На еден тивок селски пат во Себастопол, градежната екипа направи едноставна куќа со цврсти ѕидови и големи прозорци. Единствената необична работа во врска со проектот е скриена во внатрешноста на ѕидовите, тие се направени од коноп, односно хемпкрит најеколошкиот и најздрав градежен материјал!
Куќата се гради со материјалот наречен хемпкрит (hempcrete), градежен материјал изработен од индустриски коноп. „Се зближив со хемпкритот затоа што секогаш настојувам да градам на најеколошкиот најодржлив можен начин“ - рече Стив Шелдон (Steve Sheldon), архитект, инвеститор во имоти и градител. „Ние секогаш бараме материјали кои можат брзо да се обновуваат и да се што е можно повеќе јаглерод-неутрални“ - додава тој. Повеќе од четири децении, Шелдон дизајнираше домови и згради со одржливи градежни материјали и енергетски ефикасни карактеристики. Кога клиентот изрази интерес за изградба на „уникатна“ помошна единица за живеење, Шелдон рече дека неговиот ум скокнал кон понова верзија на еден од најстарите градежни материјали во светот. Хемпкритот е цврст, а воедно и порозен материјал направен со мешање на дрвенестото јадро од конопното растение со хидрауличен вар и вода. Резултатот е здрав, градежен и воедно изолационен материјал што дише со помал јаглероден отпечаток од бетонот, а поседува и мноштво други придобивки, за кои може да дознаете повеќе од видеото ставено на крајот од оваа статија.
Објектите изградени од коноп најчесто немаат потреба од климатизер, природно ја регулираат температурата и не пропуштаат влага, затоа што овој материјал дише. Хемпкритот е отпорен на мувла и претставува заштита од микроорганизми, што го прави безбеден и здрав градежен материјал удобев за луѓето кои ќе живеат или работат во објектите, но исто така пријатен е и за градежниците, затоа што со него се работи полесно и поинтересно. На градилиштето во Себастопол, работната екипа формираше три блока од хемпкрит, секој конфигуриран за поинаква намена. Најлесниот блок претставува материјал што се истура за покривот на оваа куќа од 1.000 квадратни метри. Поцврсто направениот блок од хемпкрит е за формирање на ѕидовите и подот на структурата. Подоцна, овие ѕидови ќе бидат обложени со повеќе вар за да се формира мазна површина. Мајк Бранд (Mike Brandt), градежен надзорник, изјави дека првично бил скептичен во врска со материјалот. „Ми требаше малку време, но сега сум на палубата со хемпкритот“ - изјави тој.
Кои се недостатоците? Шелдон рече дека хемпкритот чини повеќе од традиционалниот цемент и треба повеќе време за да се зацврсти. Тој одби да ја открие неговата цена. Но, различните извори на Интернет сугерираат дека градењето со коноп може да чини од 10 до 20 проценти повеќе од конвенционалната конструкција. Додека постојат насоки за мешање на состојките, Шелдон рече дека неговиот тим направи солиден број на тестирања пред тој да ја открие соодветната густина на материјалот за секој дел од куќата. Шелдон исто така потврдува дека циглите од коноп имаат долга листа на придобивки, почнувајќи од заштеда на енергија до заштита од мувла и штетници, отпорност на пожар, регулирање на температурата и одржливост. Конопот е брзо обновлив градежен материјал, расте од семе за околу три до четири месеци. Најинтересно кај овој материјал е тоа што може да се моделира со калапи и да се градат од него префинети и уникатни дизајнерски објекти со закривени и неправилни (негеометриски) делови, а исто така може да се употребат веќе однапред подготвени блокови (цигли) од хемпкрит.
