Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Доколку некогаш ти се изводени марихуаната, не грижи се бидејќи тоа немора да значи дека е пропадната. Постојат начини за благословените туфчиња да се вратат во живот за она за што Творецот ги предодредил
Доколку цветовите се само влажни и не скапале во меѓувреме, процесот на повторно сушење само ќе потрае 2 до 3 дена. И тоа не треба да ти влијае на трпението или да те онерасположува - туфката пак ќе стане квалитетна за пушење или изработка на екстракт, доколку направиш нешто од следново:
1. МЕТОД СО ХАРТИЈА
•Марихуаната да се стави во кафеава хартиена ќеса, како на сликава десно, или во кујнска хартија за бришење раце;
•Остави ја ќесата или хартијата на темно и суво место;
•Нека биде во просторија со проток на воздух. Ако е потребно постави вентилатор;
•Смени ја ќесата или хартијата и врти ги туфките на неколку часа;
•Стави ги влажните туфки во стаклена тегла и наполни ја со ориз;
•Остави ја теглата отворена еден ден;
•Извади ги туфките и провери дали има мувла;
•Нека има проток на воздух во просторијата за да се спречи мувлата или вентилатор;
•Кога туфките изгледаат суви, иситни ги и ако е потребно остави ги во кујнска хартија неколку часа за целосно да се доотстрани влажноста.
Вентилатор ја суши марихуаната во целосно темна соба
Наводенетата марихуана се чува на суво и темно место
Кога ти се намокрува марихуаната најпрво помислуваш да ја исушиш со фен, да ја ставиш во микробранова печка или во рерна на мала температура или пак, на сонце или под ламба за неколку часа. Но, овие практики не се најдобри тактики за одржување на интегритетот на марихуаната, бидејќи влагата нема соодветно да ја исушат, а може да предизвикаат декарбоксилација. Овие методи хемиски ги оштетуваат трихомите, губејќи ТХЦ и други канабиноиди и терпени и активни состојки кои се присутни на туфките. Плус, туфките исушени на некој од овие начини стануваат погруби и понепријатни за пушење. Значи, најдобро е да се има трпение со некој од горенаведените два методи и да се избегнуваат топлина и светлина.
Кога ќе ти се наводени марихуаната најважно е да се избегне мувлата. Ако туфката почне да фаќа мувла која рапидно се шири, жал ми е но, веќе е ѓубре: пушењето мувла е штетно по здравјето! Друга важна работа која треба да ја припазиш е дека ако ти падне марихуанчето во море или во базен треба да го фрлиш. Боли, но да внесуваш сол од океанот или хемикалии од базенот може да боли повеќе... Доколку ти падне двојката во бонг или ја потуриш со пијалок базиран на вода, највероватно ќе можеш да успееш да ја спасиш со некој од погорните два методи со хартија или со ориз или пак, комбинација од двaтa. Бидејќи ТХЦ не се раствора во вода, одредена количина на вода не би требало да влијае врз интензитетот на марихуаната. После овие методи за сушење, туфките можеби нема да изгледаат најубаво, но ќе можат да се искористат, евентуално за подготовка на масло од канабис за лична употреба, но не и за продажба.
Во утринските часови растресете ги влажните или росни растенија, а особено по дожд секогаш кога можете. Спречувањето на туфките да останат влажни е многу важен дел од спречувањето на гниењето на туфките или мувлата. Ако ги оставате туфките влажни, само правите поголеми шанси за појава и одржување на мувлата и гниењето! Најпрепорачливо е доколку одгледувате канабис во надворешни услови, местата коишто ќе ги одберете не само да бидат заштитени од јавноста, туку истите да бидат изложени на убав провев на ветар, но и многу сончева светлина! Билките треба да добиваат директна сончева светлина особено во утринските часови за побрзо да се исуши утринската роса или ноќниот дожд
Кога одгледувате outdoor, речиси секогаш сте оставени на милост и немилост на природата, сепак треба да се потрудите најдобро што можете за да ги заштитите растенијата од премногу влага и студ. Треба особено да внимавате на влажноста во одгледувалиштето, доколку одгледувате во стакленик или пластеник. Студените и влажни услови кога одгледувате надвор се време кога мувлата најверојатно ќе ги погоди вашите пупки. Затоа есента може да биде особено опасна - цветовите од канабисот самошто достигнале период на жетва и станале дебели и густи, што ги прави идеален дом за мувлата. Ако времето е особено ладно и влажно и ако дури и една од вашите билки всушност фати гниење, оберете ги цветовите веднаш! Ако тоа се случило на едно стебло, истото обично ќе се прошири и на другите стебла многу брзо.
