Showing posts with label техники. Show all posts
Showing posts with label техники. Show all posts

Friday, June 22, 2018

Кога да ги одвоите машките од женските канабис билки?

Секој што веќе одгледува се запрашува зашто не започнал да го прави тоа порано? Не само што е важно да ги одберете соодветните врсти, треба да знаете и кога да ги тргнете машките билки надвор од одгледувалиштето


Машки цвет од канабис/коноп
Растењето марихуана дома не само што е интересно хоби, туку оние кои стекнале соодветно искуство, можат да се гордеат со својата жетва, како и да заштедат многу пари со производство на сопствен лековит цвет. Билката комуницира со одгледувачот и поради тоа ќе ви го даде лекот што ви е најпотребен токму Вам.


Одгледувачот мора да се осигура дека сите машки растенија се отстранети од собата за растење од женските билки, пред поленот да започне да се ослободува од прашниците. Ако ова не се направи на време, тоа може да претставува целосна катастрофа за успехот на жетвата и производството на високо-квалитетни цвеќиња без семе е практично невозможно, поради тоа што женските цветови се претвораат во хермафродити. 


Одгледувачите почетници не треба да се обидуваат да ги користат машките билки за размножувачки цели. Вкрстувањето разновидни канабис врсти за создавање на нови меѓувидови е доста напредна постапка со која може да се пофалат поискусните. Најдобар совет за почетниците е да се отстранат машките растенија веднаш по нивната идентификација и да се уништат со тоа што се сечат и фрлаат во пластични ќеси, кои го спречуваат истекувањето на поленот, а може исто така и веднаш да се употребат за чаеви бидејќи листовите се богати со CBD.


Женски цвет од канабис
Мажјаците обично го откриваат својот пол порано од женките. Одгледувачот мора да внимава на местото каде што поединечните странични гранки ги исполнуваат главните вертикални стебленца на растението. Машките предцветови се појавуваат како staminate primordia, кои се чини дека се мали кластери на топченца кои висат. Женските предцветови се појавуваат во истата област на растението како кај машките, меѓутоа се појавуваат како каликси (pistil primordia) кои се појавуваат како мали тенки бели влакна кои растат нагоре. Машките предцветови може брзо да созреат и да создадат полен во изненадувачки краток временски период! ВНИМАВАЈТЕ!


Денешната канабис индустрија,  го негува канабисот во исклучително контролирани средини. Освен за тесно контролирани и следени проекти на одгледување, женските и машките канабис растенија се сегрегирани и се одделуваат едни од други. Кога ќе се избере соодветна машка билка (обично со добра структура и големо производство на смола), потоа нејзиниот полен се собира, па размножувањето на примарната женка се прави по строг протокол.


Кога станува збор за одгледување во домашни услови, практиката на отфрлање на машките растенија е исклучително важна за севкупниот успех на жетвата. Денешните домашни производители обично го набавуваат своето семе од семенска компанија или банка и имаат избор помеѓу феминизираното семе (семе што ќе произведува само женски растенија) и нормално семе (семе што ќе произведува женски и машки растенија). Женските растенија го прекинуваат производството на смола во вид на снегулести, лепливи трихоми на нивните цветови, откако ќе станат опрашени од машкиот полен - а трихомите содржат највисоки нивоа на канабиноиди.


Бессемениот канабис се појавил на црниот пазар, познат како „sinsemilla“, што во превод значи „без семе“ (зборот е изведен од латински sine „без“ [see sans] + semen „семе“ [see semen]). Ваквиот канабис без семе брзо го привлече вниманието на потрошувачите, бидејќи е со многу повисок квалитет во поглед на неговата содржина со високи нивоа на смола. Денес во канабис индустријата, сите комерцијални цвеќиња се sinsemilla и тоа подразбира дека цвеќињата не содржат семе.



Читај повеќе за одгледувањето канабис:










Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Thursday, December 21, 2017

Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

Одгледувањето канабис е како воспитување дете, секој има свое мислење, начини и методи за како тоа да биде најправилно изведено. Помеѓу одгледувачите не постои јасен консензус околу тоа дали техниките како „топинг“ го зголемуваат приносот, затоа што некои сметаат дека секој дополнителен стрес врз билката го намалува приносот. Додека резултатите може да варираат, постојат одредени работи кои мора да ги знаете со цел од една билка да може да го извадите максимумот


Максимизирајте ја светлината

Билката канабис има потреба од многу сончева светлина за нивниот процес на фотосинтеза. Повеќе светлина значи повеќе храна за билката, што ќе ви овозможи растението да расте поголемо. Многу одгледувачи во затворен простор имаат тенденција да користат лампа од 600W за да ги растат растенијата. Но, додавањето на дополнителна моќност со префрлување на 1000W светилка може значително да го зголеми приносот на една билка. Важно е да се има предвид дека ако го зголемувате интензитетот на светлината, исто така ќе треба да ја прилагодите температурата на вашата растечка соба/гроу-бокс. Ако ја зголемите моќноста на вашата светилка за растење, осигурете се дека исто така користите дополнителни вентилатори и цевки за да ја ублажите дополнителната топлина, а внимавајте и на влажноста на воздухот.



