Showing posts with label родители. Show all posts
Showing posts with label родители. Show all posts

Tuesday, June 12, 2018

Му дале марихуана на својот син за успешно стопирање на нападите - сега детето им е одземено и оставено е без потребниот лек!

Родители од Џорџија, кои велат дека му дозволиле на нивниот тинејџер да пуши канабис, за да ги третира епилептичните напади поради тоа што ниту еден фармацевтски лек не помагал, сега се соочуваат со кривични пријави и го изгубиле старателството


Семејството Брил се бори за слободен пристап до лекот!
Ништо друго не функционираше“ - рече мајката на момчето, Сузана Брил (Suzeanna Brill), која живее во близина на Мејкон во округот Твигс. „Не можам да дозволам моето дете да умира, бидејќи никој не сака да слуша“. „Дури и со последиците од законот, не ми е гајле“ - изјави очувот на момчето, Метју Брил (Matthew Brill) за порталот The New York Times. „За 71 ден тој можеше да вози велосипед, да оди да игра, да крева тегови. Ние успеавме да го постигнеме тоа кај Дејвид, но не со помош на Големата Фармација, туку лекувајќи го со марихуана“ - додава тој.


Нивниот 15-годишен син доживувал неколку изнемоштувачки напади на ден и тие се обиделе со различни познати решенија, вклучувајќи и лекови на рецепт, па и масло од канабис, но ништо не изгледало како да функционира, изјавуваат родителите. Потоа му дозволија на момчето да пуши марихуана, па нападите целосно запреле. Ако некој сега се запраша како може маслото да не му помагало, а пушењето да? - Одговорот е едноставен! Ова не е тешко да се објасни - секоја индивидуа е различна и кај секого различните начини на консумирање на канабисот и/или екстрактите делува поинаку, а исто така од круцијално значење е какво масло користеле (со каков сооднос на главните активни состојки, од какви врсти било направено и на кој начин било направено, дали било активирано, т.е. декарбоксилирано)? Кога канабисот се пуши, инстантно се внесуваат активните состојки од исушениот издробен цвет.


Но, она што двојката го направила, според канцеларијата на Шерифот во Твигс Каунти, не е олеснување за синот, туку прекршување на законот. Поради тоа, двојката беше обвинета за невнимателно однесување и Одделот за семејство и деца во Џорџија им го одзеде старателството врз тинејџерот. Овој случај моментално е во центарот на вниманието и во средината на дебатата околу легализацијата на марихуаната. Дваесет и девет држави и округот Колумбија дозволуваат медицинска марихуана. Девет држави плус Колумбија овозможуваат рекреативна употреба на билката. 


Од друга страна, Џорџија не дозволува ништо од тоа. Државата има строги закони против овој лек. Лекарите не смеат да препишат трева, а незаконски е истата да се поседува или продава, иако ако едно лице има картичка издадена од државата, може да поседува масло со ниска вредност на THC. Откако 15-годишникот почнал да пуши марихуана, неговите родители изјавија дека нивниот син Дејвид, немал напад во период од 71 ден. Сега е сместен во групен дом. На 20 април, денот кога беше отстранет од нивниот дом, момчето имаше напад и беше упатено во болница, велат тие. Семејството Брилс се бори да го врати старателството врз нивниот син, но се бори и тој да може да го користи својот природен лек. Иако се соочуваат со обвиненија, тие рекоа дека ќе го третираат на ист начин како и до сега со канабис, за да ја подобрат неговата состојба.



Автор и Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Usatoday

Wednesday, May 16, 2018

Мајките и марихуаната: 7 познати личности отворено зборуваат за пушењето марихуана како родител

Мајките сè повеќе и повеќе ги поттикнуваат реформите поврзани со канабисот во САД. Насекаде низ земјата, па дури и во поконзервативните држави, мајките ги поддржуваат и охрабруваат законите за употреба на THC и CBD за децата со епилепција и други болести


Еден таков „херој“ е Heather Shuker од друштвото за медицински канабис во Пенсилванија, која сето тоа го започна поради својата ќерка Хана, откако употребата на канабисот драстично ги намалила нејзините напади.  Калифорнискиот сенатор Dianne Feinstein, која се противела на реформите за канабисот, изјави дека нејзиното гледиште се променило откако се запознала со гласачите, особено оние со мали деца кои имаат здравствени придобивки од канабисот. Но, ова „движење на мајките“ не е само неодамнешен феномен за децата да имаат слободен пристап до медицинскиот канабис. Ова се 7 мајки, кои се познати личности: пејачки, актерки, водителки и писателки, кои јавно говореле за нивното конзумирање на канабисот и позитивните ефекти кои тие ги забележале од ова растение.



Maya Angelou

Писателката Maya Angelou пишувала за своето искуство со марихуаната во „Gather Together in My Name“,  вториот дел од нејзината автобиографија. Angelou, која што имала особено тешко детство и станала мајка во тинејџерските денови, напишала: „Пушењето марихуана го ослободува стресот... Тоа ме прави толерантна, пешачењето по улиците го прави авантура, јадењето на ручекот на мојата мајка го прави забава, а играњето со мојот син го претвора во смеа. За прв пат, животот ме воодушевува“.


Melissa Etheridge

Melissa Etherighe, музичар, изјави дека пушела марихуана во 2005 година, за да се справи со несаканите ефекти од хемотерапијата за време на нејзиното лечење од рак на дојката. Таа исто така се појавила на прес-конференцијата за користење на рекреативната марихуана во 2010 година, во Лос Анџелес. „Не сакам повеќе да изгледам како криминалец пред своите деца. Сакам тие да знаат дека тоа е одлука која ја носиш како одговорен и возрасен човек“ -  изјави таа. Во 2015 година на концертот за социјална правда, таа само потврди дека канабис-револуцијата е предводена од средовечните жени.


Ruth Bergner

Долгогодишниот корисник на канабисот, а воедно и баба, Ruth Bergner, јавно проговори во својата автобиографија: „I smoke pot with my family: Speaking up at 85“ (Пушам трева со моето семејство. Јавно говорам за ова на 85). „Со само едно пафкање, одеднаш сум поотворена, комуникативна, полна со љубов и полесно простувам. Верувам дека кога се користи паметно, ова растение ни помага да научиме повеќе да сакаме и да бидеме подобри луѓе“ - напишала таа. 


Lea Grover

Во 2015 година, Lea Grover, мајка на близнаци од 1 година, напиша текст за магазинот Good Housekeeping, која го именуваше, „Марихуаната ме прави подобра мајка“, во кој објаснува како марихуаната ѝ помогнала повеќе да сочувствува со другите, како и да се справи со анксиозноста предизвикана од улогата на родител. Таа забележала огромни придобивки во споредба со дотогашните лекови кои ги пиела. 


Charlize Theron

Charlize Theron, која неодамна му откри на Jimmy Kimmel дека заедно со својата мајка конзумирале канабис за да им помогне да заспијат, моментално се појавува во филмот Gringo, во кој има митско апче со канабис, како и во Tully, каде се соочува со предизвиците на мајчинството. Таа има две деца и ги чува заедно со својата мајка.


Susan Sarandon

Susan Sarandon, која јавно призна дека употребува марихуана уште во 1992 година, сè повеќе се залага за реформите за марихуаната против криминалот. Сарандон, во 2014 година, за магазинот AARP’s изјави: „Многу повеќе би сакала моите деца да пушат марихуана, отколку да пијат, само што тоа е нелегално“.


Whoopi Golderg

Whoopi Golderg, која неодамна навлезе во канабис-индустријата со своја сопствена линија од производи со канабис за жени и мајки, изјави дека нејзината ќерка ѝ предложила да пуши марихуана за да ги третира главоболките кои ја измачувале. „И ќе им зборувам и на моите внуци на 20-годишна возраст, а тие ќе ми кажат дека користат марихуана за ги спречат грчевите“ - изјави таа. Goldberg исто така зборува за потребата од жените и мајките во канабис-индустријата. „Доколку оваа индустрија е предводена од жените, мислам дека ќе има голем број разновидни производи“.



Поврзано: 




Автор: Ангела Т.
Извор: Cannabisnow

Monday, May 14, 2018

Употребата на медицинска марихуана треба да биде дозволена во училиштата

Пациентите кои имаат најголема корист од лекувањето со канабис, сепак треба да ги надминат политичките, социјалните и правните бариери со активистичко залагање преку креирање на политики кои го подобруваат безбедниот пристап до медицински канабис за пациентите - а тоа значи и во училиштата!


Канабисот им е неопходен на некои деца за да посетуваат настава!
Изминат е многу долг пат, бидејќи канабисот првпат беше декриминализиран во Орегон во 1973 година, а потоа во Ново Мексико; историјата на медицинската марихуана започна во 1978 година, по првите јавни расправи на законодавниот дом. Во Ново Мексико семејствата неправедно се спречувани да им дозволат на децата да користат медицински канабис додека се на училиште. Сега имаме двајца родители кои се борат да го променат ова. Овие две храбри мајки бестрашно се залагаат за правата на пациентите за медицински канабис и сигурен пристап за користење на медицински канабис во училиштата, што е исто така многу фундаментална основа за законот за медицински канабис во Ново Мексико.


Целта на Законот за внимателна употреба на Лин и Ерин е да се овозможи полесна употреба на медицински канабис во регулиран систем за ублажување на симптомите предизвикани од изнемоштени медицински состојби и нивните медицински третмани“. Овие две деца и секој ученик во тој поглед во нашата државна програма за канабис, треба да се третира исто како и секое друго дете кое посетува државни училишта во нашата држава и користи лек во училиште. Употребата на медицински канабис и сигурен пристап до него во училиште за овие два ученика е медицинска неопходност. „Медицински неопходни“ се дефинираат како „здравствени услуги или материјали потребни за спречување, дијагностицирање или лекување на болест, повреда, состојба, нарушување или симптоми и кои ги исполнуваат прифатените стандарди на медицината“. Медицинска неопходност е законска доктрина во САД, поврзана со активности кои можат да бидат оправдани како разумни, неопходни и / или соодветни, врз основа на клиничките стандарди за грижа базирани на докази.


Училиштата веќе им дозволуваат на децата да ги користат сите видови психотропни лекови - од Риталин до опиоидни лекови против болки - кога ги пропишува лекар. Но, тие имаат тенденција да заземат многу потежок став во медицинскиот канабис, дури и во случај на не-психоактивни медицински канабис ЦБД масла - и покрај тоа што научно се докажало дека е побезбедно од психотропните фармацевтски лекови и опијати. Денес, програмата за медицинска марихуана во Ново Мексико има над 50.000 регистрирани учесници со 35 лиценцирани (непрофитни) производители кои одгледуваат 14.550 канабис билки, бидејќи програмата се наоѓа на средината на десеттата година. Џејсон Баркер (Jason Barker) е организатор на безбеден пристап во Ново Мексико (Safe Access New Mexico) и пациент кој се лекува со медицински канабис.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Lcsun-news