Подобро е да се ожнее малку порано, отколку да се изгуби целата жетва!
Врсти канабис наменети за отворени простори отпорни на мувла
Иако на ова не можете и не би требало со сигурност да се потпирате, сепак некои видови се поотпорни од другите во поглед на мувлата. Во претходниот текст од оваа серија споменавме две такви врсти наменети за индор. Ако живеете во влажна средина или ако сте одгледувач на отворен простор и се соочувате со студени и влажни услови уште на почетокот од есента, не може да си наштетите ако одберете врсти коишто се поотпорни на мувла! Еве два вида кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување на отворено:
Jamaican Pearl
1.) Frisian Dew (Фризиска роса) - популарен вид по тоа што околу половина од растенијата создаваат пупки кои се претвораат во неверојатна, енергично пурпурна виолетова боја (другата половина од растенијата даваат зелени туфки, но сепак се убави и ефектите се исто толку добри). Овој вид е многу погоден за растење на отворено, дури и во северните клими и е особено отпорен на мувла.
2.) Jamaican Pearl(Јамајкански бисер) - овој вид има овошен мирис, расте многу добро на отворено и не е само отпорен на мувла, туку исто така има големи приноси. Познато е дека произведува уникатен церебрален ефект во твојата глава кој трае долго време и нема да те заспие. Се препорачува жетвата на Јамајкан перл туфките да започне пред трихомите да започнат да добиваат боја на килибар за најдобри ефекти!
„Јас сум од Лондон и ова ми е втора жетва воопшто. Прв пат канабис одгледував во Македонија, втор пат тука, ама имам многу читано и имам вујко од Добрејци, Струмица - Сандо кој е 35 години пушач на канабис, кој исто така е искусен одгледувач и ми има дадено многу совети. Не сум нешто посебно задоволен зашто одгледувам надворешно во саксии, па стеблата не се многу големи, но сепак се преубави. Малку доцна ги засадив, негде 20 мај, па затоа и имам проблем со мувлата. Значи сум почнал на 20 мај и сметам дека тоа е малку предоцна за outdoor, затоа што имам најмалку уште 2 недели до крајот на цветањето, плус со влажнава клима како овде во Лондон и не треба да е нејасен мојов проблем, туку за пофалба треба да биде мојот успех.
Од Александар Пешев, Лондон 2017
Затоа ставив вентилатор внатре и плус таа сивата цевка што ја гледате е за свеж воздух. Го прочистува воздухот, а вентилаторот проветрува и мислам дека ќе го средам проблемот со мувлата. Сум почнал со обична земја од цвеќара. Со семе од sensi seeds од врстата Purple Bud и White Skunk. Сум употребувал чај од коприви, како органско ѓубриво; Чај од врвови од жална речна врба; витамини т. е. нутритиенти н.п.к 15.15.15. и слично. Експериментирав и со лушпи од јајца, лушпи од банана миксирани како шејк со млеко и додаваш и талог од кафе и со ова го храниш растението супер. Кога ќе почне да цвета, јас препорачувам и козјо млеко. Јас инаку на средината му ставав и гомна од кокошки... Иако јас препорачувам гомна од гулаби измиксани еден према 7 вода. Ова ми е втора жетва... Воедно и најдобра зашто имам мир и немам проблем со никој за да се плашам да посадам некое коренче за мене. Јас исто и употребував цело време дождова вода. Најубавта вода ја ставав од дожд, благодарение на тоа што куќата во којашто живеам има буриња за собирање дождовница. Се гордеам што успевам во ваква слаба клима да извадам убав дим. Прекрасен дим постигнав од оваа жетва иначе и сум можел и поголеми приноси да извадам, ама здравје следниот пат - секој пат секогаш е подобар од претходниот!“ - во разговор со нас изјавува Александар Пешев од Лондон. ВНИМАНИЕ!!! Користете ѓубриво кога тоа навистина е потребно. Кога користите ѓубриво, внимавајте да не ги изгорите корењата! Со ништо не претерувајте :)
Откако накратко ве воведовме во оваа толку многу важна тема за правилно одгледување на најквалитетен лек - спречувањето на мувлата - и ви објаснивме од каде доаѓа оваа габа, како се создава и кои се најчестите три типови мувла коишто може да се појават во било која фаза од растечкиот циклус, но и како да ги избегнете, сакаме да ви објасниме кои се трите најчести моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана:
1.) Кога билките се големи и разлистани...
