Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување
* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите! |
Чад од марихуана и чад од тутун
Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!
Зависност од тутун и зависност од марихуана
Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.
Никотин VS. THC
Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови.
Канцер
Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген!
Белодробна функција
Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.
Да заклучиме...
Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Новинар: Никола Станчески
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily
No comments:
Post a Comment