Tuesday, May 1, 2018

Како правилно да ги чуваме продуктите со канабис за да се продолжи рокот на траење?

Правилно направената, добро чувана тинктура од канабис има практично неограничен рок на траење. Ако е во идеална средина, тинктурата може да трае со години, без никаква деградација 


Од друга страна, дури и најдобро направеното брауни со канабис, складирано под идеални услови, ќе се расипе за многу помалку време. Прехранбените продукти со канабис можат да имаат многу различен животен рок во зависност од нивните методи на подготовка, употребените состојки, намената и условите за складирање. Сите канабиноиди поминуваат деградација под слични услови, а многу пати, производите со канабис вклучуваат повеќе нестабилни и во некои случаи, расипливи состојки кои можат да бидат многу посензитивни за компромитирачките елементи. Кога станува збор за нивно складирање, постојат неколку корисни совети од порталот Leafly кои во голема мера можат да ја подобрат долговечноста на вашите омилени производи со канабис.


Без разлика дали станува збор за тинктура, мелем, балсам, масло за јадење или друг прехранбен продукт со канабис, сите канабиноиди ќе се деградираат под слични екстремни услови кои вклучуваат: продолжено изложување на топлина, светлина или кислород. Првиот чекор за складирање на секој производ со екстракт од канабис е да се осигура дека сите три од овие фактори се добро контролирани. Студено, темно и добро затворено - се три доблести за долго чување на производите. Кога станува збор за контрола на температурата, фрижидерите се универзално решение за производите со канабис. Практично секој продукт со канабис ќе има подобрени услови и продолжен рок на употреба кога ќе се чува во фрижидер.

За да се избегне изложеност на светлина и кислород, секогаш чувајте ги вашите производи во непроѕирни херметички контејнери за чување што овозможуваат што е можно помала светлина (темни по боја). Производите од диспанзер, многу пати контејнерите во кои се пакувани се соодветни за складирање. Обидете се да ги задржите сите купени производи во нивните оригинални пакувања. Секогаш одлучете да ги чувате вашите производи во стакло кога складирате долготрајно, бидејќи пластичните садови или вреќи може да ги оштетат вашите производи со текот на времето. Правилното складирање може да ја елиминира деградацијата на канабиноидите. Постојат и други состојки кои се вклучени во еден производ, кои можно е да имаат поголем придонес за истекот на рокот. 


Расипливоста на прехранбените производи со канабис може многу да варира. Рокот на колачите и други печива речиси сигурно ќе истече порано од чоколадото или тврдите бонбони. Спротивно на тоа, некои масла за готвење може да траат неколку месеци, години, па дури и вечно ако се складираат правилно. Ако купувате производ од аптека или продавница, секогаш проверувајте го датумот на опаковката. Овие типично ја земаат во предвид различноста на трајноста на употребените состојки. Ако производот го правите дома, секогаш имајте ја на ум расипливоста на поединечните состојки што се користат во рецептот, кога го одредувате рокот на траење и преференциите за складирање.

Покрај фрижидерите, замрзнувачите можат исто така да бидат одлична опција. Не сите производи за јадење можат да се чуваат во замрзнувачот, сепак на продуктите како: путер, масла за готвење и многу други производи, во голема мера може да им го продолжите рокот на траење со замрзнување. Маслото од канабис исто така може да се замрзне за долгорочно складирање. Дури и печивата што инаку би се деградирале брзо на собна температура, ќе траат подолго ако се замрзнат. Тинктурите се највисоко на листата на најдолготрајни производи со канабис за орално консумирање. 

Ако правилно се складира, добро изработената тинктура може да трае бесконечно, според авторот, одгледувачот и експертот за канабис“ - Ед Розентал (Ed Rosenthal), во неговата книга „Beyond Buds“. Розентал вели дека килибарните или сините шишиња Boston Round се идеални за складирање на тинктури и фрижидерите или замрзнувачите многу ќе ја намалат деградацијата. Важно е да се има предвид дека тинктурите подготвени со глицерини ќе се деградираат и рокот истекува многу порано од чистите алкохолни дестилации. 


Добро складираната тинктура со алкохол може да трае со години или дури децении пред значително намалување на медицинската вредност на било кој начин. Чувањето на вашите производи од канабис подалеку од директна изложеност на сончева светлина, топлина и воздух, ќе им помогне да ја задржат својата потентност и свежина за подолго време. Одржувањето на вашите производи запечатени во фрижидер или замрзнувач речиси секогаш ќе гарантира подолг рок на траење. Не сите производи се наменети да траат неограничено, а расипливоста на продуктот скоро секогаш ќе зависи од другите состојки.


Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

No comments:

Post a Comment