Monday, October 23, 2017

Како да се спречи мувлата во отворени одгледувалишта? Outdoor врсти отпорни на мувла

Во утринските часови растресете ги влажните или росни растенија, а особено по дожд секогаш кога можете. Спречувањето на туфките да останат влажни е многу важен дел од спречувањето на гниењето на туфките или мувлата. Ако ги оставате туфките влажни, само правите поголеми шанси за појава и одржување на мувлата и гниењето! Најпрепорачливо е доколку одгледувате канабис во надворешни услови, местата коишто ќе ги одберете не само да бидат заштитени од јавноста, туку истите да бидат изложени на убав провев на ветар, но и многу сончева светлина! Билките треба да добиваат директна сончева светлина особено во утринските часови за побрзо да се исуши утринската роса или ноќниот дожд



Frisian Dew
Кога одгледувате outdoor, речиси секогаш сте оставени на милост и немилост на природата, сепак треба да се потрудите најдобро што можете за да ги заштитите растенијата од премногу влага и студ. Треба особено да внимавате на влажноста во одгледувалиштето, доколку одгледувате во стакленик или пластеник. Студените и влажни услови кога одгледувате надвор се време кога мувлата најверојатно ќе ги погоди вашите пупки. Затоа есента може да биде особено опасна - цветовите од канабисот самошто достигнале период на жетва и станале дебели и густи, што ги прави идеален дом за мувлата. Ако времето е особено ладно и влажно и ако дури и една од вашите билки всушност фати гниење, оберете ги цветовите веднаш! Ако тоа се случило на едно стебло, истото обично ќе се прошири и на другите стебла многу брзо. 

Подобро е да се ожнее малку порано, отколку да се изгуби целата жетва!



Врсти канабис наменети за отворени простори отпорни на мувла 

Иако на ова не можете и не би требало со сигурност да се потпирате, сепак некои видови се поотпорни од другите во поглед на мувлата. Во претходниот текст од оваа серија споменавме две такви врсти наменети за индор. Ако живеете во влажна средина или ако сте одгледувач на отворен простор и се соочувате со студени и влажни услови уште на почетокот од есента, не може да си наштетите ако одберете врсти коишто се поотпорни на мувла! Еве два вида кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување на отворено:

Jamaican Pearl
1.) Frisian Dew (Фризиска роса) - популарен вид по тоа што околу половина од растенијата создаваат пупки кои се претвораат во неверојатна, енергично пурпурна виолетова боја (другата половина од растенијата даваат зелени туфки, но сепак се убави и ефектите се исто толку добри). Овој вид е многу погоден за растење на отворено, дури и во северните клими и е особено отпорен на мувла.

2.) Jamaican Pearl (Јамајкански бисер) - овој вид има овошен мирис, расте многу добро на отворено и не е само отпорен на мувла, туку исто така има големи приноси. Познато е дека произведува уникатен церебрален ефект во твојата глава кој трае долго време и нема да те заспие. Се препорачува жетвата на Јамајкан перл туфките да започне пред трихомите да започнат да добиваат боја на килибар за најдобри ефекти!

Јас сум од Лондон и ова ми е втора жетва воопшто. Прв пат канабис одгледував во Македонија, втор пат тука, ама имам многу читано и имам вујко од Добрејци, Струмица - Сандо кој е 35 години пушач на канабис, кој исто така е искусен одгледувач и ми има дадено многу совети. Не сум нешто посебно задоволен зашто одгледувам надворешно во саксии, па стеблата не се многу големи, но сепак се преубави. Малку доцна ги засадив, негде 20 мај, па затоа и имам проблем со мувлата. Значи сум почнал на 20 мај и сметам дека тоа е малку предоцна за outdoor, затоа што имам најмалку уште 2 недели до крајот на цветањето, плус со влажнава клима како овде во Лондон и не треба да е нејасен мојов проблем, туку за пофалба треба да биде мојот успех. 

Од Александар Пешев, Лондон 2017
Затоа ставив вентилатор внатре и плус таа сивата цевка што ја гледате е за свеж воздух. Го прочистува воздухот, а вентилаторот проветрува и мислам дека ќе го средам проблемот со мувлата. Сум почнал со обична земја од цвеќара. Со семе од sensi seeds од врстата Purple Bud и White Skunk. Сум употребувал чај од коприви, како органско ѓубриво; Чај од врвови од жална речна врба; витамини т. е. нутритиенти н.п.к 15.15.15. и слично. Експериментирав и со лушпи од јајца, лушпи од банана миксирани како шејк со млеко и додаваш и талог од кафе и со ова го храниш растението супер. Кога ќе почне да цвета, јас препорачувам и козјо млеко. 

Јас инаку на средината му ставав и гомна од кокошки... Иако јас препорачувам гомна од гулаби измиксани еден према 7 вода. Ова ми е втора жетва... Воедно и најдобра зашто имам мир и немам проблем со никој за да се плашам да посадам некое коренче за мене. Јас исто и употребував цело време дождова вода. Најубавта вода ја ставав од дожд, благодарение на тоа што куќата во којашто живеам има буриња за собирање дождовница. Се гордеам што успевам во ваква слаба клима да извадам убав дим. Прекрасен дим постигнав од оваа жетва иначе и сум можел и поголеми приноси да извадам, ама здравје следниот пат - секој пат секогаш е подобар од претходниот!“ - во разговор со нас изјавува Александар Пешев од Лондон. ВНИМАНИЕ!!! Користете ѓубриво кога тоа навистина е потребно. Кога користите ѓубриво, внимавајте да не ги изгорите корењата! Со ништо не претерувајте :)








Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

No comments:

Post a Comment