Оние делови од канабисот што не добиваат толку многу светлина, нема да го достигнат својот целосен потенцијал. Затоа, многу одгледувачи користат техники познати како „тренинг“ и „топинг“. Со кинењето на врвовите се создаваат две главни гранки. Резултатот е поголема светлина која стигнува до пониските делови на билката, овозможувајќи им да растат поголеми. Тренингот се состои од врзување за нежно да ги свиткувате врвовите од вашата билка надолу подалеку едни од други за да ги спречите од спонтано групирање, што го намалува количеството на светлина што може да стигне до нив и во внатрешноста. Ова е токму она што се обидувате да го постигнете со тренинг. Исто така, не заборавајте на соодветната заштита.


Овозможете му повеќе простор на кореновиот систем

Вашата билка ги користи своите корени за да се храни. Преку водата ги црпи хранливите материи. Затоа, ако корените на вашето растение се премногу збиени, билката нема да може правилно да се храни. Започнете со малецка саксија или пластична чашка. Откако лисјата на вашето растение ќе стигнат до работ на саксијата, време е да го пресадите во поголем сад. Препорачливо е да се пресадува еднаш до два пати. Затоа, бидете сигурни дека вториот сад што го имате избрано е прилично голем и корените на вашето растение имаат многу простор за раст и развој. Некои сметаат дека добро правило е да се обезбедат два галони простор за секои 12 сантиметри од височината на растението. Откако ќе го оберете растението, не заборавајте дека корените на канабисот исто така имаат лековити својства и од нив се прават лекови за одредени дијагнози, како на пример реума.



Исто како човечкото тело, хранењето на растенијата со избалансирана и хранлива диета ќе ви помогне да го извадите нивниот целосен потенцијал. За разлика од човечкото тело, вашите растенија треба да се хранат на секои 8-9 дена (пред фазата на цветање) и секои седум дена откако е веќе на цветање. Главните хранливи состојки што ѝ се неопходни на билката се: азот (N), фосфор (P) и калиум (K). Тоа на скратено е NPK. Ако производот има броеви 8-5-4 на пакетот, на пример, тоа значи дека содржи 8% азот, 5% фосфор и 4% калиум. За среќа, повеќето хранливи препарати наречени „grow solutions“ може да се купат на интернет, а од неодамна ги има и кај нас во специјални продавници наменети за тоа. Додека постојат различни растечки решенија за вегетативните и цветните фази, општо правило за додавање на хранливи материи е 5 мл од специјалниот раствор на секој литар вода. Не претерувајте со прихраната за да не го изгорите растението. Исто така, ќе треба да ги одржите нивоата на рН на вашата вода на оптимално ниво, затоа осигурајте се дека сте купувале течен pH раствор (liquid pH solution), како и уред за тестирање на pH, кој ќе ви покаже кога вашата вода е оптимизирана.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Diyhealthacademy

Tuesday, November 28, 2017

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

За искусните одгледувачи, размножувањето на канабис билките претставува вообичаен и едноставен процес, а предностите се многубројни, пред се поради тоа што може да создадеме сосем нови врсти исклучиво за нашите потреби 

Сами произведете си свој семенски материјал!
Со вкрстувањето се обезбедува мало количество квалитетно семе за посевите за идната година, а можете исто така да ја земате својата омилена врста и да го задржите поленот од неа со којшто ќе ги опрашите од вас избраните други женски генотипови или фенотипови во иднина. Па, ајде да ги разгледаме основите на техниките за размножување и вкрстување на канабис од мали размери, за во домашни услови. Препорачуваме да ги илустрирате придобивките и новите поколенија што овие техники можат да ги обезбедат на оние кои сакаат да создадат свој уникатен семенски материјал. Размножувањето му овозможува на одгледувачот пристап до нова хибридна генетика, додека истовремено овој процес претставува механизам за конзервација и зачувување, па дури и зајакнување на посакуваната генетика за идна употреба.


Преглед на топ врсти од списанието High Times 1977
Ако имате различни видови и сакате да создадете хибриди, вкрстувањето е лесно и ефикасно. Од друга страна, оние кои сакаат да го зачуваат семенскиот материјал во текот на следната сезона, ќе сфатат размножувањето е одржлива алтернатива за да се задржи и распространи таа генетика. Не секој одгледувач може да си дозволи да се снабдува со нов расад, клонови или семе од компаниите за производство на семиња од канабис и да купи нова генетика помеѓу секоја сезона. Впрочем, во повеќето држави цената на еден клон може да надмине 20 долари, додека десетина семки од канабис може лесно да чинат 100 долари или повеќе.

