Висока речиси метар и половина, таа имаше 95 години кога за неа е напишана оваа кратка статија, Мелита Гордон (Melita Gordon) од Јамајка веројатно е рекордер во пушење канабис! И покрај несогласувањата од нејзиното семејство, таа пуши трева цели 85 години, поточно од 10 годишна возраст
95 годишна баба тврди дека канабисот е лек за долговечност! |
И таа нема да престане да пуши ганџа додека не умре, изјави Гордон за Green Rush Daily. Доживотната здрава навика на Гордон е среќно одобрена од нејзиниот примарен лекар, чие гледиште е дека доколку таа престане да консумира канабис, таа може сериозно да го наруши своето здравје и живот. Госпоѓа Гордон, заедно со нејзиниот лекар сметаат дека нејзината навика да пуши канабис, може да биде делумно одговорна за нејзината долговечност и одличното здравје. Мелита вели дека започнала со канабисот, бидејќи растела во растафаријанска куќа и ги палела лулињата на постарите.
Таа вели дека се навикнала да пуши марихуана кога била „крстена“ во праксата на нејзината култура и религија од страна на нејзините родители, Мишел Џонс (Michelle Jones) и Ричард Гордон (Richard Gordon), кои исто така пушеле трева. Сепак, не сите во семејството на Мелита денес се задоволни со навиките за пушење толку многу канабис. Ќерката на Мелита Гордон, со која заедно живеат, ја молеше својата мајка таа да престане. Нејзината ќерка дури ѝ предложила компромис и побарала од нејзината мајка да го намали пушењето на еднаш дневно. Но, Мелита е навикната да пуши трева по цел ден, секој ден. Дури и додека работела во сега затворена фабрика во Марун Таун, таа станала позната како „Дамата со луле“ (Pipe Lady). Сопругот на Мелита не ја осудува нејзината навика таа постојано да пуши трева, но тој самиот не ја практикува оваа навика.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Greenrushdaily
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?
* Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза
* Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!
* Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“
* Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?
* Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?
* Ефектите на канабисот врз бременоста - консумирањето е корисно како за мајката, така и за идното бебе (научна студија спроведена во Јамајка)
* Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/