Едно природно соединение, наречено канабидиол - CBD кое го содржи канабисот, може да помогне да се спречи зачестеноста на епилептичните напади, сугерира научната јавност врз база на достапните докази, објавени на интернет во Journal of Neurology Neurosurgery & Psychiatry
Канабисот лекува епилепсија! |
Прелиминарните истражувања сугерираат дека соединенијата што се наоѓаат во канабисот (канабиноидите) можат да ги потиснат конвулзиите. И еден од овие канабиноиди, канабидиолот или ЦеБеДе, се чини дека покажува ветување за спречување на нападите. За да го истражат ова подетално, истражувачите ги следеле истражувачките бази на објавени и необјавени студии и податоци во врска со потенцијалното влијание на канабиноидите како додаток на вообичаениот третман за епилептичните напади, објавени до октомври 2017 година.
Шарлот Фиги заедно со нејзиниот анти-епилептичен лек! :) |
Збирните податоци од 17-те опсервативни студии покажаа дека фреквенцијата на напади се намалила за најмалку 50 проценти кај половина од пациентите и целосно исчезнала кај речиси 10 (8,5%) во осум од овие студии. Квалитетот на животот се подобрил на половина од пациентите во 12 од студиите. „Фармацевтското ЦБД при адјувантна (adjuvant) терапија кај педијатриски почетни епилепсии отпорни на лекови може да ја намали фреквенцијата на напади“ - заклучуваат истражувачите. „Постоечките [рандомизирани контролирани испитувања] докази се најчесто во педијатриски примероци со ретки и тешки епилептични синдроми, кои ги испитуваат другите синдроми и канабиноиди“ - додаваат истражувачите.
На видеата подолу, може да дознаете за малата Шарлот Фиги (Charlotte Figi) која боледуваше од Драветов синдром, но благодарение на посебната врста канабис „Шарлотс веб“ (Charlotte's web) - именувана и создадена специјално за ова мало пациентче, таа сега е нормално девојче и може нормално да расте, д асе развива и да се радува на детството! Повеќе за таа дизајнирана врста на канабис во која доминира канабидиолот, може да дознаете во второто видео. Ве замолуваме да го споделите овој текст на социјалните мрежи!
Поврзани статии - избор на Уредникот:

Автор: Кристина Т.
No comments:
Post a Comment