Thursday, June 14, 2018

Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Што вели науката? Во минативе неколку години направени се две многу интересни истражувања за откажувањето на цигарите со помош на ЦБД на University College London. Истражувачите претпоставиле дека „лековите кои го изменуваат ендоканабиноидниот систем можат да бидат ефективен третман за никотинската зависност“. Сепак, потребни им се повеќе истражувања


Првото истражување кое е објавено во 2013 година вклучило 12 зависни пушачи на кои им бил даден инхалатор со Канабидиол, а на други 12 пушачи плацебо инхалатор за да го користат кога имаат потреба да запалат цигара. Истражувањето заклучило дека оние со инхалатор со ЦБД го намалиле внесот на цигари за 40%, додека оние кои користеле плацебо немале значајна промена. Во мај оваа (2018) година, значи пред само неколку месеци, објавено е друго истражување на оваа тема во Обединетото Кралство. Имено, на 30 зависни пушачи им се дало 800 мг ЦБД орално или плацебо. На учесниците им се покажале „сликовити ознаки со тутун“ и биле тестирани за откажување, желба, пулс и притисок. Во вистинскиот живот, овие „ознаки со тутун“ би можеле да се ситуации каде можноста за враќање на навиката е највисока, како на забави или со друштво кое пуши. Интересно е она што го откриле: единствената доза од 800 мг на ЦБД помогнала да се намали „задоволството“ гледајќи ги ознаките со цигари, споредено со плацебо групата, посебно кога учесниците апстинирале од цигари во текот на една ноќ.


Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, да се потсетиме на основната карактеристика на ЦБД, дека тоа е непсихоактивен канабиноид во канабисовото растение и располага со тон медицински придобивки, вклучувајќи ублажување на анксиозност и болка. Плус, продуктите богати со ЦБД добиени од коноп, а со мала концентрација на ТХЦ се достапни и кај нас. Значи, опциите се бројни кога бараме ЦБД за откажување од цигари, а исто така и начините на консумирање на состојката се многубројни. Наједноставен начин да се откажете од цигари е да го промените само составот на цигарата :)


Крај на зависностите!
Иако заменувањето на тутунот со ЦБД цвет може да биде најлесниот начин за откажување на цигарите, оваа техника се користи само во првите неколку недели, за целосно да се победи желбата за пушење. Повеќето од најуспешните техники за откажување од цигарите вклучуваат замена на пушачката навика со нови и поздрави навики, како прошетка после оброк или уживање во шоља чај, наместо цигара во моменти кога ти текнува на цигара. Сума сумарум, замената на тутунот со цигари од ЦБД не е долгорочно решение, но е првиот и сигурен чекор во транзицијата. 


Потоа, поздраво е да избереш електорнска цигара за вапорицирање на маслата или да конзумираш ЦБД орално во форма на масло, гума за џвакање, спреј и сл. Истражувањата покажале дека дневна доза на ЦБД им помага на зависниците да се откажат и од други супстанци како опиоиди и кокаин. Да се пуши марихуана за да се откажат цигари не е нова финта, но за да се избегне успореноста од премногу напушеност, предноста на ЦБД се крие во тоа што ти помага да се ослободиш од стресот и од желбата да запалиш уште една, без да ти влијае на моменталната состојба.



Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола

Автор и Основач на здружението: Никола Станчески
Извори: News.herbapproach

Читај повеќе: 


No comments:

Post a Comment