Showing posts with label техника. Show all posts
Showing posts with label техника. Show all posts

Wednesday, January 24, 2018

7 најнеобични начини за да се „надувате“ и излекувате

Благодарение на креативните претприемачи, слатките од марихуана и „цигарите“ повеќе не се единствени начини за влез во „другата димензија“. Иако растечкиот пазар на канабисот има воведено вкусни медицински десерти, изборот не се состои само од темна чоколада и гумени бонбони. Неодамна, имав шанса да искусам некои малку чудни, но интересни ефекти


Лубриканти

Би занемарил ако направам листа на производи од канабис и да не спомнам лубрикант. Инфузионираниот лубрикант не е нов феномен - портали како VICE и GQ не го спомнуваат едноставно бидејќи е табу тема. Општата согласност за канабис лубрикант е таа дека иако е нов и интересен производ, не поттикнува повеќе од еден вид на пецкање. Ако имаш ваков лубрикант и не си задоволен од резултатите, тогаш можеш да го користиш како тинктура. Безбеден е за конзумирање, но морам да ве предупредам дека мене ми ја отежна способноста за читање на неколку часа.


Инфузирана вода

Ако си желен да потрошиш околу 700 денари за една скоро невкусна вода со вкус на витаминизирана вода која била оставена отворена еден ден, тогаш овој производ не е за тебе. Неколку мали голтки се доволни за ефективен за хај, но тоа ја поразува целта како пијалок бидејќи не ти ја гаси жедта и ти бара поголема доза од потребното. Некои брендови како Пуратион нудат продукти на база на канабис за опуштање на телото и ослободување од болки при вежбање. Не се лоши, но најсигурно е да користиш ЦБД лосион.



Супи

Пакетчиња со по 10 мг ТХЦ изгледаат како совршена форма на ужинка за кампување, ладни зимски ноќи и опуштени неделни попладниња. Но, реалноста за овој производ е далеку од рекламираната супа „превкусна за умот“. Лепливиот, полутечен, нејадлив хаос е неуспешен обид на ветувачкиот концепт.


Сублингвална лента

Ви текнува на Listerine лентите за освежување на здивот? Каналентите пак, се проѕирни ленти кои брзо се раствораат под јазикот, а канабиноидите се абсорбираат во системот за 5-15 минути. Обележани се како непушачка алтернатива за пациенти со болка, но имаат  непријатен вкус каде чувствуваш како лентата се раствора во слузав мукус кој го проголтуваш.


Трансдермална лепенка

Како што се повеќе и повеќе истражувања го докажуваат потенцијалот на канабисот за справување со болка, беше само парашање на време кога некој ќе почне да продава трансдермални лепенки? Овие лепенки кои се легални во некои места пружаат хај многу поразличен од оној при пушење и јадење канабиноиди. Тие постојано испуштаат ТХЦ во крвотокот преку кожата. Траат до 8 часа, а корисниците изјавуваат дека во ниеден момент не се чувствуваат претерано хај.



Супозитории

Супозиториите се исклучително добри за пациенти на кои им треба ефективно и итно подобрување. Им треба од 10 до 15 минути да дејствуваат и телото абсорбира околу 80% од канабисот, споредено со 15% при пушење. Foria нуди и вагинални супозитории, познати како канатампони за силни менструални грчеви... Постојат многу начини за хај, наместо ставање на пилула во задникот!


Паста за заби

Антивоспалителните својства на канабисот ја прават пастата потенцијално возбудлив нов производ за милиони низ светот кои имаат проблеми со непцата. Овој производ е уште еден во низата на примери како канабисот може да го подобри нашиот секојдневен живот. 

Извор: HERB

Tuesday, September 19, 2017

Кјуринг - „лекување“ на цветовите од канабисот со употреба на вода

Водениот кјуринг е брз начин за лекување на туфките по сушењето, но со сосем поинаков пристап

Воден кјуринг се употребува на пример за врсти како Super Skunk, односно врсти со понепријатен вкус. Имајте доверба во оние цветови кои поминале воден кјуринг само од искусни одгледувачи, затоа што некои може оваа техника да ја употребат за да ја прикријат мувлата кај скапаните туфки.


Поентата на водениот кјуринг е наместо по пат на природните процеси на разложување на хлорофилот, нутритивните елементи и шеќери (кои доколку останат во туфките - предизвикуваат груб чад, а поради тоа потешко се пуши), вие ги разложувате во вода. Бидејќи канабиноидните состојки на база на масти нема да се разложат во вода, овој процес во тревката го остава само она што го барате.