БПМ на листовите...
Белата прашкаста мувла - БПМ (White Powdery Mildew) е тип на мувла што ги напаѓа билките кои растат во жешки, влажни услови без голем проток на воздух. Овој тип на мувла се развива кога воздухот е застоен. Изгледа како некој да ги испрскал листовите, туфките и стеблата со малку брашно. Малку од белата прашкаста мувла на лисјата е лош знак, но доколку таа премине надвор од контрола, може да ги уништи туфките, па дури и да го убие целото растение!
БПМ може да ги нападне билките и цветовите во секој момент од нивниот живот, па дури и кога се мали и млади, но најчесто таа се јавува кога билките се веќе големи и разгранети, затоа што големите листови го спречуваат протокот на воздухот и ја зголемуваат влажноста. Ова најчесто се случува кога одгледувате во многу мали места како шкафови, шатори за одгледување, гроу боксови... Ако одгледувате во затворен простор, вентилаторот е многу важен, не само поради симулација на ветер, туку и за спречување на овој тип на мувла. Ако билките се многу разлистани и имаат големи листови, светлината речиси всушност непродира преку врвот на растението во средината. Ако вегетацијата е преголема за вашиот простор, ризикувате БПМ да се појави како непосакувана гостинка, особено ако времето е жешко.
БПМ на стеблата...
Колку билката е побујна, толку повеќе вода (пареа) таа испушта во воздухот кога дише. Размислете за тоа со колку вода ги полевате вашите растенија? Најголемиот дел од таа вода завршува токму во воздухот во кој билките растат. Поради тоа што големите билки пијат многу, тие конвертираат многу вода во високи нивоа на влажност. Логично... Тоа е истата причина зошто прашумите секогаш остануваат влажни и магливи! :) Големите растенија што растат збиени во мали простори, поради тоа што имаат помал проток на воздух, најверојатно прават џебови од застоен воздух, создавајќи при тоа идеални услови за размножување на спорите и развој на оваа болест на растенијата...
БПМ на туфките...
Паметното поставување на вентилатор/и ќе оди долг пат кон спречување на БПМ. Мувлава едноставно не може да расте во проветрена и чиста средина. Ако има мал провев над сите лисја (сите листови шумолат нежно, но не мавтаат наоколу како полудени), не само што ја спречувате БПМ, туку како дополнителен бонус вашите растенија го сакаат тоа и всушност, ќе растат и побрзо затоа што со помош на вентилаторите на вашите „девојки“ им обезбедувате приближно еквивалентни услови како кога би растеле во природа! Колку повеќе вегетација, толку подобра вентилација! ;)
Густи билки во тесен простор - поголем ризик од БПМ
Но, дури и со многу вентилатори, преголемата влажност е најголемиот непријател на билките, а најголем пријател на овој тип мувла. Добар систем за вентилација, т.е. издувен систем со силен вентилатор за издувните гасови, ќе го издувува топлиот и влажен воздух и ќе го заменува со поладен, посув воздух од надвор. Кога одгледувате многу листести канабис билки како овие на сликата (каде што речиси целиот среден и долен дел од билката воопшто не добива воздух) - во тој случај малку ДЕФОЛИЈАЦИЈА (отстранување на одвишокот големи листови) може значително да помогне за зголемување на протокот на воздух низ внатрешноста на билките, а воедно се намалува и влажноста.
Добра вентилација
Потребна е добра циркулација на воздухот во растечкиот простор (добар проток/провев) на воздухот. Во краен случај може да се користи и „одвлажнувач“ (dehumidifier) за да се намали влажноста. Последното нешто што можете да го направите е да бидете сигурни дека температурата во вашиот растечки простор никогаш не оди над 80 °F (27 °C), а особено не над 85 °F (30 °C), бидејќи тоа е кога БПМ започнува да полудува, а мувлата може да ја покрие целата билка за само неколку дена! :(
2.) Во доцната цветна фаза...