За многу микро-буџетни домашни одгледувачи, размножувањето и вкрстувањето е единствениот и бесплатен начин за да се задржи посакуваната генетика. Одгледувањето канабис и продолжувањето на семејната лоза во семето не е ексклузивно зачувување на експертите. Домашните одгледувачи кои имаат стекнато вештини на одгледување на високо ниво и ги совладале основните техники, лесно можат да преминат од обичен одгледувачот во експерт за врсти. Креирањето на F1 семиња и хибриди е многу практично. Повеќето од врстите на канабис кои станаа легендарни беа создадени од страна на домашните одгледвачи на канабис, повремено, па дури и сосем случајно, т.е. несакајќи.


Клонови
Понекогаш не е лесно да се изгради своја сопствена банка за семе од шаторот за растење или плакарот во споредната спална соба... Па, затоа размножувањето на мала рака е остварлива опција. Не ви е потребна магистерска диплома по ботаника. Доволно ви е досегашното искуство кое ќе расте заедно со вашите нови уникатни деца што можеби ќе ги создадете. Постојат повеќе техники за размножување и тоа: клонирање, селфинг, размножување од иста серија, полихибриди, оригинални F1 хибриди, пренасочување... Да разгледаме некои од нив!


Гел за клонирање
1. КЛОНИРАЊЕ (Clonning)

Земањето на ластари од канабис растенијата е одличен начин да се зачува видот. Понекогаш најценетите сорти се достапни во форма само на клонови, а одгледувачот има навистина ограничени опции, за да ја зачува генетиката, а да не мора да купува нови клонови секоај сезона. Клонирањето е пренослива вештина којашто со малку упорност лесно се совладува. Треба да имате постојано висока стапка на успех со клонирањето како предуслов за размножување.



Предизвикајте само-опрашување
2. СЕЛФИНГ (Selfing)

Семињата F1 може да се произведуваат само со женски клон од марихуана. Овие семиња ја носат само генетиката на мајката. За да се постигне ова, одгледувачот мора да го смени полот на женката (таа да стане хермафродит) за да го поттикне само-опрашувањето. Повеќето домашни одгледувачи намерно ќе ја ја изложат на стрес цветната женка за да произведат неколку семиња. Селфингот најчесто се применува на сорти марихуана наменети само за клонирање за да се претвори во форма на семе F1.



Совладајте го вкрстувањето
3. РАЗМНОЖУВАЊЕ ОД ИСТА СЕРИЈА

Па, ако сте задоволни со серија на редовни семки од канабис и можеби сакате да ги искористите машките? Па, може да вкрстувате канабис од истата серија. Да претпоставиме дека сте запознаени со врстата од истото пакување на семиња, потенцијално може да изберете пар од врсти за вкрстување. Ова е метода на старо-школските ганџа фармери и најмногу се применува на отворено. Покрај тоа, размножувањето од истата серија има потенцијал во внатрешните одгледувалишта, доколку органските семиња се оригинални. Ако е така, не само што резултатот ќе биде повеќе или помалку стабилен, но ќе имате заштедено пари на семе за следната реколта. Практикувајте да го собирате поленот. Размножувањето од сигурна серија е добар вовед во вкрстувањето канабис.



2 различни врсти
4. ПОЛИХИБРИДИ

По лекцијата за размножување од иста серија, доаѓа лекцијата за создавање едноставен хибрид. Полихибрид (polyhybrid) е вкрстување на две комерцијални, неповрзани сорти. За почеток, ова нема да биде целосно стабилно и нема да произведува оригинални Ф1 хибриди. Резултатите несомнено ќе бидат измешани. Но, полихибридите се прилично енергични и може да се откријат победнички фенотипови, доколку имате повеќе простор за експериментирање.





Развој на F1 хибриди (кликни на сликава)
5. ОРИГИНАЛНИ F1 ХИБРИДИ

Оригинални Ф1 хибриди се најценети и ние препорачуваме да го погледнете асортиманот од каталогот на Royal Queen Seeds. Оваа техника создава фантастично моќни, продуктивни и енергични растечки Ф1 хибриди и ова е долгорочен процес. Професионалните одгледувачи и експерти за размножување врсти инвестираат години од својот живот во проекти за размножување и одбираат сорти од стотици, ако не и од илјадници растенија од канабис. Оригиналните Ф1 хибриди може да се изведат само од вкрстување на оригинални или стабилизирани врсти. Тие изразуваат вистинска хибридна енергија.


Освен ако не планирате експедиција за лов на нови врсти, пожелно е да ја совладате оваа техника којашто бара малку повеќе предзнаење и искуство. Слично на тоа, одводнувањето може да биде комплицирано. Искрено, тоа е премногу тешко за прв пат дома одгледувач. Со вкрстување на пар на F1 билки (прва генерација) резултира со потомство во F2 билки (втора генерација). За жал, овие семиња ќе бидат далеку помалку стабилни и многу потешки за работа во споредба со претходната генерација Ф1. Потребно е внимателно селективно вкрстување во голем број за да се успее со овој пристап. Често се потребни повеќе генерации на размножување можеби до F5 (петта генерација) или дури F6 (шеста генерација) пред генетската линија да може да се стабилизира.


Развој на полихибрид
6. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ (Backcrossing)

Бек-кросингот е веројатно најсоодветната опција за размножување на мала рака, при одгледување за лична употреба во домашни услови. Исто така, ако сте во ситуација да сакате да размножите врста која се наоѓа само како клон, а немате многу доверба во техниката на стресирање на женските билки во фаза на цветање само за да создадете неколку F1 семиња, треба да ја разгледате токму оваа техника. Прво треба да идентификувате рецесивен донатор од машки пол или машка билка со пожелни особини кои вреди да се додадат на потомството. Женката ќе биде задржана како мајка од којашто ќе се продолжи со земање на клоновите. Во суштина, доминантниот женски клон и донаторскиот мажјак се вкрстуваат. Понатаму, сите последователни генерации ќе бидат пренасочени кон женскиот клон од оригиналната мајка. Понекогаш, ќе бидат потребни 3-4 пренасочувања за да се добие потребната стабилност во потомството. Како што можете да видите, постојат неколку начини да ги размножите вашите омилени врсти и да ги претворите во ваши нови уникатни видови.


* * *

Развој на бек-крос
Овој основен водич има за цел да ви даде добар општ преглед за да може да започнете со вашите индивидуални истражувања и експерименти, пред да се преселите во покомплицираните аспекти и „тајни“ од одгледувањето канабис. Да не заборавам исто така да надополнам дека не треба да се обесхрабрувате при првите неуспешни обиди, затоа што секој обид за имплементирање на новите техники во одгледувањето може да резултира со некоја ваша уникатна метода, врста. Сè е искуство плус и самото одгледување канабис има терапевтско, смирувачко и антидепресивно дејство врз одгледувачот. Со среќа! :)



Како од прилика изгледа вкрстувањето?

Автор: MoniQue Konopova

Saturday, October 28, 2017

Како да направите хашиш со мраз?

Хашот е форма на канабис концентрат, а хашишот со мраз функционира на принципот дека трихомите се потешки од водата, додека вегетативниот материјал не е

Дејството на канабисот многу зависи од начинот на консумињање, а секој екстракт, тинктура, било која форма на препарат од канабис (во помала или поголема мера) е лековит (нула смртни случаи). Користете мешалка за целосно да го измешате материјалот со ледената вода и ослободете ги трихомите.

Ледената вода се користи, бидејќи ги замрзнува жлездите, така што тие лесно се отстрануваат (може да го ставите и садот во замрзнувачот и до два часа однапред). Потоа извадете ја водата и зелената материја и ќе ви остане хашиш богат со трихоми. Ова ќе треба филтрирање до одреден степен, бидејќи сè уште ќе содржи вода. Го најдовme овој рецепт на Порталот Growers Guide to Cannabis, но процесот е адаптиран за да може да се направат неколку од овие серии истовремено.

Ќе ви требаат:

* кофа/леѓенче;
* прскалка;
* дрвена/метална лажица;
*парче картон;
* пешкир;
* блендер или сад и миксер;
* контејнери/садови и вреќи;
* филтери за кафе за повторна употреба или мрежа (приближно 155 микрони со прачки изработени од влакна од поединечно влакно);
* хартиени кафе филтри;
* мраз;
* мелница за кафе (опционално).

Погледнете го видеото за да ви стане појасно. Водич за правење хашиш со мраз чекор по чекор. Имајте убав викенд :)


Sunday, October 22, 2017

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!


Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.  


Не се фокусирајте на вредностите од сликава :)
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.

Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.


Дефолијација (defoliation)!

Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси. 


Поздрав од Александар Пешев, Лондон (мувла)
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!


Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла 

Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:

1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)

2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!

Super Sweet Tooth







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Tuesday, October 17, 2017

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Откако накратко ве воведовме во оваа толку многу важна тема за правилно одгледување на најквалитетен лек - спречувањето на мувлата - и ви објаснивме од каде доаѓа оваа габа, како се создава и кои се најчестите три типови мувла коишто може да се појават во било која фаза од растечкиот циклус, но и како да ги избегнете, сакаме да ви објасниме кои се трите најчести моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана:

1.) Кога билките се големи и разлистани...

БПМ на листовите...
Белата прашкаста мувла - БПМ (White Powdery Mildew) е тип на мувла што ги напаѓа билките кои растат во жешки, влажни услови без голем проток на воздух. Овој тип на мувла се развива кога воздухот е застоен. Изгледа како некој да ги испрскал листовите, туфките и стеблата со малку брашно. Малку од белата прашкаста мувла на лисјата е лош знак, но доколку таа премине надвор од контрола, може да ги уништи туфките, па дури и да го убие целото растение!

БПМ може да ги нападне билките и цветовите во секој момент од нивниот живот, па дури и кога се мали и млади, но најчесто таа се јавува кога билките се веќе големи и разгранети, затоа што големите листови го спречуваат протокот на воздухот и ја зголемуваат влажноста. Ова најчесто се случува кога одгледувате во многу мали места како шкафови, шатори за одгледување, гроу боксови... Ако одгледувате во затворен простор, вентилаторот е многу важен, не само поради симулација на ветер, туку и за спречување на овој тип на мувла. Ако билките се многу разлистани и имаат големи листови, светлината речиси всушност непродира преку врвот на растението во средината. Ако вегетацијата е преголема за вашиот простор, ризикувате БПМ да се појави како непосакувана гостинка, особено ако времето е жешко.

БПМ на стеблата...
Колку билката е побујна, толку повеќе вода (пареа) таа испушта во воздухот кога дише. Размислете за тоа со колку вода ги полевате вашите растенија? Најголемиот дел од таа вода завршува токму во воздухот во кој билките растат. Поради тоа што големите билки пијат многу, тие конвертираат многу вода во високи нивоа на влажност. Логично... Тоа е истата причина зошто прашумите секогаш остануваат влажни и магливи! :) Големите растенија што растат збиени во мали простори, поради тоа што имаат помал проток на воздух, најверојатно прават џебови од застоен воздух, создавајќи при тоа идеални услови за размножување на спорите и развој на оваа болест на растенијата... 

БПМ на туфките...
Паметното поставување на вентилатор/и ќе оди долг пат кон спречување на БПМ. Мувлава едноставно не може да расте во проветрена и чиста средина. Ако има мал провев над сите лисја (сите листови шумолат нежно, но не мавтаат наоколу како полудени), не само што ја спречувате БПМ, туку како дополнителен бонус вашите растенија го сакаат тоа и всушност, ќе растат и побрзо затоа што со помош на вентилаторите на вашите „девојки“ им обезбедувате приближно еквивалентни услови како кога би растеле во природа! Колку повеќе вегетација, толку подобра вентилација! ;)

Густи билки во тесен простор - поголем ризик од БПМ
Но, дури и со многу вентилатори, преголемата влажност е најголемиот непријател на билките, а најголем пријател на овој тип мувла. Добар систем за вентилација, т.е. издувен систем со силен вентилатор за издувните гасови, ќе го издувува топлиот и влажен воздух и ќе го заменува со поладен, посув воздух од надвор. Кога одгледувате многу листести канабис билки како овие на сликата (каде што речиси целиот среден и долен дел од билката воопшто не добива воздух) - во тој случај малку ДЕФОЛИЈАЦИЈА (отстранување на одвишокот големи листови) може значително да помогне за зголемување на протокот на воздух низ внатрешноста на билките, а воедно се намалува и влажноста

Добра вентилација
Потребна е добра циркулација на воздухот во растечкиот простор (добар проток/провев) на воздухот. Во краен случај може да се користи и „одвлажнувач“ (dehumidifier) за да се намали влажноста. Последното нешто што можете да го направите е да бидете сигурни дека температурата во вашиот растечки простор никогаш не оди над 80 °F (27 °C), а особено не над 85 °F (30 °C), бидејќи тоа е кога БПМ започнува да полудува, а мувлата може да ја покрие целата билка за само неколку дена! :(

2.) Во доцната цветна фаза...

Во последните неколку недели пред жетвата, пупките (туфките) стануваат многу подложни на белата влакнеста мувла или пак на темно кафената или сива правлива мувла. Колку се поголеми и погусти вашите туфки, толку е полесно да се одржи мувлата на нив. Мувлата може да дојде во многу јаки и чудни бои, вклучувајќи бела, жолта, кафеава, сива или речиси загадена црна боја. Не е важно кој е типот на мувлата, типовите на мувла кои ги напаѓаат туфките од внатре ги имаат истите основни ефекти и можат да бидат спречени со истите тактики. Со внатрешната мувла (често пати позната само како „гниење на туфките“) надворешноста на пупката може прво да се појави нормално, но сите лисја одеднаш ќе умрат. Самата туфка исто така, ќе стане грозна, ќе ја изгуби оригиналната природна боја, наскоро откако мувлата ќе се одржи. 

Сите други билки изгледаат здрави, но што не е во ред со таа единствена билка со жолти лисја?

Иако, многу работи можат да предизвикаат жолти лисја, интересно и воедно мистериозно е кога само една билка покажува такви симптоми, додека сите други изгледаат здрави. Важно е веднаш да се испита дали нешто чудно или ново се случува со вашите растенија. По поблиска проверка, пупката сè уште изгледа главно нормално однадвор, но што е тоа? Кога билката канабис е погодена од гниење на туфките, лесно се отвора на самото место и се открива мувлата што е внатре. Сите листови што ја допираат мувлата е лабави и паѓаат.