Позитивната страна на овој обратен начин на кјуринг е тоа што е многу побрз и дава екстремно мазен чад. Искусните одгледувачи кои ја практикуваат оваа техника тврдат дека чадот од марихуаната која поминала низ воден кјуринг мириса многу поубаво од вообичаено кога е запалена. Недостатокот на оваа техника е што водено „излечената“ трева потешко поминува на пазарот, затоа што цветовите не изгледаат баш најубаво, губат на мирис и на тежина! Но, сепак, како што се губи тежината (волуменот), се зголемува потентноста на канабисот (лековитите состојки се поконцентрирани во цветовите со воден кјуринг). Друга негативна страна е што тревата мора по втор пат да се суши!



Како изгледа водениот кјуринг?

Едноставно ставете ги пупките во водонепропустна тегла и пополнете ја до крај со чиста, ладна вода од обратна осмоза. Ако туфките пловат на површина, потопете ги. Менувајте ја водата најмалку еднаш дневно, по можност два пати на ден околу 5 дена. Потоа отстранете ја водата и исушете ги туфките. Внимавајте убаво да ја исушите тревата, затоа што може да се појави мувла! Се препорачува сушење во сушара и редовно ротирање на цветовите по овој кјуринг. Целиот процес трае околу 10-12 дена.


Извор: Herb

Sunday, September 17, 2017

Важноста на процесот наречен „КЈУРИНГ“ (curing) за квалитетот и потентноста на цветовите

Кјурингот е процес што ја прави разликата помеѓу „ОК туфки“ и „туфки кои заслужуваат златен медал“! 

Кјурингот завршува две примарни задачи на молекуларно ниво: намалување на количеството на хлорофил во цветовите, но исто така разложување на шеќерите. Овие две цели заради кои примарно се извршува кјурингот, истовремено даваат значително помазен чад кога цветовите се пушат. Туфките стануваат попотентни (помоќни), со тоа и полековити, подолго се задржуваат лековитите состојки, се задржува убавата боја на цветот, трихомчињата целосно созреваат, а цветовите со кјурингот добиваат многу поубава арома којашто се задржува многу подолго, ако понатаму канабисот се чува соодветно (во затворени стаклени тегли на пример, на суво, ладно и темно место, може и во ладилник/замрзнувач). Редукцијата на хлорофилот ја отстранува аромата и вкусот на сено и свежо косена трева. Билката што кај пушачите дава вкус на искосен тревник, едноставно треба да помине низ процесот „кјуринг“

Лист за впивање на влажноста
Кјурингот е процес на „подобрување“ на правилно исушените цветови од канабис и овозможување со тоа хлорофилот и шеќерите во него да се разложат и ослободат, со цел да се подобри аромата, вкусот, бојата и потентноста. Отстранувањето на шеќерите за време на кјурингот ја зголемува мазноста за време на пушењето, за повеќе уживање, за подобар лек. Туфките кои не поминале низ кјуринг, најчесто знаат да предизвикаат непотребно кашлање и може да ги насолзат очите, едноставно да предизвикаат моментанла состојба што наликува на алергиска реакција. Оваа моментална реакција е предизвикана токму поради присуството на хлорофил и шеќери во туфките. Со цел ова да се избегне тревата значи не само што треба да е правилно одгледана, правилно исушена, туку и правилно „излечена“ (cured). Искусните одгледувачи од порталот Mass Roots сметаат дека канабисот што поминал „кјуринг“ е помалку веројатно да предизвика моментална анксиозност и главоболка, особено кај еуфоричните сатива врсти.

Оптималното ниво на влажност за кјуринг зависи многу од природата и густината на цветовите што ќе бидат „лекувани“ и таа треба да биде околу 45-55%. Температурите под 18°C (65 F) не се препорачани, поради тоа што тие драстично го успоруваат сушењето и процесот кјуринг. Температурите од 18-24°C (65-75 F) се најдобри за кјуринг. Оваа многу важна последна фаза од култивацијата значително ја подобрува аромата од терпините и вкусот на секоја врста канабис. Кјурингот исто така ги намалува шансите од појава на мувла во цветовите, особено кај густите индика туфки. Со оглед на тоа што цената на канабисот на црниот пазар сè уште не е пристапна за сечиј џеб, а исто така пристапот до квалитетен цвет е ограничен поради забраната, овој едноставен (бесплатен) процес за подобрување на квалитетот на вашиот лековит цвет е од суштинско значење!


Одгледувањето канабис вклучува четири различни стадиуми:

1. Вегетација
2. Цветање
3. Сушење
4. Кјуринг

Црниот пазар врши притисок врз одгледувачите да го игнорираат овој четврт толку значаен процес и да го пуштаат својот производ на пазарот „неизлечен“ со цел да обезбедат брз профит и поради тоа што на црниот пазар нема контрола на квалитет на финалниот производ. Буквално кажано, она што се случува е како да купувате „нестасано вино“...


Како правилно се одвива кјурингот?

