Showing posts with label анорексија. Show all posts
Showing posts with label анорексија. Show all posts

Monday, July 30, 2018

Анорексијата и булимијата природно се третираат со канабис

Коренот на нарушувањата во исхраната е различен и многуброен... За среќа канабисот може да помогне кај некои од нив. Утврдено е дека канабисот го стимулира апетитот, па затоа  тоа може да биде ефикасен третман за луѓето кои не сакаат да јадат. Канабисот може еден ден да биде важен дел од целосниот арсенал на третмани за нарушувања во исхраната


Постои голема разлика помеѓу лекување на луѓе кои гладуваат и лекување на анорексија нервоза (anorexia nervosa). Според Националната асоцијација за нарушувања во исхраната (National Eating Disorder Association), нарушувањата во исхраната имаат највисока стапка на смртност од било која друга психијатриска болест. Овие болести влијаат на 30 милиони луѓе ширум светот, од кои две третини се жени и тврдат дека поради нив илјадници животи се губат  секоја година. Неверојатни 6 отсто од аноректичните извршуваат самоубиство. Тоа е загрозена популација. Секоја помош е добредојдена. Но, нарушувањата во исхраната се комплициран сет на болести. За разлика од грипот, нарушувањата во исхраната имаат бројни причини - само некои од нив се физички. Поверојатно е дека состојбата ќе треба да се третира преку неколку терапии и постојат докази дека медицинскиот канабис може да биде еден природен метод меѓу многуте, што ги спасува булимичните и аноречтични луѓе од работ на самоповредување.


Со години лекарите им препишуваат канабис на пациентите кои страдаат од СИДА и рак, за да им помогнат со цел да го стимулираат својот апетит на природен начин. Логично истиот третман треба да функционира кај луѓето кои имаат нарушувања во исхраната? Причините зошто канабисот го стимулира апетитот и предизвикува „манчис“ не се сосема јасни, иако постои растечки научен консензус. Знаеме дека ендоканабиноидниот систем во човечкото тело е вклучен во регулацијата на апетитот - конкретно, тоа е причината што имаме добро чувство при јадењето храна под дејство на канабис и уживањето во храната е интензивирано. Канабисот влијае на ендоканабиноидниот систем и центарот за наградување во мозокот, па ни дава уште поголемо задоволство додека јадеме. Јадењето станува уживање. Зголеменото чувство на апетит може да направи многу за пациентите кои не сакаат да јадат поради физички проблеми. Многу третмани, како што се хемотерапијата, може да предизвикаат пациентите да го изгубат апетитот, бидејќи желбата за внесување на храна е намалена поради отровите.


Но, за аноректичните и оние кои страдаат од булимија, работите не можат да бидат толку едноставни. За почеток, истражувачите откриле дека по долг период на ограничување на калории (кога луѓето не јадат), човечкото тело покажува промени за да си помогне во справувањето со ситуацијата. Ова вклучува намален апетит и помала желба за храна. Затоа, кај луѓето со нарушувања во исхраната потешко им се враќа желбата за храна. Многу компоненти од нарушено ментално здравје влијаат врз нарушувањата во исхраната. NEDA (Национално здружение за нарушувања во исхраната - National Eating Disorders Association) ги дефинира нарушувањата во исхраната како „био-психо-социјални болести“ кои се создадени од мешавина на физички, ментални, еколошки и генетски фактори. Поради тоа, многу луѓе кои страдаат од нарушувања во исхраната страдаат и од други психички состојби, како што се: анксиозност, OCD, депресија или ПТСД итн. и сите тие исто така може успешно да се третираат со канабис (особено со соодветни концентрации, сооднос на канабиноидите и со соодветно дозирање), бидејќи оваа билка позитивно влијае на расположението, желбата за живот и ставот кон животот. Заедно со случаи на анксиозност и депресија, многу од тие луѓе со нарушувања во исхраната имаат и проблеми со злоупотреба и зависност на супстанции, кои исто така се третираат со канабис. 


Масла и тинктури од врсти на канабис кои се со повисоко ниво на ЦБД, но со пониско ниво на ТХЦ, може да бидат подобри опции за оние со нарушувања во исхраната. Но, тоа сè уште не е добро истражено. Потоа, тука е правниот проблем. Досега, само неколку држави ја наведуваат „анорексијата“ или нарушувањата во исхраната како валидна причина да се препише медицински канабис, а NEDA не го препорачува канабисот како важна алатка во борбата против нарушувањата во исхраната. Друга причина зошто многумина се скептични за канабисот е тоа што не е научно докажана неговата ефикасност во оваа област, иако искуството со години тоа го потврдува. Во студијата базирана на докази во „Биолошка психијатрија“ (Biological Psychiatry), истражувачите откриле дека жените кои страдаат од анорексија нервоза имале компромитиран ендоканабиноиден систем, што значи дека некои од нив не реагирале многу на терапијата базирана на канабис, што значи дека вреди да се проба, бидејќи освен болеста нема што да се изгуби.

