Основачот на Vitahemp Australia, Ендру Кавасилас (Andrew Kavasilas), верува дека ќе видиме како индустријата расте од силна во посилна, сега откако е легално канабисот таму да се консумира како храна
Основачот на Vitahemp Australia, Andrew Kavasilas |
Најновата „суперхрана“ на АВСТРАЛИЈА - конопот - сега е достапна, откако беше легализиран за да се продава како храна во Австралија. Започнувајќи со маслото од семе од коноп па сè до пиво од конопово семе, индустријата забрзано се развива и секојдневно носи сè повеќе производи на полиците за потрошувачите. Новите прописи стапија на сила во неделата на 12 ноември 2017 година, откако Федералната Влада даде зелено светло за човечка конзумација на коноп со ниско ниво на ТХЦ. Австралиската конопова партија (Australian HEMP Party) и коноповата Нимбин Амбасада (Nimbin HEMP Embassy) овој месец ја одбележуваат оваа пригода нудејќи дегустација на бесплатни примероци на семе од коноп и масло од семе од коноп.
Nimbin HEMP Embassy |
Претседателот на ХЕМП партијата и воедно Претседател на ХЕМП Амбасадата, Мајкл Балдерстон (Michael Balderstone), рече дека семето од конопот е создадено како „неприкосновена храна“. „Тоа е суперхрана (со) извонредни омега 3, 6 и 9 и многу протеини... Woolworths (супермаркети) ќе го имаат на нивните полици за кратко време замислувам“ - рече Балдерстон. Некои производи достапни за купување вклучуваат сурови производи како кај маслото од семето од коноп, излупени семки од коноп, брашното од семе од коноп, протеини од конопово семе и од нив ќе видите мусли барови, чоколади, леб, млеко, преливи за салати, сладоледи, па дури и пиво. Ендру Кавасилас, секретар на партијата ХЕМП и основач на компанијата за коноп Витахемп лоцирана во Нимбин, изјави дека го следеле ова за „речиси 20 години“ и го опишале денот како „хранливо-историски“.
„Ќе имаме вистинска здрава храна која конечно ќе биде достапна со нови можности за земјоделство, вклучувајќи пристап до меѓународниот пазар кој допира милијарда долари“ -изјави Кавасилас. „И работни места, работни места, работни места, ние веќе ги гледаме во производство, обработка, логистика, дизајн и пакување, маркетинг, продажба на големо и мало“ - додава тој. Г-дин Кавасилас додаде во изминатите седум години, државната полиција ги покрена прашањата околу храната од семе од коноп попречувајќи со случајни тестови на плунка и покрај фактот што уредите за проверка не се доволно веродостојни. На темата, г-дин Балдерстон рече: „нема друга полиција во светот што тестира плунка како во Австралија“ и треба да се стремиме „да се каже разликата меѓу исхрана и интоксикација, оштетување од лекови и самото присуство на канабиноиди“.
Не треба да забораваме исто така дека интоксикацијата со канабис е невозможна, а Кавасилас рече само затоа што контроверзнава храна сега е легална, тоа не значи дека тука во Австралија постои снабдување. „Темпирајќи мудро тоа ќе беше подобро за целата индустрија да се започне околу времето за жетва што е околу февруари/март“. И покрај тоа што е последната земја што ја дозволи употребата на коноп во човечката исхрана, според г-дин Кавасилас, Австралија сè уште е во единствена позиција за извоз. „Нашите ергономски квалификации на меѓународно ниво се одлични за добивање на чист, зелен, австралиски органски производ, мислам дека луѓето навистина ќе го сакаат тоа“ - заклучува тој.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Northern Star
No comments:
Post a Comment