Во последните неколку недели пред жетвата, пупките (туфките) стануваат многу подложни на белата влакнеста мувла или пак на темно кафената или сива правлива мувла. Колку се поголеми и погусти вашите туфки, толку е полесно да се одржи мувлата на нив. Мувлата може да дојде во многу јаки и чудни бои, вклучувајќи бела, жолта, кафеава, сива или речиси загадена црна боја. Не е важно кој е типот на мувлата, типовите на мувла кои ги напаѓаат туфките од внатре ги имаат истите основни ефекти и можат да бидат спречени со истите тактики. Со внатрешната мувла (често пати позната само како „гниење на туфките“) надворешноста на пупката може прво да се појави нормално, но сите лисја одеднаш ќе умрат. Самата туфка исто така, ќе стане грозна, ќе ја изгуби оригиналната природна боја, наскоро откако мувлата ќе се одржи.
Сите други билки изгледаат здрави, но што не е во ред со таа единствена билка со жолти лисја?
Иако, многу работи можат да предизвикаат жолти лисја, интересно и воедно мистериозно е кога само една билка покажува такви симптоми, додека сите други изгледаат здрави. Важно е веднаш да се испита дали нешто чудно или ново се случува со вашите растенија. По поблиска проверка, пупката сè уште изгледа главно нормално однадвор, но што е тоа? Кога билката канабис е погодена од гниење на туфките, лесно се отвора на самото место и се открива мувлата што е внатре. Сите листови што ја допираат мувлата е лабави и паѓаат.
Ако туфките се нападнати од гниење, навистина добра идеја е веднаш истите да се отстранат и фрлат во ѓубре - сите погодени туфки, за да се намалат вашите загуби и ќе треба да го оберете растението многу брзо. Цела туфка може да изгние буквално преку ноќ, особено ако друга пупка има мувла, бидејќи тоа значи дека има тони спори во шаторот/растечкиот простор. Оберете ги вашите пупки што е можно поскоро за да не се разбудите следното утро со уште поголема загуба на здравите туфки, само затоа што не сте изреагирале на време!
Најболно за одгледувачите е кога мувлата ќе се појави на самиот крај, по цели 4 месеци макотрпна и посветена работа, откако правилно туфките узреале и сте ги обрале на време. По бербата и кастрењето, не дозволувајте мувлата да се појави за време на сушењето и лекувањето (кјурингот). Сте стигнале до тука, сте посветиле толку многу труд, љубов и време, па кукавички е сега да се откажете и да кренете раце! Од она како ги сушите и „лекувате“ вашите туфки, многу зависи дали крајниот продукт ќе биде просечен, добар или лош. Правилниот кјуринг по правилното сушење не само што ја спречува мувлата, туку може целосно да го промени изгледот и вкусот на туфките, како и потентноста (јачината), но и мазноста за време на пушењето.
Кога станува збор за квалитетот на канабисот, она како ги растеш туфките сочинува 50% од твојот финален квалитет, 25% е изборот на врстата, а процесот на сушење и кјуринг ги сочинува останатите 25% од квалитетот. И покрај зголемувањето на квалитетот на туфката, сушењето и кјурингот на вистинскиот начин ја спречува мувлата. Процесот на сушење/кјуринг е незгодно време кога може да биде лесно да се создадат услови каде што мувлата може да нарасте преку ноќ, па затоа не е добра идеја да ги прескокнете овие круцијални чекори од целиот одгледувачки циклус. Но, најважното нешто што можете да го направите е редовно да ги проверувате вашите туфки (не кога спијат за да не станат хермафродити поради стрес), за да можете брзо да реагирате ако има некаков проблем!
