Showing posts with label чување. Show all posts
Showing posts with label чување. Show all posts

Monday, June 25, 2018

Како да исушиш мокра марихуана? Неколку интересни совети

Доколку некогаш ти се изводени марихуаната, не грижи се бидејќи тоа немора да значи дека е пропадната. Постојат начини за благословените туфчиња да се вратат во живот за она за што Творецот ги предодредил


Доколку цветовите се само влажни и не скапале во меѓувреме, процесот на повторно сушење само ќе потрае 2 до 3 дена. И тоа не треба да ти влијае на трпението или да те онерасположува - туфката пак ќе стане квалитетна за пушење или изработка на екстракт, доколку направиш нешто од следново:


1. МЕТОД СО ХАРТИЈА

Марихуаната да се стави во кафеава хартиена ќеса, како на сликава десно, или во кујнска хартија за бришење раце;
Остави ја ќесата или хартијата на темно и суво место;
Нека биде во просторија со проток на воздух. Ако е потребно постави вентилатор;
Смени ја ќесата или хартијата и врти ги туфките на неколку часа;
Свртувајќи ја туфката провери дали има фатено мувла - провери ја секоја одделно!



2. МЕТОД СО ОРИЗ

Стави ги влажните туфки во стаклена тегла и наполни ја со ориз;
Остави ја теглата отворена еден ден;
Извади ги туфките и провери дали има мувла;
Нека има проток на воздух во просторијата за да се спречи мувлата или вентилатор;
Кога туфките изгледаат суви, иситни ги и ако е потребно остави ги во кујнска хартија неколку часа за целосно да се доотстрани влажноста.


Вентилатор ја суши марихуаната во целосно темна соба
Наводенетата марихуана се чува на суво и темно место

Кога ти се намокрува марихуаната најпрво помислуваш да ја исушиш со фен, да ја ставиш во микробранова печка или во рерна на мала температура или пак, на сонце или под ламба за неколку часа. Но, овие практики не се најдобри тактики за одржување на интегритетот на марихуаната, бидејќи влагата нема соодветно да ја исушат, а може да предизвикаат декарбоксилација. Овие методи хемиски ги оштетуваат трихомите, губејќи ТХЦ и други канабиноиди и терпени и активни состојки кои се присутни на туфките. Плус, туфките исушени на некој од овие начини стануваат погруби и понепријатни за пушење. Значи, најдобро е да се има трпение со некој од горенаведените два методи и да се избегнуваат топлина и светлина.


Кога ќе ти се наводени марихуаната најважно е да се избегне мувлата. Ако туфката почне да фаќа мувла која рапидно се шири, жал ми е но, веќе е ѓубре: пушењето мувла е штетно по здравјето! Друга важна работа која треба да ја припазиш е дека ако ти падне марихуанчето во море или во базен треба да го фрлиш. Боли, но да внесуваш сол од океанот или хемикалии од базенот може да боли повеќе... Доколку ти падне двојката во бонг или ја потуриш со пијалок базиран на вода, највероватно ќе можеш да успееш да ја спасиш со некој од погорните два методи со хартија или со ориз или пак, комбинација од двaтa. Бидејќи ТХЦ не се раствора во вода, одредена количина на вода не би требало да влијае врз интензитетот на марихуаната. После овие методи за сушење, туфките можеби нема да изгледаат најубаво, но ќе можат да се искористат, евентуално за подготовка на масло од канабис за лична употреба, но не и за продажба.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Tuesday, May 1, 2018

Како правилно да ги чуваме продуктите со канабис за да се продолжи рокот на траење?

Правилно направената, добро чувана тинктура од канабис има практично неограничен рок на траење. Ако е во идеална средина, тинктурата може да трае со години, без никаква деградација 


Од друга страна, дури и најдобро направеното брауни со канабис, складирано под идеални услови, ќе се расипе за многу помалку време. Прехранбените продукти со канабис можат да имаат многу различен животен рок во зависност од нивните методи на подготовка, употребените состојки, намената и условите за складирање. Сите канабиноиди поминуваат деградација под слични услови, а многу пати, производите со канабис вклучуваат повеќе нестабилни и во некои случаи, расипливи состојки кои можат да бидат многу посензитивни за компромитирачките елементи. Кога станува збор за нивно складирање, постојат неколку корисни совети од порталот Leafly кои во голема мера можат да ја подобрат долговечноста на вашите омилени производи со канабис.