Автор: Кристина Т.
Извор: Rxleaf

Thursday, May 31, 2018

Израелска студија вели дека орално внесеното ТХЦ е ефективно кај анорексијата

Канабисот може да помогне во лекувањето на некои од најчестите нарушувања во исхраната. Медицинската марихуана се покажа како доста ефективна во третирањето на анорексијата. Нова студија од Израел откри дека тетрахидроканабинолот (THC), психоактивното соединение во канабисот, е ефикасно во лекувањето на анорексија кога се зема орално


Канабисот го подобрува апетитот и уживањето во храната!
Студијата која беше објавена во израелскиот весник за психијатрија и сродни науки (Israeli Journal of Psychiatry and Related Sciences), беше спроведена од страна на истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим (Hebrew University in Jerusalem), во соработка со Институтот за нарушувања во исхраната на Универзитетот во Хаифа (Eating Disorders Institution at the University of Haifa). За да се спроведе студијата, истражувачите погледнале како конзумирањето до 2 мг орално ТХЦ влијаело на пациентите кои страдаат од хронична анорексија. На 9-те учесници, од кои сите беа жени над 18 години, беше побарано да консумираат ТХЦ ​​во рок од три недели. Истражувачите откриле дека учесниците забележале значителни подобрувања, особено кога станува збор за состојбата нивното тело (тежината), но и психичката состојба.


Авторите на студијата дури забележале дека сите 9 учесници, освен двајца, успејале да добијат на тежина во текот на студијата. „Оваа студија е прва што покажува подобрување на психолошките симптоми на пациентот со АН (анорексија нервоза) кога се третираат со делта-9-ТХЦ, без несакани ефекти“ - рекоа авторите. „Овие охрабрувачки резултати кај група хронични пациенти со АН укажуваат на тоа дека ниските дози на делта-9-ТХЦ треба понатаму да се проучуваат како додаток на третманот на пациентите со АН“ - додаваат тие.


Канабисот е безбеден и ефективен третман за анорексија

Оваа студија е најнова во сè поголемиот број на докази кои ја поддржуваат ефикасноста на употребата на канабис за лекување на нарушувањата во исхраната, започнувајќи од прекумерната тежина, а вклучувајќи и булимија и анорексија. Американската психијатриска асоцијација (American Psychiatric Association) создаде долг документ од 128 страници кој дава упатства за лекување на пациенти кои имаат нарушувања во исхраната. Се разбира дека овој документ вклучува широка листа на анти-психотични лекови кои наводно помагаат во закрепнувањето. Сепак, многу од лековите вклучени во листата, исто така најчесто резултираат со сериозни несакани ефекти. Несаканите ефекти на фармацевтските лекови се значително полоши кога пациентот е прегладнет... 


Несаканите ефекти на конвенционалните лекови наменети за овие нарушувања може да вклучуваат појава на: коронарна болест, напади, па дури и зависност, што во никој случај не може да се јави поради употреба на канабисот. Канабисот е безбедна примарна алтернатива за лекување на нарушувањата во исхраната, бидејќи ендоканабиноидниот систем помага да се регулираат многу важни телесни функции, а тоа го вклучува и апетитот. CB1 канабиноидните рецептори се познати за промовирање на апетитот и го поврзуваат наградниот аспект на јадење храна. Кога CB1 рецепторите се дефицитарни, ова резултира со симптоми кои се врзани за нарушувања во исхраната. Ова е причината зошто канабисот може да помогне. Конзумирањето канабис го враќа ендоканабиноидниот систем во оптимално здравје, вклучувајќи ги и многуте останати функции и процеси во организмот на кои им помага.


Канабисот работи на два начина кога станува збор за лекување на анорексијата. Прво, внесувањето на одредени видови на канабис може да ги поттикне munchies (чувство на глад) или да го поттикне апетитот, бидејќи го стимулира делот од мозокот наречен инсула. На кратко, внесувањето марихуана ќе ве направи гладен и ќе ве мотивира да јадете вкусна храна. Второ, канабисот, исто така, се осврнува на психолошките проблеми кои се поврзани со анорексијата, поради инсулата уште еднаш. Овој дел од мозокот е одговорен за емоциите, сетилните искуства и нашите мисли. Луѓето со анорексија доживуваат анксиозност во овој дел од мозокот кога се соочуваат со мислата за јадење. Благодарение на тоа што канабисот ја стимулира инсулата, ги активира CB1 рецепторите кај лицата со анорексија.


Конзумирањето марихуана на редовна основа го ублажува стресот и вознемиреноста кои се поврзани со јадењето, така што оброкот го претвора во пријатно искуство. Канабисот исто така може да им помогне на пациентите со анорексија во различни фази на заздравување. На пример, пациент со анорексија кој е во критична состојба, но сепак одбива храна, ќе биде поповолен за консумирање канабис, наместо да прифати присилно хранење преку цевка. Елиминирање на потребата да се користи цевка за хранење додека се осигура дека пациентот сè уште добива соодветна исхрана и калории, може да му помогне на пациентот и на емоционално и на физичко ниво. Канабисот исто така може да се користи дури и откако тежината на пациентот се стабилизира, бидејќи може да промовира релаксација и општа благосостојба на целиот организам.


Заклучок

Науката вели дека канабисот може да се користи за лекување на анорексија и други нарушувања во исхраната. Сепак, придобивките од интервенција од страна на психолог сè уште може да бидат потребни во некои случаи. Доколку се соочувате со овој проблем наречен анорексија, разговарајте со лекар кој е отворен за интегрирање на канабис терапијата во вашиот план за лекување, но и во планот за исхрана, бидејќи подобро е да се биде нелегално здрав, отколку легално болен.

Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabis.net