Monday, November 20, 2017

ТХЦ и другите канабиноиди го забрзуваат метаболизмот!

Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, е активна состојка пронајдена во канабисот. Консументите на канабис, особено пушачите, долго време се прашуваа дали ТХЦ го зголемува метаболизмот? Но, зошто уживателите на оваа билка имаат најчесто непроменлива телесна тежина? Подобро е да си нелегално слаб, отколку легално дебел!
Конечно! Јадете колку сакате и што сакате и слабејте! ;)
Медицинските лица од здравствените служби на Универзитетот Колумбија, известуваат дека телото нормално ја обработува храната без разлика дали марихуана се користи повеќе или поретко. Но, како е возможно канабисот да предизвикува апетит, а тоа да не ни се одрази со вишок килограми? Предизвикува глад, но сите долгогодишни корисници на канабис коишто јас лично ги познавам, имаат непроменлива килажа, тие што имаат прекумерна имаат ослабено со текот на времето и иако јадат повеќе и најчесто не внимаваат што јадат, а пак се поздрави и зрачат со позитивна енергија, а да не спомнувам и дека целокупното здравје им е во одлична состојба. Тоа ме доведува до заклучокот дека марихуаната помага да ја одржуваме најоптималната телесна тежина за нас, токму поради тоа што канабиноидите го стимулираат метаболизмот преку ендоканабиноидниот систем.


Истражувачите открија два канабиноида кои можат да ја зголемат количината на енергија што ја согорува телото. Иако канабисот е познат по тоа што поттикнува глад кај оние кои го консумираат, познато како munchies (манчис), научниците откриле дека исто така може да има ефект на потиснување на апетитот по испитувањето на две соединенија, наречени тетрахидроконанавиварин (THCV) и канабидиол (CBD). „Резултатите на животинските модели беа многу охрабрувачки. Ние сме заинтересирани за тоа како овие лекови влијаат врз масното ткиво во организмот и како третман за метаболички болести“ - вели д-р Стеф Врајт (Steph Wright), директор за истражување и развој при GW Pharmaceuticals.

Подобро е да си нелегално слаб, отколку легално дебел!
Испитувањата на глувците покажаа дека соединенијата го зголемуваат метаболизмот кај животните, што доведува до пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и го намалуваат холестеролот во крвотокот. Исто така, се покажа дека THCV ја зголемува чувствителноста на животните кон инсулин, истовремено заштитувајќи ги клетките кои произведуваат инсулин, овозможувајќи им да работат подобро и подолго. Ова истражување е почетокот на развојот на третмани за болести поврзани со дебелина и тип 2 дијабетес. GW Pharmaceuticals веќе одамна работи на различни лекови базирани на марихуана за третман на мултиплекс склероза, епилепсија, болки од канцери и други состојби. Професорот Мајк Коуторн (Mike Cawthorne), директор за метаболичко истражување на Универзитетот во Бакингем, кој ги спроведува студиите за животни, рече: „Се чини дека овие молекули ја зголемуваат потрошувачката на енергија во клетките на телото преку забрзување на метаболизмот“.

Со преваленцијата на конгломерати за брза храна, дебелината станува сè потешко прашање и во Европските земји. „Овие наоди се исклучително важни, особено кога станува збор за споредување на марихуаната и алкохолот“ - истакнува уште пред пет години Роб Кампија (Rob Kampia), извршен директор на Проектот за политика на марихуана во Вашингтон, како реакција на наодите. „Марихуаната е очигледно побезбедна од алкохолот, но сега сфаќам зошто добив над 10 килограми кога престанав да користам марихуана, но продолжив да го употребувам алкохолот и покрај фактот дека алкохолот содржи калории, додека марихуаната не содржи ништо. Сега да дознаеме дека молекуларната структура на марихуаната всушност може да помогне кај дебелината и сличните болести, е прекрасно, но исто така е бесрамно кога мислите за континуираните напади на администрацијата на Обама врз медицинската марихуана. Ако Првата дама навистина е загрижена за дебелината во Америка, таа треба да му каже на сопругот да престане да се меша со законите и истражувањата на државната медицинска марихуана. Впрочем, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес убиваат стотици илјади луѓе во оваа земја секоја година. Марихуаната убива точно нула“ - заклучува тој.

Автор: К. К.
Извор: Sensi Seeds

2 comments:

  1. Replies
    1. Благодариме за поддршката!

      Канабисот е лек без разлика на кој начин се консумира. Секој начин на консумирање канабис е лековит. НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ, а безброј оздравени од најтешки дијагнози за кои модерната медицина нема решение! Ве замолуваме да ја лајкнете нашата ФБ страница www.facebook.com/420macedonia и да ги поканите вашите пријатели да го сторат истото за побрзо да ја ослободиме оваа Боженствена билка!

      Не заборавајте да ја оцените страницата https://www.facebook.com/pg/420macedonia/reviews/
      Ве поканувам на нашата страница - https://420macedonia.blogspot.mk кадешто секојдневно објавуваме најнови корисни информации околу лекувањето со канабис!

      Ве молиме споделете го текстот за случајов да добие масовна поддршка од цела Македонија и конечно да се ослободи канабисот на овие простори! 420macedonia.blogspot.mk/2017/10/blog-post_5.html

      Срдечен поздрав од нашиот тим,
      420 Macedonia

      Delete