Ако туфките се нападнати од гниење, навистина добра идеја е веднаш истите да се отстранат и фрлат во ѓубре - сите погодени туфки, за да се намалат вашите загуби и ќе треба да го оберете растението многу брзо. Цела туфка може да изгние буквално преку ноќ, особено ако друга пупка има мувла, бидејќи тоа значи дека има тони спори во шаторот/растечкиот простор. Оберете ги вашите пупки што е можно поскоро за да не се разбудите следното утро со уште поголема загуба на здравите туфки, само затоа што не сте изреагирале на време!





3.) За време на сушењето и кјурингот...

Скапана туфка...
Најболно за одгледувачите е кога мувлата ќе се појави на самиот крај, по цели 4 месеци макотрпна и посветена работа, откако правилно туфките узреале и сте ги обрале на време. По бербата и кастрењето, не дозволувајте мувлата да се појави за време на сушењето и лекувањето (кјурингот). Сте стигнале до тука, сте посветиле толку многу труд, љубов и време, па кукавички е сега да се откажете и да кренете раце! Од она како ги сушите и „лекувате“ вашите туфки, многу зависи дали крајниот продукт ќе биде просечен, добар или лош. Правилниот кјуринг по правилното сушење не само што ја спречува мувлата, туку може целосно да го промени изгледот и вкусот на туфките, како и потентноста (јачината), но и мазноста за време на пушењето.


Кога станува збор за квалитетот на канабисот, она како ги растеш туфките сочинува 50% од твојот финален квалитет, 25% е изборот на врстата, а процесот на сушење и кјуринг ги сочинува останатите 25% од квалитетот. И покрај зголемувањето на квалитетот на туфката, сушењето и кјурингот на вистинскиот начин ја спречува мувлата. Процесот на сушење/кјуринг е незгодно време кога може да биде лесно да се создадат услови каде што мувлата може да нарасте преку ноќ, па затоа не е добра идеја да ги прескокнете овие круцијални чекори од целиот одгледувачки циклус. Но, најважното нешто што можете да го направите е редовно да ги проверувате вашите туфки (не кога спијат за да не станат хермафродити поради стрес), за да можете брзо да реагирате ако има некаков проблем!


Немојте да пушите скапани туфки и не правете екстракти од згниени туфки... Мувлата може да има различни форми и бои, понегогаш изгледа и доста убаво, но не дозволувајте да бидете прелажани! Ако сте почетници, не дозволувајте да бидете излажани од дилерите дека мувлата се некои „конци“, т.е. канабиноидни влакненца што се поразлично истакнати кај најквалитетните врсти канабис... Подолу, може да погледнете три видеа од Македонец во Лондон кој се соочува со мувла и оваа серија текстови за мувлата, како проблем при одгледувањето е создадена токму на негово барање :) Дознајте како да ја спречите мувлата, дознајте повеќе за врстите канабис за одгледување во овторен и затворен просторкоишто се отпорни на мувла, како и други корисни совети - наскоро, во следните неколку објави!




Автор: Monique Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Sunday, October 15, 2017

Избегнете 3 главни типови мувла за време на одгледувањето канабис

Како да се спречи мувлата при растењето? Повеќето од канабис одгле-ДУВАЧИТЕ, воопшто не мислат за мувлата! Постојат 3 главни типови на мувла кои често ги напаѓаат неподготвените одгледувачи на канабис:


Скапана туфка... :(
1.) Бела прашкаста мувла (White Powdery Mildew)
2.) Гниење на туфките (Bud Rot)
3.) Влакнеста бела мувла (редовна мувла [Fuzzy White Mold (Regular Mold)]


Има многу други работи покрај мувлата за кои треба да се грижите за време на растот, како недостаток на хранливи материи, тренинзи на растенијата, заштита од паразити и штетници, зголемување на приносите, зголемување на THC итн. Но, за жал, мувлата има начин да влезе во вашиот живот кога најмалку ја очекувате! Можно е да се создаде мувла во било која точка од животниот циклус на вашата билка, но дури и да успеете да го дочекате целиот развој без мувла, последните две недели пред жетвата (и првите неколку недели по жетвата) се всушност времињата кога постои најголема веројатност да бидете нападнати!


Ова е навистина фрустрирачко, бидејќи мувлата прави туфките да се сосема небезбедни за пушење и најчесто се појавува откако веќе сте посветиле месеци и месеци на напорна работа, труд и посветеност во вашиот раст. Ако не сте внимателни, мувлата може да ја уништи целата билка! НИКОГАШ не пуши мувлосани туфки! Ако цветовите изгледаат влакнесто бели, кафеави, црни или сиви - не пушете ги! Дури и ако сте имале неколку успешни жетви, може да има работи што случајно и несвесно ги правите, што може да ги зголемат вашите шанси за мувла. Одредени видови се многу поподложни на мувла во текот на нивниот животен век, така што добрите практики ќе одат со вас долг пат за да бидете сигурни дека мувлата никогаш нема да ве засегне, без оглед на тоа која врста ја одгледувате! Постојат исто така врсти на канабис отпорни на мувла, како за внатрешно, така и за надворешно одгледување.