Немојте да пушите скапани туфки и не правете екстракти од згниени туфки... Мувлата може да има различни форми и бои, понегогаш изгледа и доста убаво, но не дозволувајте да бидете прелажани! Ако сте почетници, не дозволувајте да бидете излажани од дилерите дека мувлата се некои „конци“, т.е. канабиноидни влакненца што се поразлично истакнати кај најквалитетните врсти канабис... Подолу, може да погледнете три видеа од Македонец во Лондон кој се соочува со мувла и оваа серија текстови за мувлата, како проблем при одгледувањето е создадена токму на негово барање :) Дознајте како да ја спречите мувлата, дознајте повеќе за врстите канабис за одгледување во овторен и затворен просторкоишто се отпорни на мувла, како и други корисни совети - наскоро, во следните неколку објави!
Кјурингот завршува две примарни задачи на молекуларно ниво: намалување на количеството на хлорофил во цветовите, но исто така разложување на шеќерите. Овие две цели заради кои примарно се извршува кјурингот, истовремено даваат значително помазен чад кога цветовите се пушат. Туфките стануваат попотентни (помоќни), со тоа и полековити, подолго се задржуваат лековитите состојки, се задржува убавата боја на цветот, трихомчињата целосно созреваат, а цветовите со кјурингот добиваат многу поубава арома којашто се задржува многу подолго, ако понатаму канабисот се чува соодветно (во затворени стаклени тегли на пример, на суво, ладно и темно место, може и во ладилник/замрзнувач). Редукцијата на хлорофилот ја отстранува аромата и вкусот на сено и свежо косена трева. Билката што кај пушачите дава вкус на искосен тревник, едноставно треба да помине низ процесот „кјуринг“
Лист за впивање на влажноста
Кјурингот е процес на „подобрување“ на правилно исушените цветови од канабис и овозможување со тоа хлорофилот и шеќерите во него да се разложат и ослободат, со цел да се подобри аромата, вкусот, бојата и потентноста. Отстранувањето на шеќерите за време на кјурингот ја зголемува мазноста за време на пушењето, за повеќе уживање, за подобар лек. Туфките кои не поминале низ кјуринг, најчесто знаат да предизвикаат непотребно кашлање и може да ги насолзат очите, едноставно да предизвикаат моментанла состојба што наликува на алергиска реакција. Оваа моментална реакција е предизвикана токму поради присуството на хлорофил и шеќери во туфките. Со цел ова да се избегне тревата значи не само што треба да е правилно одгледана, правилно исушена, туку и правилно „излечена“ (cured). Искусните одгледувачи од порталот Mass Roots сметаат дека канабисот што поминал „кјуринг“ е помалку веројатно да предизвика моментална анксиозност и главоболка, особено кај еуфоричните сатива врсти.
Оптималното ниво на влажност за кјуринг зависи многу од природата и густината на цветовите што ќе бидат „лекувани“ и таа треба да биде околу 45-55%. Температурите под 18°C (65 F) не се препорачани, поради тоа што тие драстично го успоруваат сушењето и процесот кјуринг. Температурите од 18-24°C (65-75 F) се најдобри за кјуринг. Оваа многу важна последна фаза од култивацијата значително ја подобрува аромата од терпините и вкусот на секоја врста канабис. Кјурингот исто така ги намалува шансите од појава на мувла во цветовите, особено кај густите индика туфки. Со оглед на тоа што цената на канабисот на црниот пазар сè уште не е пристапна за сечиј џеб, а исто така пристапот до квалитетен цвет е ограничен поради забраната, овој едноставен (бесплатен) процес за подобрување на квалитетот на вашиот лековит цвет е од суштинско значење!
Одгледувањето канабис вклучува четири различни стадиуми:
1. Вегетација
2. Цветање
3. Сушење
4. Кјуринг
Црниот пазар врши притисок врз одгледувачите да го игнорираат овој четврт толку значаен процес и да го пуштаат својот производ на пазарот „неизлечен“ со цел да обезбедат брз профит и поради тоа што на црниот пазар нема контрола на квалитет на финалниот производ. Буквално кажано, она што се случува е како да купувате „нестасано вино“...
Како правилно се одвива кјурингот?
Кјурингот е од суштинско значење!
Откако цветовите се правилно исушени, кјурингот може да започне! Одредувањето на соодветното ниво на влажност може да се спроведе со употреба на „snap“ тест. Ако стебленцата и гранчињата од туфчињата се свиткаат и се доволно суви за да се скршат, без меко да се свиткаат, цветчињата се спремни за кјуринг. Кјурингот не бара поседување на скапа и комплицирана опрема. Сè што е потребно е стандардна голема тегла којашто убаво херметички се затвора или сличен сад што може да се затвори и кој ќе се чува на темно место. Овој процес во просек одзема грубо кажано од две недели до два месеци! Различни канабис врсти може да бараат малку различни услови и периоди за кјуринг.
