се рециклира назад во рафинеријата за да произведе повеќе гориво. Фосилните горива како јагленот, природниот гас и нафтата произведуваат CO2, што води до глобално затоплување. Јаглерод диоксидот е потежок од воздухот што го вдишуваме за околу 60 проценти. Иако воздухот што го дишеме е мешавина од гасови, потребен ни е кислородот за да преживееме. Компаниите се обидувале со многу скапи методи за чистење на воздухот од CO2. Сепак, таквите методи не се толку ефективни со текот на времето. Погледнете го видеото подолу за да ви стане појасен проектов.


Дејвид Митлин е генерален директор за системи за нафта и гас при Универзитетот Кларксон. Тој заедно со извршниот директор на Enermat Technologies, Дејвид Хеслер (David Hessler), обезбедија финансирање од грантови во износ од 225.000 долари преку Националната фондација за наука (National Science Foundation) за да го продолжат своето партнерство за комерцијализација на технологијата за складирање на енергија измислена од Митлин. Како резултат на наградата за трансфер на технологија за мал бизнис (Small Business Technology Transfer - STTR), лабораторијата на Митлин ќе добие 127.000 долари, додека Enermat ќе има корист од финансирање од грантови во висина од 98.000 долари.


Митлин рече дека финансирањето ќе се користи за заеднички развој и комерцијализација на материјалите што ги измислил и патентирал. Митлин има развиено материјали за јаглеродна батерија базирани на коноп, кои се евтини и многу побрзо се полнат. „Јас ги користам карбонските нано-листови од коноп, како замена за графитот, за да овозможам многу побрзо полнење во литиум-јонски батерии со голема моќност“ - рече тој. „Тоа може безбедно да се полни за помалку од 10 минути“ - додаде Митлин. Додадената вредност на аспектот на неговиот пронајдок е дека јаглеродните аноди добиени од коноп може да се комбинираат со катода за брзо полнење која веќе постои комерцијално.


Додека технологијата била измислена од Митлин, тој им ги признава на Хеслер и на Enermat Technologies сите аспекти на партнерството поврзани со бизнисот. Националната научна фондација ја структурира програмата STTR, така што малиот бизнис делува како комерцијално возило за да се добие ветувачка технологија од универзитетите како Кларксон на пазарот. „Оваа работа не би била успешна како чиста техничка апликација на Дејв Митлин, туку требаше да соработуваме со компанија како Enermat Technologies за да се обезбеди остварлив пат напред“ - рече Митлин. Хеслер објасни дека Enermat ќе биде одговорен за изработка на прототипови на материјалите на Митлин, со основачот на Enermat, д-р Рахул Мукерџи (Rahul Mukherjee) на чело. Митлин, Mukherjee и Hessler соработуваат на проекти за складирање на енергија од декември 2016 година.


Ние исто така веруваме дека ќе имаме можност да ја искористиме стручноста и ресурсите во Националната лабораторија Оук Риџ (Oak Ridge National Lab) за дополнителна прототипна работа“ - вели Хеслер. Д-р Мукерџи, кој докторирал на Rensselaer Polytechnic во 2014 година, рече: „Ја познавам работата на д-р Митлин од моите докторски студии и имавме можност да се запознаеме со Дејвид Хеслер во текот на изминатите две години. Јас сум возбуден и оптимист дека овој проект заедно ќе ја унапреди состојбата со складирањето на енергија. Имаме многубројни клиенти кои ќе го следат нашиот напредок“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Clarkson.edu

No comments:

Post a Comment