Tuesday, May 29, 2018

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Научниците сметаат дека откриле нов канабиноиден рецептор чие понатамошно проучување може да отвори нови можности за лекување. Ова ново истражување покажува дека канабисот може да влијае на човечкото тело на нови и невидени позитивни начини


Откако владата на САД конечно им дозволи на научниците да ги истражуваат можните медицински придобивки од канабисот, целата димензија на човечката биохемија која претходно постоеше во сенките одеднаш се префрли во фокус. Деведесеттите години доведоа до откривање на ендоканабиноидниот систем - витална и важна компонента на централниот нервен систем кој игра улога во сè - од когнитивните процеси и сензорите за болка, до регулирање на апетитот и физичката активност, регулирање на сонот и будноста.


Тоа беше откритие на деценијата! Науката има стекнато подлабоко разбирање за тоа како телото управува и се регулира под дејство на ова најбезбедно и најлековито растение. Во годините откако кутијата на Пандора е отворена, подароците не запираат да излегуваат од неа. Бидејќи ендоканабиноидниот систем достигнува толку многу домени на човечкото искуство, тоа е неверојатно плодна почва за истражување. Тоа е како кога Европејците „ја откриле“ Америка. Одеднаш, има нов, богат свет за да се истражи со чудни нови фасцинации од суштинска важност за среќна иднина на целиот свет и општата благосостојба на секое човечко битие.


Анимација на канцерогена клетка
Делувањето врз ендоканабиноидниот систем со помош на канабиноиди од канабисовото растение ветува превенција и лекување на рак, автоимуни нарушувања, депресија и останати психо-физички состојби, болести и нарушувања. Најголеми и најпознати играчи во ендоканабиноидниот систем се два канабиноидни рецептори најчесто наведени како: CB1 и CB2. Овие молекули се центрите кадешто се случува магијата. Како и сите биохемиски рецептори, CB1 и CB2 се протеински молекули кои примаат хемиски сигнали надвор од клетката. Помислете на нив како на малиот црн дел на вашиот телевизор на кој го насочувате далечинскиот управувач. Тие седат заспани додека не добијат сигнал, а потоа се активираат.


Нашето тело има потреба од канабис
Иако овие два рецептори долги години беа познати како единствени, тие не се единствените рецептори во ендоканабиноидниот систем, бидејќи постојат и други атипични рецептори кои се одговорни за други функции во телото и се активирани од страна на други канабиноиди. Сега научниците мислат дека назначиле нов канабиноиден рецептор, кој може да отвори нови можности за лекување. Молекулата за која станува збор оди со името GPR55, но наскоро може да се нарече CB3. Самата молекула за прв пат била откриена во 1999 година во различни делови на мозокот - хипокампусот, малиот мозок, таламусот итн. Новите истражувања откриле дека се крие и во пооддалечените делови од телото, како што се слезината, гастроинтестиналниот тракт и надбубрежните жлезди.


Доколку оваа молекула е навистина канабиноиден рецептор, тоа значи дека тековното разбирање на ендоканабиноидниот систем е многу нецелосно. Оваа молекула е различна од CB1 и CB2, кои делат многу слични карактеристики. За разлика од тоа, GPR55 има помалку од 15 проценти од својот аминокиселински идентитет. Тоа значи дека е можно оваа молекула, која е насекаде низ нашиот мозок и низ неколку други витални делови од нашето тело, да функционира на нов и поинаков начин отколку што мислевме дека е можно. Би било како да откриете дека нервите во прстите не одговараат на допир на истиот начин како што реагираат нашите прсти; наместо насетување на физички објекти, тие можат да ги насетат магнетните полиња.


Колоректален канцер
Потенцијалот тука е гигантен. Тоа би можело да објасни зошто маслата со целосен спектар на канабиноиди (домашно изработените, не тие од аптека) имаат толку разновиден спектар на здравствени придобивки, од кои многу од нив се докажани преку испитувања, а потврдени и преку искуствата на пациентите, но лошо разбрани од научна перспектива. Ако истражувачите можат да го откријат механизмот со кој функционира медицинскиот канабис, тоа може да нè доведе кон развивање на нови и поефективни терапии за сите видови болести. Но, не само тоа. Откривањето на новите слоеви од ендоканабиноидниот систем и разбирањето како истите делуваат под дејство на канабис, има огромен потенцијал да нè научи за начинот на кој нашите тела функционираат и механизмот со кој се борат против болестите.


Сами одгледајте си го лекот!
Присуството на GPR55 во клетките на ракот звучи опасно, но всушност вреди да се размисли подлабоко на оваа тема. Додека точните функции и фармакологијата на GPR55 се далеку од разбирање, ако можеме да дознаеме што работи во клетките на ракот, ќе знаеме повеќе за самиот рак: како и зошто се јавува, како се шири и како да се стопира и уништува, но и како да се спречи пред да се појави. Ако излезе дека можеме да влијаеме на ракот, манипулирајќи со овој нов канабиноиден рецептор или општо целиот ендоканабиноидниот систем на телото, ќе имаме повеќе оружје во нашиот арсенал на анти-туморските природни лекови. Ова е од суштинско значење за здравата иднина на нашите деца.


Меѓу многуте циркулирачки теории за својствата на CB3 е дека телото може да има способност да трансформира еден вид на канабиноид во друг. Ако тоа е вистина и клетките на ракот можно е да го користат CB3 за некоја лоша намена, па може да биде возможно да се открие соодветен канабиноид од канабисот отпорен на промени што ја забавува прогресијата на туморите и воедно ги уништува. Иако на оваа теорија потребен ѝ е долг пат, сепак заради потенцијалните можности и медицински придобивки вреди ова побрзо да биде истражено многу подетално. CB3 би можел да го претстави следниот чекор напред во лекувањето на човечкото страдање.


Едуцирај се повеќе:

Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

Човечкото мајчино млеко природно во себе содржи свои сопствени канабиноиди!

Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис


Автор, главен и одговорен Уредник, Основач и Претседател на здружението 420Macedonia: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

No comments:

Post a Comment