Sunday, September 17, 2017

Важноста на процесот наречен „КЈУРИНГ“ (curing) за квалитетот и потентноста на цветовите

Кјурингот е процес што ја прави разликата помеѓу „ОК туфки“ и „туфки кои заслужуваат златен медал“! 

Кјурингот завршува две примарни задачи на молекуларно ниво: намалување на количеството на хлорофил во цветовите, но исто така разложување на шеќерите. Овие две цели заради кои примарно се извршува кјурингот, истовремено даваат значително помазен чад кога цветовите се пушат. Туфките стануваат попотентни (помоќни), со тоа и полековити, подолго се задржуваат лековитите состојки, се задржува убавата боја на цветот, трихомчињата целосно созреваат, а цветовите со кјурингот добиваат многу поубава арома којашто се задржува многу подолго, ако понатаму канабисот се чува соодветно (во затворени стаклени тегли на пример, на суво, ладно и темно место, може и во ладилник/замрзнувач). Редукцијата на хлорофилот ја отстранува аромата и вкусот на сено и свежо косена трева. Билката што кај пушачите дава вкус на искосен тревник, едноставно треба да помине низ процесот „кјуринг“

Лист за впивање на влажноста
Кјурингот е процес на „подобрување“ на правилно исушените цветови од канабис и овозможување со тоа хлорофилот и шеќерите во него да се разложат и ослободат, со цел да се подобри аромата, вкусот, бојата и потентноста. Отстранувањето на шеќерите за време на кјурингот ја зголемува мазноста за време на пушењето, за повеќе уживање, за подобар лек. Туфките кои не поминале низ кјуринг, најчесто знаат да предизвикаат непотребно кашлање и може да ги насолзат очите, едноставно да предизвикаат моментанла состојба што наликува на алергиска реакција. Оваа моментална реакција е предизвикана токму поради присуството на хлорофил и шеќери во туфките. Со цел ова да се избегне тревата значи не само што треба да е правилно одгледана, правилно исушена, туку и правилно „излечена“ (cured). Искусните одгледувачи од порталот Mass Roots сметаат дека канабисот што поминал „кјуринг“ е помалку веројатно да предизвика моментална анксиозност и главоболка, особено кај еуфоричните сатива врсти.

Оптималното ниво на влажност за кјуринг зависи многу од природата и густината на цветовите што ќе бидат „лекувани“ и таа треба да биде околу 45-55%. Температурите под 18°C (65 F) не се препорачани, поради тоа што тие драстично го успоруваат сушењето и процесот кјуринг. Температурите од 18-24°C (65-75 F) се најдобри за кјуринг. Оваа многу важна последна фаза од култивацијата значително ја подобрува аромата од терпините и вкусот на секоја врста канабис. Кјурингот исто така ги намалува шансите од појава на мувла во цветовите, особено кај густите индика туфки. Со оглед на тоа што цената на канабисот на црниот пазар сè уште не е пристапна за сечиј џеб, а исто така пристапот до квалитетен цвет е ограничен поради забраната, овој едноставен (бесплатен) процес за подобрување на квалитетот на вашиот лековит цвет е од суштинско значење!


Одгледувањето канабис вклучува четири различни стадиуми:

1. Вегетација
2. Цветање
3. Сушење
4. Кјуринг

Црниот пазар врши притисок врз одгледувачите да го игнорираат овој четврт толку значаен процес и да го пуштаат својот производ на пазарот „неизлечен“ со цел да обезбедат брз профит и поради тоа што на црниот пазар нема контрола на квалитет на финалниот производ. Буквално кажано, она што се случува е како да купувате „нестасано вино“...


Како правилно се одвива кјурингот?

Кјурингот е од суштинско значење!
Откако цветовите се правилно исушени, кјурингот може да започне! Одредувањето на соодветното ниво на влажност може да се спроведе со употреба на „snap“ тест. Ако стебленцата и гранчињата од туфчињата се свиткаат и се доволно суви за да се скршат, без меко да се свиткаат, цветчињата се спремни за кјуринг. Кјурингот не бара поседување на скапа и комплицирана опрема. Сè што е потребно е стандардна голема тегла којашто убаво херметички се затвора или сличен сад што може да се затвори и кој ќе се чува на темно место. Овој процес во просек одзема грубо кажано од две недели до два месеци! Различни канабис врсти може да бараат малку различни услови и периоди за кјуринг.