Кјурингот е од суштинско значење!
Откако цветовите се правилно исушени, кјурингот може да започне! Одредувањето на соодветното ниво на влажност може да се спроведе со употреба на „snap“ тест. Ако стебленцата и гранчињата од туфчињата се свиткаат и се доволно суви за да се скршат, без меко да се свиткаат, цветчињата се спремни за кјуринг. Кјурингот не бара поседување на скапа и комплицирана опрема. Сè што е потребно е стандардна голема тегла којашто убаво херметички се затвора или сличен сад што може да се затвори и кој ќе се чува на темно место. Овој процес во просек одзема грубо кажано од две недели до два месеци! Различни канабис врсти може да бараат малку различни услови и периоди за кјуринг.

Во основа, колку е подолг кјурингот, толку е подобра аромата и зголемена е потентноста на цветот и цветот е повкусен при консумирање. Откако ќе ги сместите исушените цветови во тегли, отварајте ја теглата секој ден за да обезбедите циркулација на воздухот помеѓу цветовите и за да им дозволите да „дишат“. Оваа постапка некои одгледувачи сметаат дека треба да се прави еднаш дневно - да се отвори теглата и да се изложи на чист воздух за околу 15 минути. Ова овозможува хлорофилот и шеќерите што се ослободиле да избегаат од теглата со отворањето на капакот и ова го поттикнува распаѓањето на овие непотребни сосотојки.

Некои одгледувачи препорачуваат теглите за кјуринг да се отвараат на секои два-три дена и да се оставаат отворени за околу 1-3 часа. Без разлика која шема ќе ја примените, она што е важно е дека теглите треба да се отвараат на редовна основа (процесот мора да биде непрекинат и континуиран до крајот) и воздухот да се овозможи да циркулира краток период. Самите уверете се која е разликата кога пушите цвет кој не бил соодветно или воопшто „излечен“ и цвет кој бил долго време на кјуринг. Екстрактите исто така ќе ви бидат подобри, доколку ги правите од почетен материјал кој е правилно исушен и излечен.

Ако по првата проба на цветот се чувствува мирис на амонијак, тоа сигнализира дека билката не е комплетно исушена. Ако ова се случи, тревата треба да се доисуши и потоа да ѝ се направи curing. Како што кјурингот продолжува, при самиот крај не мора толку често да ги отворате теглите. На крајот на процесот, ако теглата може да се чува затворена за период од една до две недели и кога е отворена, не обезбедува мирис на амонијак или хлорофил, лекот е подготвен за консумирање. Некои одгледувачи експериментираат со периодите на кјуринг, па има дури и такви кои сметаат дека кјурингот треба да трае две години, тврдејќи дека тоа резултира со екстремно мазен чад кој има подобрена потентност и канабиноиден и терпински профил што нуди поголема медицинска ефикасност и/или зголемен психоактивен ефект, а исто така цветовите поубаво согоруваат кога се пушат.


Дополнителни совети за правилен кјуринг

Добро чувана лево
УВ светлото ги уништува цветовите, поради тоа многумина ги обложуваат теглите со нешто темно по боја. На порталот HERB велат дека влажноста во теглите треба да биде точно 60-65% и препорачуваат кога го правите „снап тестот“ цветовите да не се пресушени и целосно кршливи на допир, туку поголемите стебленца од туфчињата уште да може да се виткаат. Вие ќе одредите како е најдобро за вас и за досушување на цветовите пред и за време на кјурингот некои ставаат лист хартија за впивање на влажноста. Секојдневно проверувајте ги туфките, отварајте ги теглите на 10 минути за да ја излуфтирате влажноста. Кјурингот значи се извршува со цел полека да се извлече влажноста од центарот на цветовите.

За добар кјуринг треба да издржите минимум 2 месеца, за канабисот убаво да се исуши и да не ја изгуби свежината. Вака се добива на јачина и треба теглите да се отвараат редовно, бар преку два дена и тоа по 10-15 минути. Да се отстрани и не дозволи влагата, т.е. да не се спури теглата! Затоа се суши минимум 5-7 дена во сушара пред да се стави во тегли, баш кога гранчињата ќе се кршливи, тогаш е спремно за кјуринг. Секако треба провев и темно место со температура околу 15-20°C“ - додаваат од порталот Џоинт МК - Канабисот Е ЛЕК.



Запомнете: „Најбавите туфки се на другата страна од стравот!“ ;) - поздрав од авторот и уредник на овој портал, основач и лидер на движењето за целосно ослободување на канабисот во Република Македонија 420macedonia. Сподели го овој текст! ТИ СИ ПРОМЕНАТА!!!


Автор: Monique Konopova
Извори: Herb, Mass Roots

Friday, July 21, 2017

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас


Ни премногу, ни премалку вода!
Тој истакна: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.


Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.

Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).