Од каде доаѓа мувлата?

Не пушете вакви туфки и не правете масло од нив!
За среќа, мувлата е навистина лесна да се спречи и постојат многу алатки и техники кои можат да ви помогнат да се изборите со мувлата, па никогаш не треба да се грижите за тоа повторно! Ако ги обезбедите основите, можете да ја спречите оваа голема болест да ги уништи вашите растенија! Сите мувли доаѓаат од спори. Мувлата е вид на габа, фунга. Но, како спорите стигнуваат до вашите растенија? Тие можат да се следат од било каде во секое време и секогаш има одредено количество спори на мувла во воздухот доста насекаде каде што одите. Иако е навистина одлична идеја да го задржите вашиот растечки простор колку што е можно стерилно чист, сепак е можно спорите на мувлата да се појават без оглед на тоа што (не) правите.


Всушност, НАСА неодамна почна да расте разни растенија во вселената и тие беа шокирани кога дознаа дека нивните цвеќиња почнаа да добиваат мувла во премногу влажни услови! Дури и НАСА не знаеше дека мувлата ќе може да преживее до Меѓународната вселенска станица. Поентата е дека спорите на мувлата најверојатно постојат во вашиот простор за растење или околу вашите растенија во мали количини, но за среќа тие едноставно не можат да растат и да го нападнат растението без потребните услови за тоа. Бидејќи е лесно да се создаде средина за да се спречи мувлата да ги заземе вашите растенија, можете да бидете сигурни дека сите спори никогаш нема да „расцветаат“ на вашите канабис билки! Во текстовите што ќе следуваат ќе објасниме повеќе за трите најчести периоди кога може да се појави мувлата, врсти отпорни на мувла, како и совети и техники за успешно спречување на мувлата засекогаш :)

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Saturday, September 2, 2017

Клонирање на канабис растенијата

Дали сте знаеле дека можете да клонирате растенија од канабис? Звучи како некој вид научен експеримент на луди научници, но има придобивки за клонирање на растенијата наспроти размножувањето по пат на семе, а клонирањето на канабис растенијата е полесно отколку што мислите

1) Што е клонирање и зошто би сакале да клонирате растенија од канабис?

Постојат два начини на размножување на билките на кои можете да се потпрете кога одгледувате канабис. Првиот е преку сексуална репродукција, каде што се спојуваат машко растение со женско преку опрашување со цел да се создадат семиња. Тие семиња потоа можат да се садат за да се создадат генетски хибриди на двете родителски растенија. Вториот метод е преку клонирање, инаку познато како асексуална репродукција. Клоновите се изртени пресечени делови од растението кои се генетски идентични со растението од кое се земени. Постојат многу придобивки за клонирање кои придонесуваат за нејзината популарност меѓу комерцијалните и домашните лозари. Ако овој метод е изведен правилно, не само што клонирањето на канабисот може да биде заштеда на трошоците, туку има и потенцијал да и понуди на вашата градина целосно ново ниво на стабилност и одржливост.


Преку клонирање, можете да креирате нова жетва со точни реплики од вашите најдобри врвни растенија. Бидејќи генетиката е идентична, добивате растение со истите карактеристики, па ако наидете на пупка што навистина ви се допаѓа, можеби ќе сакате да го клонирате растението од кое дошло, па можете да создадете повеќе пупки кои ќе даваат исти ефекти. Размислете за земање клонови од вашата градина, ако барате да ги изберете и реплицирате растенијата со пожелни карактеристики, како што се вкусот, канабиноидниот профил, родот, времето на растење и.т.н. Не само што клонирањето ви заштедува време и пари со тоа што нема да правите нови семиња, исто така ќе бидете сигурни дека вашата култура ќе биде генетски различна. Покрај тоа, клонирањето е одговор на самодоволност во вашата градина. Со оглед на правилните услови, можете да го овековечите фенотипот за толку жетви колку што сакате, без да започнете со нови семиња.


2) Клонирање растенија од канабис од вашата градина

Да започнете со клонирање во вашата градина е релативно лесно и бара само неколку клучни елементи:

- Стерилен жилет за сечење (обидете се да не користите ножици, бидејќи тие имаат тенденција да ги уништат гранките, со што многу потешко се искоренуваат);

- Малку вода;

- Искоренување на средината;

- Искоренување на хормонот.