Во основа, колку е подолг кјурингот, толку е подобра аромата и зголемена е потентноста на цветот и цветот е повкусен при консумирање. Откако ќе ги сместите исушените цветови во тегли, отварајте ја теглата секој ден за да обезбедите циркулација на воздухот помеѓу цветовите и за да им дозволите да „дишат“. Оваа постапка некои одгледувачи сметаат дека треба да се прави еднаш дневно - да се отвори теглата и да се изложи на чист воздух за околу 15 минути. Ова овозможува хлорофилот и шеќерите што се ослободиле да избегаат од теглата со отворањето на капакот и ова го поттикнува распаѓањето на овие непотребни сосотојки.

Некои одгледувачи препорачуваат теглите за кјуринг да се отвараат на секои два-три дена и да се оставаат отворени за околу 1-3 часа. Без разлика која шема ќе ја примените, она што е важно е дека теглите треба да се отвараат на редовна основа (процесот мора да биде непрекинат и континуиран до крајот) и воздухот да се овозможи да циркулира краток период. Самите уверете се која е разликата кога пушите цвет кој не бил соодветно или воопшто „излечен“ и цвет кој бил долго време на кјуринг. Екстрактите исто така ќе ви бидат подобри, доколку ги правите од почетен материјал кој е правилно исушен и излечен.

Ако по првата проба на цветот се чувствува мирис на амонијак, тоа сигнализира дека билката не е комплетно исушена. Ако ова се случи, тревата треба да се доисуши и потоа да ѝ се направи curing. Како што кјурингот продолжува, при самиот крај не мора толку често да ги отворате теглите. На крајот на процесот, ако теглата може да се чува затворена за период од една до две недели и кога е отворена, не обезбедува мирис на амонијак или хлорофил, лекот е подготвен за консумирање. Некои одгледувачи експериментираат со периодите на кјуринг, па има дури и такви кои сметаат дека кјурингот треба да трае две години, тврдејќи дека тоа резултира со екстремно мазен чад кој има подобрена потентност и канабиноиден и терпински профил што нуди поголема медицинска ефикасност и/или зголемен психоактивен ефект, а исто така цветовите поубаво согоруваат кога се пушат.


Дополнителни совети за правилен кјуринг

Добро чувана лево
УВ светлото ги уништува цветовите, поради тоа многумина ги обложуваат теглите со нешто темно по боја. На порталот HERB велат дека влажноста во теглите треба да биде точно 60-65% и препорачуваат кога го правите „снап тестот“ цветовите да не се пресушени и целосно кршливи на допир, туку поголемите стебленца од туфчињата уште да може да се виткаат. Вие ќе одредите како е најдобро за вас и за досушување на цветовите пред и за време на кјурингот некои ставаат лист хартија за впивање на влажноста. Секојдневно проверувајте ги туфките, отварајте ги теглите на 10 минути за да ја излуфтирате влажноста. Кјурингот значи се извршува со цел полека да се извлече влажноста од центарот на цветовите.

За добар кјуринг треба да издржите минимум 2 месеца, за канабисот убаво да се исуши и да не ја изгуби свежината. Вака се добива на јачина и треба теглите да се отвараат редовно, бар преку два дена и тоа по 10-15 минути. Да се отстрани и не дозволи влагата, т.е. да не се спури теглата! Затоа се суши минимум 5-7 дена во сушара пред да се стави во тегли, баш кога гранчињата ќе се кршливи, тогаш е спремно за кјуринг. Секако треба провев и темно место со температура околу 15-20°C“ - додаваат од порталот Џоинт МК - Канабисот Е ЛЕК.



Запомнете: „Најбавите туфки се на другата страна од стравот!“ ;) - поздрав од авторот и уредник на овој портал, основач и лидер на движењето за целосно ослободување на канабисот во Република Македонија 420macedonia. Сподели го овој текст! ТИ СИ ПРОМЕНАТА!!!


Автор: Monique Konopova
Извори: Herb, Mass Roots

2 comments: