Родители од Џорџија, кои велат дека му дозволиле на нивниот тинејџер да пуши канабис, за да ги третира епилептичните напади поради тоа што ниту еден фармацевтски лек не помагал, сега се соочуваат со кривични пријави и го изгубиле старателството
Семејството Брил се бори за слободен пристап до лекот! |
„Ништо друго не функционираше“ - рече мајката на момчето, Сузана Брил (Suzeanna Brill), која живее во близина на Мејкон во округот Твигс. „Не можам да дозволам моето дете да умира, бидејќи никој не сака да слуша“. „Дури и со последиците од законот, не ми е гајле“ - изјави очувот на момчето, Метју Брил (Matthew Brill) за порталот The New York Times. „За 71 ден тој можеше да вози велосипед, да оди да игра, да крева тегови. Ние успеавме да го постигнеме тоа кај Дејвид, но не со помош на Големата Фармација, туку лекувајќи го со марихуана“ - додава тој.
Нивниот 15-годишен син доживувал неколку изнемоштувачки напади на ден и тие се обиделе со различни познати решенија, вклучувајќи и лекови на рецепт, па и масло од канабис, но ништо не изгледало како да функционира, изјавуваат родителите. Потоа му дозволија на момчето да пуши марихуана, па нападите целосно запреле. Ако некој сега се запраша како може маслото да не му помагало, а пушењето да? - Одговорот е едноставен! Ова не е тешко да се објасни - секоја индивидуа е различна и кај секого различните начини на консумирање на канабисот и/или екстрактите делува поинаку, а исто така од круцијално значење е какво масло користеле (со каков сооднос на главните активни состојки, од какви врсти било направено и на кој начин било направено, дали било активирано, т.е. декарбоксилирано)? Кога канабисот се пуши, инстантно се внесуваат активните состојки од исушениот издробен цвет.
Но, она што двојката го направила, според канцеларијата на Шерифот во Твигс Каунти, не е олеснување за синот, туку прекршување на законот. Поради тоа, двојката беше обвинета за невнимателно однесување и Одделот за семејство и деца во Џорџија им го одзеде старателството врз тинејџерот. Овој случај моментално е во центарот на вниманието и во средината на дебатата околу легализацијата на марихуаната. Дваесет и девет држави и округот Колумбија дозволуваат медицинска марихуана. Девет држави плус Колумбија овозможуваат рекреативна употреба на билката.
Од друга страна, Џорџија не дозволува ништо од тоа. Државата има строги закони против овој лек. Лекарите не смеат да препишат трева, а незаконски е истата да се поседува или продава, иако ако едно лице има картичка издадена од државата, може да поседува масло со ниска вредност на THC. Откако 15-годишникот почнал да пуши марихуана, неговите родители изјавија дека нивниот син Дејвид, немал напад во период од 71 ден. Сега е сместен во групен дом. На 20 април, денот кога беше отстранет од нивниот дом, момчето имаше напад и беше упатено во болница, велат тие. Семејството Брилс се бори да го врати старателството врз нивниот син, но се бори и тој да може да го користи својот природен лек. Иако се соочуваат со обвиненија, тие рекоа дека ќе го третираат на ист начин како и до сега со канабис, за да ја подобрат неговата состојба.
Автор и Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Usatoday
No comments:
Post a Comment