Wednesday, May 8, 2019

Холандска компанија ја претстави првата монтажна куќа во светот изградена исклучиво од коноп!

Во блиска иднина, жителите на целиот свет ќе можат да живеат во штедлива, одржлива и безбедна куќа целосно изградена од еден тип на канабис, односно од коноп. Не само што овие монтажни домови можат да се градат многу побрзо од конвенционалните модерни куќи, туку се и доста потрајни, потопли, поевтини и поотпорни на земјотреси!


Првата куќа целосно изградена од коноп!
Овој напреден проект е дизајниран и имплементиран од холандската компанија Dun Agro, специјализирана за hempcrete - цигли од коноп, за кои веќе доста имаме зборувано на нашиов блог. За таа цел, се користи индустриски коноп, член на семејството канабис. Покрај за лекови, оваа органска суровина може да се користи за различни намени, од производство на материјали за градба, па сè до храна, текстил и биогорива. За разлика од индискиот канабис, овој индустриски негов братучед не содржи големи количества на тетрахидроканабинол (THC), но поради тоа што содржи доста поголемо количество на канабидиол (ЦБД), од него може да се произведува смола/масло/екстракт/тинктури за третирање на спазми и епилептични напади.


Да го вратиме конопот на македонските ниви и полиња!
Конопниот бетон на Dun Agro е направен од влакна од коноп, вода и сврзно ткиво - велат од компанијата. Откако оваа смеса е втисната во калапи, добиените елементи на куќата се сушат три месеци. По сушењето, тие се подготвени за монтажна градба. Дун Агро ја изгради својата куќа од коноп на 30-ти ноември. Оваа компанија веќе ја заврши својата втора конопна куќа, а плановите за блиска иднина вклучуваат продолжување на изградбата и продажбата. Во Холандија, во моментов за одгледување коноп е наменето 1.100 хектари земјоделско земјиште. Земјоделците се одлучуваат за оваа култура поради добрата заработка, леснотијата на производтсво, како и придобивките за животната средина.


Со оглед на сегашното производство на коноп во Холандија, оваа компанија проценува дека може да произведе до 500 такви куќи секоја година. И овој број, исто така, може да се зголеми, затоа што побарувачката, исто така се зголемува - секој сака да живее во еколошка куќа. Дан Агро не беше првата компанија што се обиде да изгради куќа од канабис, но тие тврдат дека се единствените што целосно успеале да го направат тоа. Како главна предност за купување куќа од коноп оваа компанија го наведува негативниот CO2 отпечаток. Конкретно, конопот во процесот на растење апсорбира 13.500 кг CO2, којшто кај овие куќи и градби останува складиран во бетонот од коноп.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Nexus-svjetlost.com

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:











1 comment: