Showing posts with label семејство. Show all posts
Showing posts with label семејство. Show all posts

Wednesday, December 19, 2018

Дали канабисот може да го спречи семејното насилство?

Дали канабисот може да го спречи семејното насилство? Науката вели дека постои истражување кое може да укаже на дефинитивен одговор. Насилството се намалило кога барем еден партнер консумирал канабис


Истражувачите и другите професионалци го поврзаа алкохолот и другите злоупотреби на супстанции со зголемување на семејното насилство многупати во минатото. Но, дали канабисот може да го спречи домашното насилство? Истражувачите од Универзитетот Јеил, Универзитетот во Бафало и Рутгерс можеби се поблиску до обезбедување на одговор со студија која беше објавена во 2014 година за Psychology of Addictive Behaviour. Истражувањата покажаа дека колку почесто паровите пушат заедно, толку е помала веројатноста тие да се вклучат во форми на семејно насилство.


Студијата се одвиваше помеѓу 1996 и 1999 година, следејќи 634 парови првите девет години од бракот. Главната цел? Испитувањето требаше да провери дали марихуаната влијаела на насилството врз интимниот партнер или не. Центрите за контрола на болести и превенција го дефинираат ова како „физичко насилство, сексуално насилство, следење и психолошка агресија (вклучувајќи и присилни дејствија) од страна на сегашниот или поранешниот интимен партнер“. Студијата, сепак, го категоризира ова како чин на физичка агресија.


Во текот на девет години, секој пар пополнувал и прашалници по пошта. Истражувањата побараа од нив да го пријават секое насилство извршено од нив или нивниот партнер за мерење на ефектите од употребата на канабис врз семејното насилство. По првата година, 37,1% од мажите извршиле насилен чин. Имаше просечна фреквенција од четири пати годишно. Мажите повеќе се обврзаа да ја признаат нивната употреба на марихуана, а 28% велат дека пушеле трева во текот на годината. Само 22,7% од жените признале дека користат канабис.


Паровите не само што беа прашани за нивната употреба на канабис, туку и дали тие користат други лекови или консумираат алкохол? Истражувачите забележаа дека повеќето студии за употреба на супстанци и насилство се фокусираат на алкохолот и дека се сметаат за ризик и последица на насилството. По деветте поминати години, бројни резултати излегоа од студијата. Заклучокот е дека марихуаната го намалува семејното насилство. Резултатите наведоа дека „почеста употреба на марихуана вообичаено предвидува поретки испади на насилство кај мажите и жените во првите 9 години од бракот“.


Тие не само што заклучиле дека насилството се намалило кога еден партнер пушел канабис. Студијата, исто така, покажа дека ризикот од интимно насилство на партнер бил најнизок кога двата партнера пушеле марихуана. Истражувачите понатаму опишуваа дека хроничните корисници покажуваат „збунета емоционална реакција на дразбите за закана“. Во суштина, пушењето го намалило инстинктот за борба кај поединецот. Марихуаната е различна од другите супстанци, како што е алкохолот, бидејќи го намалува конфликтот и агресијата, велат научниците.


Дали канабисот може да го превенира семејното насилство? Очигледно, марихуаната нема моќ целосно да сузбие нечиј гнев, сепак смирувачкиот ефект помага личноста да размисли два пати пред да стори нешто. Семејното насилство најчесто е резултат кога еден партнер чувствува потреба за контрола и доминантност врз својот партнер. Искуството покажува дека оние кои се сведоци на овој вид насилство може да имаат поголема веројатност да учат и да го користат во иднина. Сега одморете се и олеснете го расположението со партнерот и уживајте во релаксирачкиот ефект на индика канабисот. Постојат начини како тревата може да помогне во подобрувањето на вашата врска. Но, осигурајте се дека постои разбирање и дека редовно комуницирате со вашиот партнер за да разберете што им е пријатно или не. Важно е да бидете искрени и да одржувате меѓусебно почитување.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova

Tuesday, June 12, 2018

Му дале марихуана на својот син за успешно стопирање на нападите - сега детето им е одземено и оставено е без потребниот лек!

Родители од Џорџија, кои велат дека му дозволиле на нивниот тинејџер да пуши канабис, за да ги третира епилептичните напади поради тоа што ниту еден фармацевтски лек не помагал, сега се соочуваат со кривични пријави и го изгубиле старателството


Семејството Брил се бори за слободен пристап до лекот!
„Ништо друго не функционираше“ - рече мајката на момчето, Сузана Брил (Suzeanna Brill), која живее во близина на Мејкон во округот Твигс. „Не можам да дозволам моето дете да умира, бидејќи никој не сака да слуша“. „Дури и со последиците од законот, не ми е гајле“ - изјави очувот на момчето, Метју Брил (Matthew Brill) за порталот The New York Times. „За 71 ден тој можеше да вози велосипед, да оди да игра, да крева тегови. Ние успеавме да го постигнеме тоа кај Дејвид, но не со помош на Големата Фармација, туку лекувајќи го со марихуана“ - додава тој.


Нивниот 15-годишен син доживувал неколку изнемоштувачки напади на ден и тие се обиделе со различни познати решенија, вклучувајќи и лекови на рецепт, па и масло од канабис, но ништо не изгледало како да функционира, изјавуваат родителите. Потоа му дозволија на момчето да пуши марихуана, па нападите целосно запреле. Ако некој сега се запраша како може маслото да не му помагало, а пушењето да? - Одговорот е едноставен! Ова не е тешко да се објасни - секоја индивидуа е различна и кај секого различните начини на консумирање на канабисот и/или екстрактите делува поинаку, а исто така од круцијално значење е какво масло користеле (со каков сооднос на главните активни состојки, од какви врсти било направено и на кој начин било направено, дали било активирано, т.е. декарбоксилирано)? Кога канабисот се пуши, инстантно се внесуваат активните состојки од исушениот издробен цвет.


Но, она што двојката го направила, според канцеларијата на Шерифот во Твигс Каунти, не е олеснување за синот, туку прекршување на законот. Поради тоа, двојката беше обвинета за невнимателно однесување и Одделот за семејство и деца во Џорџија им го одзеде старателството врз тинејџерот. Овој случај моментално е во центарот на вниманието и во средината на дебатата околу легализацијата на марихуаната. Дваесет и девет држави и округот Колумбија дозволуваат медицинска марихуана. Девет држави плус Колумбија овозможуваат рекреативна употреба на билката. 


Од друга страна, Џорџија не дозволува ништо од тоа. Државата има строги закони против овој лек. Лекарите не смеат да препишат трева, а незаконски е истата да се поседува или продава, иако ако едно лице има картичка издадена од државата, може да поседува масло со ниска вредност на THC. Откако 15-годишникот почнал да пуши марихуана, неговите родители изјавија дека нивниот син Дејвид, немал напад во период од 71 ден. Сега е сместен во групен дом. На 20 април, денот кога беше отстранет од нивниот дом, момчето имаше напад и беше упатено во болница, велат тие. Семејството Брилс се бори да го врати старателството врз нивниот син, но се бори и тој да може да го користи својот природен лек. Иако се соочуваат со обвиненија, тие рекоа дека ќе го третираат на ист начин како и до сега со канабис, за да ја подобрат неговата состојба.



Автор и Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Usatoday