Sunday, September 23, 2018

Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

Изложеноста на чад од канабис, дури и долгорочно, не е позитивно поврзана со хронична опструктивна белодробна болест (chronic obstructive pulmonary disease - COPD), рак на белите дробови или неповратна штета на дишните патишта, според преглед на литература објавена во списанието Breathe


Британските научници разгледаа речиси 20 опсервациони студии, проценувајќи го вдишувањето на канабис и белодробното здравје, кои вклучуваат над 25.000 субјекти, известува NORML. Тие известија за поврзаноста од изложеност на чад од канабис и појава на COPD, емфизем, рак на белите дробови, отежнато дишење или неповратно оштетување на дишните патишта. „Долгорочните респираторни ефекти на канабисот се разликуваат од традиционалното пушење“ - заклучуваат авторите. „Ние не знаеме зошто пушењето канабис не се покажува како канцерогено. Различни фактори можат да придонесат, на пр. потенцијални антиинфламаторни и анти-неопластични својства на ТХЦ и други канабиноиди“ - заклучуваат авторите.

Истражувачите идентификуваа дека постои одредена врска помеѓу вдишување на марихуана и можна појава на почеста моментална кашлица, производство на флегма, отежнато дишење или хроничен бронхитис - и дека овие симптоми не се трајни, туку исчезнуваат после употребата. Авторите, исто така, признаа дека испарувањето канабис (вапоризацијата) - процес кој ги активира канабиноидите, не ги загрева до точка на согорување - ги намалува многу од овие симптоми. Наодите на студијата се слични на оние на другите кои известуваат дека чадот од канабис и чадот од тутун значително се разликуваат во нивните здравствени ефекти и дека долготрајното изложување на чад од канабис не е поврзано со лошото здравје на белите дробови.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Аzmarijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







No comments:

Post a Comment