„Кога ќе изградите куќа од слама, го заклучувате тој јаглерод во зградата. Истата идеја е со конопот“ - истакнува Шелдон. Шелдон покажа голем куп срушен коноп, кој изгледа како нормален куп од дрвени струготини и покажа дека кога се формираат блокови тие изгледаат како кафеаво-сиви, фиброзни (влакнести) блокови, слични на оние направени од материјал што произлегува од нецелосно согорување на јаглен или дрво. Но, тие тежат осум пати помалку од бетонот! Конопот употребен за овој објект бил одгледуван во Кентаки. Шелдон вели дека еколошки ориентираните архитекти и градители експериментирале со hempcrete во последните 25 до 30 години. Во САД има изградено околу 100 куќи од коноп. Факт е дека побрзо и поевтино е да се изградат куќи со цемент и фиберглас и покрај трошоците за животната средина за користење на тие материјали. Најголемата предност е тоа што со хемпкрит ја заштитуваме животната средина, а овој материјал е поотпоред на земјотреси од конвенционалните градежни материјали.
Конопот е член на Cannabis sativa семејството, сличен е на канабисот во форма, но му недостасува поголем дел од канабиноидот тетрахидроканабинол (THC) што може да предизвика психоактивен ефект. Познат за производство на издржливи растителни влакна, конопот веќе долго време се користи за производство на јажиња, хартија, масла, облека, лиена пластика (автомобилот на Хенри Форд) и од неодамна, градежно-изолационен материјал. Широкиот интерес за градби од коноп се зголемува со легализацијата. Сега, кога законодавците го легализираат индустриското производство, аналитичарите од конопната индустрија предвидуваат дека американскиот пазар ќе достигне 20 милијарди долари до 2023 година. „Откако цементот беше развиен, луѓето почнаа да го користат исклучиво, бидејќи тоа е многу побрзо“ - рече тој. „Вие го малтерисувате со расфрлан цемент, за два дена можете да го наполните следниот слој. Но, луѓето не размислувале за јаглеродот“ - додава тој. Цементот е најчесто користениот материјал. Кога се загрева, варовникот што се користи за да се направи цементот се распаѓа во калциум оксид и јаглерод диоксид. Овој процес изнесува околу 50 проценти од сите емисии од производството на цемент, според податоците на Универзитетот Колумбија. Изработката на цемент изнесува 7 проценти од светските емисии на јаглерод.
Шелдон рече дека процесот на добивање дозвола за изградба на куќа од хемпкрит во округот Сонома не е лесна задача, особено во пресрет на деструктивните пожари во октомври 2017 година. Шелдон успеа да добие информации од инвеститорот кој изградил куќа од хемпкрит во Невада Сити и поднел барање за градежна дозвола. Процесот беше бавен, но Шелдон ја имал дозволата во рака на почетокот од летото 2018 година. Шелдон рече дека hempcrete покажа знаци дека е отпорен на оган, но предупреди дека неколку студии се спроведени во САД. Англија, Франција, Австралија и Канада спроведоа пообемни тестирања врз хемпкритот и открија најмногу позитивни резултати. „Кога луѓето читаат дека тоа е изолационен материјал, дека е отпорен на оган, нема влага или гнилост, тоа е добар терен“ - рече Шелдон. „Плус трошоците за енергија ќе бидат пониски. Ние сакаме да го сведеме ова колку што е можно поблиску до нула нето енергија“ - заклучува тој.
Шелдон рече дека се надева дека изградбата на куќата ќе заврши до почетокот на летото, само околу една година по започнувањето на изградбата. Тој сè уште не е сигурен колку долго време треба за да се исуши куќата после времето на поројните дождови, но рече дека екипажот има рок за завршување на малтерисувањето до моментот кога специјалистот за подови ќе пристигне во април. Времето на сушење варира од производот и од климата, но во просек би било потребно еден до два месеца пред влажноста на материјалот да се спушти на прифатливо ниво. „Има неколку работи кои не ги знаеме, но ќе ги научиме, како времето потребно за хемпкритот да се исуши“ - рече Шелдон. „Можете да размислувате колку што сакате, но кога имате миксер и ќе почнете да го ставате заедно, тоа е поинаква работа“ - додава тој. Шелдон посочи на кодот на Калифорнија кој бара сите нови домови да бидат со нула нето енергија до 2020 година. Тоа значи дека енергијата потрошена во куќата ќе мора да биде помала или еднаква на онаа од обновливите извори на енергија. Како архитект кој ја започна својата кариера во 1970-тите години, Шелдон рече дека е сведок на фундаментална промена во перспективата на енергијата и климатските промени.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Pressdemocrat
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/