Благодарение на напредната технологија, но и на растечкиот интерес од страна на пациентите кои користат канабис, уредите за испарување преземаат карактеристики на паметните телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Дознајте повеќе за најновата генерација префинети „смарт“ испарувачи, т.е. вепорајзери за канабис што неодамна се појавија на пазарот
Овие елегантни електронски цигари се наменети за новата софистицирана и елитна генерација на корисници на канабис, корисници кои не преферираат виткање на канабисот во форма на џоинт или пак, полнење луленца или бонгови. Да им појаснам на неупатените, испарувачите функционираат со загревање на цветот од канабис или конценртатот (екстрактот) до точка каде што активираните канабиноиди можат да се вдишат во форма на пареа. Повеќето корисници го сметаат овој начин, многу помалку груб за нивните бели дробови, отколку чадот од канабис вдишан од запален џоинт. Предизвикот за производителите на вепорајзери е намалувањето на големината на висококвалитетните елементи за загревање, но од друга страна поголема издржливост на батеријата. Сега испарувачите ги преземаат функциите на паметни телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Lifespot Health Ltd. австралиска медицинска компанија за дијагностицирање и мониторинг, неодамна објави Bluetooth-поврзан испарувач на канабис, кој се отклучува со отпечатокот од прст на сопственикот, ја прилагодува јачината на дозата на екранот и ги споделува податоците со медицинските професионалци во реално време за постојан надзор на здравствената состојба на пациентот.
„Не мислам дека некој има целосно интегриран систем како нашиот“ - изјави неизвршниот претседател на Lifespot Health, Родни Хенингтон (Rodney Hannington), за Yahoo Finance Канада. „Како што корисникот вапоризира, тие можат да ја погодат целта на нивната болка и можеме да следиме колку тие вдишуваат и дали нивната болка е олеснета или не“ - додава тој. Lifespot Health ја поврза својата BodyTel технологија за следење на пациентот со на пакет на целосна медицинска опрема започнувајќи од сензори за срце, па сè до монитори за шеќер во крвта. Компанијата соработува со германскиот производител на испарувачи од септември минатата година, наречена Seng-Vital, која произведува Canamed bluetooth vaping системи. Хенингтон изјави дека медицинскиот уред Cannamed ќе се продава преку медицински клиники за околу 200 американски долари, плус надоместоци за апликацијата, т.е. услугите за обработка на податоците. Lifespot Health, исто така, во моментов работи со две други компании во Канада и САД за брендирање и продавање на рекреативни верзии на испарувачите со цена од 100 до 150 долари.
Облаци од испарените податоци
Дозволувајќи лекарите активно да ги следат навиките за употреба на канабис кај пациентите со помош на овие уреди, а дури и да го исклучат уредот од далечина ако сметаат дека е злоупотребен, звучи навистина напредно. Хенингтон инсистира на тоа дека блиската комуникација е оправдана, со оглед на недостатокот на ригорозни клинички испитувања на различните медицински канабис апликации, па со помош на овие уреди медицинската јавност ќе има попрегелден увид во тоа како канабисот навистина делува. Сепак, приватноста е голема загриженост, со оглед на тоа што медицинскиот и рекреативниот канабис останува нелегален во многу делови од светот. Хенингтон уверува дека Lifespot Health ги обработува своите медицински податоци на начин „компатибилен со пациентите“. Откако ќе се постигне доволен број на корисници, податоците би можеле да обезбедат вреден увид во трендовите на консумирање и ублажување на болката, рече тој. Многу теоратичари веруваат дека вапоризирањето ќе стане најпосакуван начин за консумирање медицински канабис. Во октомври минатата година , Aurora Cannabis Inc. го откри Aurora Cloud, првата линија на ЦБД масла за вапоризирање компатибилна со Health Canada, од лиценциран производител. Извршниот директор Тери Бут (Terry Booth) рече дека новиот производ ѝ се обраќа на неисполнета потреба на пазарот.
Одредете го вашиот „хај“
Голем број неискусни корисници ќе ја тестираат нивната толеранција за канабис за првпат, како што сè повеќе правни системи ја либерализираат политиката за медицинска и рекреативна употреба на канабисот. Способноста за постојано одбирање на вистинската доза е клучна карактеристика на Lifespot Health и други производители, како што е Gofire Inc. со седиште во Денвер, вградена во нивните уреди. Одредувањето на правилното поставување на уредот во секое време може да значи разлика помеѓу нежниот „ХАЈ“ (надуваност/напушеност) и неколку часовното стонирање на вашиот кауч. Токму затоа придобивките од активирање на овој вапорајзер со отпечатоци се очигледни... Иако канабисот е безбеден лек без несакани токсични и смртни последици, со помош на персонализацијата на овој уред, децата и „пријателите“ не можат да ви го „украдат“ лекот, затоа што не можат да го вдишат она што не можат да го отклучат. Lifespot Health, исто така, ја разгледува можноста за развивање на геолокациските функционалности кои би можеле да ги спречат корисниците да го користат во одредени области. Функцијата со потсетник за повторно полнење е следна идеја на компанијата. „Ние можеме да го следиме обемот на корисникот“ - рече Хенингтон. „Потоа на нивниот паметен телефон можеме да им речеме: ‚Ќе ти снема за неколку дена. Дали сакате да нарачате повеќе канабис?‘“ - заклучува тој.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Yahoo Finance
* За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!
* Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции
* Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!
Би сакал да пробам со моите електронски цигари да пушам канабис и тоа да има сличен ефект на пушењето на традиционален начин, ама не знам со кое конкретно масло тоа би можело да се постигне, како му е името, што да барам во аптека?
ReplyDelete
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/