Во основа, колку е подолг кјурингот, толку е подобра аромата и зголемена е потентноста на цветот и цветот е повкусен при консумирање. Откако ќе ги сместите исушените цветови во тегли, отварајте ја теглата секој ден за да обезбедите циркулација на воздухот помеѓу цветовите и за да им дозволите да „дишат“. Оваа постапка некои одгледувачи сметаат дека треба да се прави еднаш дневно - да се отвори теглата и да се изложи на чист воздух за околу 15 минути. Ова овозможува хлорофилот и шеќерите што се ослободиле да избегаат од теглата со отворањето на капакот и ова го поттикнува распаѓањето на овие непотребни сосотојки.
Некои одгледувачи препорачуваат теглите за кјуринг да се отвараат на секои два-три дена и да се оставаат отворени за околу 1-3 часа. Без разлика која шема ќе ја примените, она што е важно е дека теглите треба да се отвараат на редовна основа (процесот мора да биде непрекинат и континуиран до крајот) и воздухот да се овозможи да циркулира краток период. Самите уверете се која е разликата кога пушите цвет кој не бил соодветно или воопшто „излечен“ и цвет кој бил долго време на кјуринг. Екстрактите исто така ќе ви бидат подобри, доколку ги правите од почетен материјал кој е правилно исушен и излечен.
Ако по првата проба на цветот се чувствува мирис на амонијак, тоа сигнализира дека билката не е комплетно исушена. Ако ова се случи, тревата треба да се доисуши и потоа да ѝ се направи curing. Како што кјурингот продолжува, при самиот крај не мора толку често да ги отворате теглите. На крајот на процесот, ако теглата може да се чува затворена за период од една до две недели и кога е отворена, не обезбедува мирис на амонијак или хлорофил, лекот е подготвен за консумирање. Некои одгледувачи експериментираат со периодите на кјуринг, па има дури и такви кои сметаат дека кјурингот треба да трае две години, тврдејќи дека тоа резултира со екстремно мазен чад кој има подобрена потентност и канабиноиден и терпински профил што нуди поголема медицинска ефикасност и/или зголемен психоактивен ефект, а исто така цветовите поубаво согоруваат кога се пушат.
Дополнителни совети за правилен кјуринг
Добро чувана лево
УВ светлото ги уништува цветовите, поради тоа многумина ги обложуваат теглите со нешто темно по боја. На порталот HERB велат дека влажноста во теглите треба да биде точно 60-65% и препорачуваат кога го правите „снап тестот“ цветовите да не се пресушени и целосно кршливи на допир, туку поголемите стебленца од туфчињата уште да може да се виткаат. Вие ќе одредите како е најдобро за вас и за досушување на цветовите пред и за време на кјурингот некои ставаат лист хартија за впивање на влажноста. Секојдневно проверувајте ги туфките, отварајте ги теглите на 10 минути за да ја излуфтирате влажноста. Кјурингот значи се извршува со цел полека да се извлече влажноста од центарот на цветовите.
„За добар кјуринг треба да издржите минимум 2 месеца, за канабисот убаво да се исуши и да не ја изгуби свежината. Вака се добива на јачина и треба теглите да се отвараат редовно, бар преку два дена и тоа по 10-15 минути. Да се отстрани и не дозволи влагата, т.е. да не се спури теглата! Затоа се суши минимум 5-7 дена во сушара пред да се стави во тегли, баш кога гранчињата ќе се кршливи, тогаш е спремно за кјуринг. Секако треба провев и темно место со температура околу 15-20°C“ - додаваат од порталот Џоинт МК - Канабисот Е ЛЕК.
Запомнете: „Најбавите туфки се на другата страна од стравот!“ ;) - поздрав од авторот и уредник на овој портал, основач и лидер на движењето за целосно ослободување на канабисот во Република Македонија 420macedonia. Сподели го овој текст! ТИ СИ ПРОМЕНАТА!!!