Без разлика дали станува збор за тинктура, мелем, балсам, масло за јадење или друг прехранбен продукт со канабис, сите канабиноиди ќе се деградираат под слични екстремни услови кои вклучуваат: продолжено изложување на топлина, светлина или кислород. Првиот чекор за складирање на секој производ со екстракт од канабис е да се осигура дека сите три од овие фактори се добро контролирани. Студено, темно и добро затворено - се три доблести за долго чување на производите. Кога станува збор за контрола на температурата, фрижидерите се универзално решение за производите со канабис. Практично секој продукт со канабис ќе има подобрени услови и продолжен рок на употреба кога ќе се чува во фрижидер.

За да се избегне изложеност на светлина и кислород, секогаш чувајте ги вашите производи во непроѕирни херметички контејнери за чување што овозможуваат што е можно помала светлина (темни по боја). Производите од диспанзер, многу пати контејнерите во кои се пакувани се соодветни за складирање. Обидете се да ги задржите сите купени производи во нивните оригинални пакувања. Секогаш одлучете да ги чувате вашите производи во стакло кога складирате долготрајно, бидејќи пластичните садови или вреќи може да ги оштетат вашите производи со текот на времето. Правилното складирање може да ја елиминира деградацијата на канабиноидите. Постојат и други состојки кои се вклучени во еден производ, кои можно е да имаат поголем придонес за истекот на рокот. 


Расипливоста на прехранбените производи со канабис може многу да варира. Рокот на колачите и други печива речиси сигурно ќе истече порано од чоколадото или тврдите бонбони. Спротивно на тоа, некои масла за готвење може да траат неколку месеци, години, па дури и вечно ако се складираат правилно. Ако купувате производ од аптека или продавница, секогаш проверувајте го датумот на опаковката. Овие типично ја земаат во предвид различноста на трајноста на употребените состојки. Ако производот го правите дома, секогаш имајте ја на ум расипливоста на поединечните состојки што се користат во рецептот, кога го одредувате рокот на траење и преференциите за складирање.

Покрај фрижидерите, замрзнувачите можат исто така да бидат одлична опција. Не сите производи за јадење можат да се чуваат во замрзнувачот, сепак на продуктите како: путер, масла за готвење и многу други производи, во голема мера може да им го продолжите рокот на траење со замрзнување. Маслото од канабис исто така може да се замрзне за долгорочно складирање. Дури и печивата што инаку би се деградирале брзо на собна температура, ќе траат подолго ако се замрзнат. Тинктурите се највисоко на листата на најдолготрајни производи со канабис за орално консумирање. 

Ако правилно се складира, добро изработената тинктура може да трае бесконечно, според авторот, одгледувачот и експертот за канабис“ - Ед Розентал (Ed Rosenthal), во неговата книга „Beyond Buds“. Розентал вели дека килибарните или сините шишиња Boston Round се идеални за складирање на тинктури и фрижидерите или замрзнувачите многу ќе ја намалат деградацијата. Важно е да се има предвид дека тинктурите подготвени со глицерини ќе се деградираат и рокот истекува многу порано од чистите алкохолни дестилации. 


Добро складираната тинктура со алкохол може да трае со години или дури децении пред значително намалување на медицинската вредност на било кој начин. Чувањето на вашите производи од канабис подалеку од директна изложеност на сончева светлина, топлина и воздух, ќе им помогне да ја задржат својата потентност и свежина за подолго време. Одржувањето на вашите производи запечатени во фрижидер или замрзнувач речиси секогаш ќе гарантира подолг рок на траење. Не сите производи се наменети да траат неограничено, а расипливоста на продуктот скоро секогаш ќе зависи од другите состојки.


Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Sunday, April 29, 2018

Колку долго трае маслото од канабис? Рок на траење на концентратите од канабис

Колку долго трае концетратот од канабис, зависи од голем број фактори кои се движат од квалитетот и класификацијата на почетниот материјал што се користи за производство на финалниот производ, па сè до начинот на екстракција. Додека некои екстракти и тинктури можат да доживеат деградација на квалитетот за многу краток временски период, други може да останат свежи и употребливи за неодредено време


Влијанието на методот на екстракција врз рокот на екстрактот

Златниот стандард во секоја методологија за екстракција е дека квалитетот на крајниот производ секогаш ќе го отсликува квалитетот на почетниот материјал. Постои директна корелација помеѓу квалитетот на почетниот материјал и она што останува пост-екстракцијата. Инфериорните производи кои содржат компромитирани канабиноидни профили, во секој случај, ќе резултираат со инфериорни екстракти. Терпените речиси секогаш ќе доживеат деградација од некој вид и до некој степен при екстракцијата. Нивното губење не само што ќе влијае на вкусот и медицинската ефикасност на финалниот производ, туку може да игра улога и во рокот на траење на тој производ. Некои производи, како оние што се наменети за dabbing, користат методи за екстракција наменети за зачувување на терпените, како восоци и shatter. Сепак, екстракциите кои се наменети за јадење, како што се разни специјалитети „edibles“ (колачи), за мачкање и тинктури, не мора нужно да ги користат овие методи за зачувување на терпените.


Концентратите доаѓаат во различни форми, кои се движат од екстракти како што се: saps, shatters, crumbles, путери и дестилати, па сè до механички преработените екстракти како: киф, екстракт со ледена вода (IWE) и сл. Нивните атрибути, како што се конзистентност, вискозитет и јасност, се сите нуспроизводи на нивниот метод на екстракција. Основниот принцип на екстракција е да се отстранат многу нечистотии од почетниот материјал, кои вклучуваат растителни материи (хлорофил), масти и липиди и други непотребни компоненти. Многу масти и липиди во концентратите без растворувачи остануваат затоа што тие се потешки за механичко отстранување.


Екстракциите со растворувачи, од друга страна, произведуваат „олеоресини“ (oleoresins) кои содржат комбинација на канабиноиди, флавоноиди и терпени, како и други нечистотии како масти и липиди, во многу случаи. Преку секундарен процес на филтрација со растворувач наречен „зимизација“ (winterization), овие масти и липиди може да се отстранат од производот, оставајќи зад себе повеќе прочистена супстанција. Познато е дека процесот на зимизација предизвикува одредена терпинска деградација која може да го компромитира профилот на вкус и конзистентноста на финалниот производ. Изладувањето (замрзнувањето) на материјалот и растворувачот пред финалниот продукт на пример, остава многу помалку зелена боја (хлорофил). Меѓутоа, овој процес е неопходен за производство на супер-стабилни хаш-маслени продукти, како што се кристалните шетери, како и високо-терпенските шеќерести екстракти.



Терпени, канабиноиди и рок на траење на концентратите

Варијациите на концентратите варираат во конзистентност, од стабилни шетери до путери и шеќерести восоци. Секој вид екстракт содржи различна комбинација од молекули (на пример, канабиноиди, терпени, липиди, нечистотии), но повеќето содржат висока концентрација на канабиноидна тетрахидраканабинолна киселина (THC-A), односно неактивирано ТХЦ. Геометриската структура на чистата THCA е составена од решетки наредени едни на други, формирајќи кристална структура. Сепак, THCA во мешавина на концентрат различно ќе кристализира, зависно од променливите како што е односот на другите нечистотии присутни на агитација и температура.


На пример, шетерите познати по нивната супер стабилна стаклена конзистенција, обично се монокристални во финална форма, што значи дека тие покажуваат многу својства во согласност со аморфните цврсти материи (тие имаат помеки интервали на топење и се појавуваат помалку крути во молекуларната структура) кога се изложени до различни концентрации на терпени, нечистотии или дури и други канабиноиди како ЦБД. Со цел екстрактот shatter да оформи и одржи стаклена физичка структура, тој мора да помине низ понатамошна филтрација за да ги отстрани овие нечистотии. Ако тие се остават во производот, овие други компоненти можат да направат многу работи, од кои едната е да предизвикаат ефект на „buttering“ во концентратот кога се доведува до различни температури.