При изборот на мајки за клонирање, побарајте растенија кои се здрави, цврсти и околу два месеци во вегетативниот циклус. Ако не можете или не сакате да почекате, дајте му барем три месеци пред да го направите првото сечење – во овој момент, кога растенијата растат, вашите нови сечења ќе имаат поголеми шанси за искоренување.

Подготовката на мајчините растенија за сечење, ќе бара неколку чекори:

Бидете сигурни дека ќе задржите од ѓубривото на вашето растение во деновите што довеле до сечење. Ова ќе овозможи азотот да работи по својот пат надвор од лисјата на вашето растение. Кога ќе сечете, вишокот на азот во лисјата и стеблата ќе ги измами вашите клонови да се обидат да растат во вегетација, наместо да ја пренасочуваат енергијата кон искоренување;

Побарајте пониски гранки кои се цврсти и здрави. Ако трансплантирате во камена волна, поклопете го стеблото со дупката за искоренување на коцките за да се прилагоди. Во спротивно, гледајте да исечете меѓу 8-10 инчи со неколку присутни јазли;

Исечете што е можно поблиску до главното стебло со вашиот жилет на агол од 45 степени до гранката. Ова ќе ја зголеми површината на вашиот искоренет простор, промовирајќи побрз раст;

Ставете го свежото исечено делче веднаш во водата за да спречите формирање на воздушни меури во стеблото. Меурчињата ќе ја спречат водата да се апсорбира во стеблото и може да убие нов клон. Многу одгледувачи избираат да направат дополнителни засеци во стеблото пред овој чекор, тврдејќи дека помагаат да се зголеми потенцијалот за искоренување. Земето го ова време за да го направите ова пред да ги пренесете вашите сечења во водата.



Откако ќе земете неколку сечења и ќе ги пренесете во вода, време е да ги кинете нивните лисја за да помогнете во правилната фотосинтеза и да создадете повеќе санитарна средина за навикнување. Исечете ги страничните лисја до половина на стеблото со користење на ножици. Исто така, можете да ги отфрлите сите непотребни листови кон дното така што нема да имате било какви лисја кои ја допираат растечката средина. Ова вака не само што ќе им помогне на вашите клонови со хранливи материи и вода, туку ќе ги спречи лисјата да се допираат еден со друг. Во овој момент, можеби ќе сакате да ги натопите вашите свежи стебла во хормон за искоренување. Генили, прашоци и други хормони можат да обезбедат дополнителна поддршка за промовирање брз раст. Постојат различни на пазарот и многу од нив работат многу добро, но осигурајте се добро да ги истражите пред да одберете. После брзо натопување во некој хормон, префрлете ги вашите клонови до вашата последна растечка средина. 


3) Избирање на растечка средина

Кога станува збор за растечката средина, постојат три доминантни школи на мисла:

- Користете коцки од камена волна или не-почвен еквивалент. Камената волна обезбедува одлично опкружување за искоренување на клонот, поради неговата извонредна струја и задржување на влага. Можете да ги најдете овие коцки од било која продавница за одгледување или онлајн.

- Пренесете го вашиот клон во почвата. Кога користите почва, не избирајте едно со изобилство на хранливи материи и осигурајте се дека не ја надминувате или подводнувате почвата кога се обидувате да ги искорените вашите кловнови.

- Корен во вода. Клонирањето во вода не бара употреба на хормони за искоренување или средина. Вие само го пуштате вашето сечење во вода и останувате таму додека не се развијат корените и новиот раст.


Секоја од овие школи на мислата има свои предности и недостатоци. Експериментирајте за да видите кој метод најдобро функционира за поставување на вашиот растеж. Без оглед, осигурајте се дека вашите клонови добиваат многу влажност и светлина, по можност 18 часа. 
За да го заобиколат поголемиот дел од работата поврзана со хранењето и грижата за клоновите, многумина се одлучуваат за ауто-клонери. Овие автоматски единици преземаат голем дел од работата со постојано обезбедување на вода, кислород и светлина за вашите клонови. Недостаток е тоа што можат да бидат скапи.


4) Трансплантација на корените

Ќе дознаете кога вашите корени се подготвени да се трансплантираат кога ќе забележите нов вегетативен раст на вашите клонови. Во овој момент, можеби ќе треба да размислите за пресадување на вашите клонови во поголеми контејнери. За овој процес ќе биде потребна истата грижа и санитација од која се состои клонирањето, бидејќи не сакате понатамошно агитирање на растението во шок на трансплантација. Трансплантациониот шок е чест при клонирање, па затоа осигурајте се дека ќе одвоите време да останете санитарни и внимавајте на билките за време на процесот.

Олеснувањето на успешно клонирање може да направи чуда за вашата канабис градина со заштеда на време и пари и да се обезбеди конзистентна култура. Не ви е потребно многу за да започнете и доколку се направи правилно може да се обезбеди неопределено вечна жетва што ќе произведува најпосакувани растенија за вас преку целата година.

Автор: К. К.
Извор: Leafy