Кога терпените или дури и други канабиноиди како CBD се присутни во концентратот тие исто така можат да дејствуваат како емулгатори (средство за мешање или растворање) на кристалниот THCA. Концентратот кој е богато заситен и со THCA и терпени, може да преземе различни конзистенции во зависност од тоа како производот бил агитиран и на кои температури тој производ бил изложен. Овие различни фази кои се концентрираат на изложувањето (на пример поликристалински до аморфен) се во голема мера под влијание на многуте нечистотии кои го спречуваат THCA да кристализира. Нечистотиите може да вклучуваат нешто од покачени нивоа на терпени до масти, липиди, растворувачи, како и присуство на други канабиноиди. На пример, концентратите со високо ниво на канабидиол ќе делуваат помеки поради тоа што имаат различна структура на молекулата.


Со текот на времето, некои шетери понекогаш ќе „се исушат“ додека нивните терпени се деградираат, оставајќи ја супстанцијата со повисока концентрација на THCA зад себе. Тоа не е последен индикатор дека производот е расипак и дека не може да се користи за испарување (dabbing). Наместо тоа, тоа едноставно значи дека молекуларната структура на маслото е променета како резултат на терпените кои се деградираат од концентратот. Шеќерестите масла од канабис, кои некогаш биле како шетери по конзистенција, тоа е само нашето визуелно набљудување на она што се случува за време на деградацијата на терпените, кога ТХЦА веќе не мора да се „грижи“ за терпените што се појавуваат на патот на кристализацијата.


Најголемите непријатели на било кој концентрат, без разлика дали тоа е восок, шетер, масло или било кој продукт што во себе го содржи маслото од канабис, се исти: светлина, топлина, воздух и време... Сите овие елементи ја олеснуваат деградацијата на терпени и канабиноиди и ќе го забрзаат процесот со кој се менуваат некои од концентратите. Студени, темни и суви затворени средини се најдобри за одржување на долговечноста и кога се изложени на што е можно помалку загадувачи од животната средина. Некои од овие производи ќе траат многу долго без менување или губење на ништо. 

Оптималните опции за чување вклучуваат фрижидери или замрзнувачи. Маслото од канабис најдобро е да се чува во ладилник, а супозиториите во замрзнувач. На тој начин ќе се елиминираат променливите кои имаат тенденција да ги расипуваат екстрактите. Со текот на времето, канабиноидите (и, во некои случаи, терпените) неизбежно ќе се променат на некој начин, без оглед на состојбата. THCA на крајот ќе се деградира до канабинол (CBN), процес кој создава килибарна структура или ефект на затемнување. Шетерите и другите маслени екстракти со повисоки терпенски профили, исто така, може исто така да станат со структура на шеќер.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Monday, April 23, 2018

Рок на траење и чување на домашно изработеното масло од канабис

Сами направете си го лекот!
П. Колку долго може маслото да трае? Засекогаш? Што е најдоброто за скалидање, фрижидер, замрзнувач, шпајз? Благодарам.

О. Во шприц и ако е чувано во темно ладно место маслото ќе трае со години, особено ако успеете да го заштитите маслото од посетители и семејството, имено жените, бидејќи тие се чини дека сакаат да го внесуваат маслото дури и повеќе од мажите.


Од соборците
Во моментот кога жените во твоето семејство ќе дознаат за подмладувачките ефекти на маслото и што тоа прави со брчките, ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго маслото ќе трае, тоа секогаш ќе биде изедено или употребено надворешно многу брзо. Ако сакате да ја зачувате вашата залиха од маслото, не им кажувајте на жените дека козметиката со 20-30% од маслото ќе направи чуда за нивниот тен и ќе направи да изгледаат толку млади колку што е физички возможно, во спротивно тие едноставно ќе ви го одземат без оглед на тоа што ќе се обидеш да кажеш или направиш и ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго ќе трае маслото.


Ова не е (наменето како) сексистички коментар, јас само информирам за тоа што сум го видел дека се случило многу пати, тоа е само набљудување и обидот да се привлече вниманието на она што маслото може да направи за вашиот тен, без оглед на полот. ЈБ



Извор: Извадок од клигата: „Протоколот на Рик Симпсон Лекот за рак“ стр. 88 - 91 - (Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 4 дел)