Monday, September 4, 2017

Декарбоксилација: Што е тоа? И зошто треба да ја декарбоксилирам тревата?!

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да го загреете канабисот за да ги почувствувате психоактивните ефекти? За да се добие најдоброто од оваа билка, прво треба да ја декарбоксилирате. Но, што е декарбоксилација и зошто треба да ја декарбоксилираш тревата? Активните состојки наречени канабиноиди се активираат на одредена температура! Ќе ви ги откриеме тајните на овој магичен процес, за да може да го извлечете најдоброто од вашата билка ;)


Декарбоксилација
Дали знаевте дека суровиот канабис е не-психоактивен? Билката станува психоактивна само кога се случуваат две работи. Прво, кога пупката (туфката) се суши и старее. Второ, кога канабисот се загрева на одредена температура. Повеќе психоактивни соединенија се создаваат со загревање на растението, отколку преку стареење. Со цел да се ослободи целосниот потенцијал на психоактивни ефекти од марихуаната, прво мора да поминете низ процесот наречен декарбоксилација. 

„Декарбоксилација“ е долг збор за едноставен процес. За да ги декарбоксилирате цветовите од вашата билка, само треба да ги загреете на температура од околу 115-120 °C со времетраење од 20-30 минути. Истото може да го сторите во рерна. Примената на малку топлина на исушена пупка инспирира некои фасцинантни природни хемиски реакции во растението. Имено, вие ги трансформирате соединенијата наречени канабиноидни киселини во форма која нашето тело лесно може да ја употреби. Исто така кога правите масло од канабис, на самиот крај најважно е истото да го декарбоксилирате, односно THCA да го претворите во THC!


Инстантна декарбоксилација :)
Канабиноидите се соединенија кои се наоѓаат во растението канабис, кои се врзуваат за клетките во телото за да произведат ефекти. Понекогаш декарбоксилација се нарекува „активирање“. Веројатно веќе сте слушнале дека основното психоактивно соединение во канабисот е делта-9-тетрахидроканабинол (THC - Tetrahydrocannabinol - trans-Δ⁹-tetrahydrocannabinol). TХЦ е она што ве воздигнува високо кога пушите малку од цвеќето или јадете магични колачи. Но, нема да најдете многу ТХЦ во живото растечко растение марихуана. Она што постои во неактивираната марихуана е друго соединение наречено TХЦА, што е кратенка за тетрахидроканабинолна киселина (tetrahydrocannabinolic acid).

TХЦА не е психоактивна состојка. Ова соединение на киселината нема да ве натера да се воздигнете високо. За да ги почувствувате ефектите на канабисот кои влијаат на умот, т.е. за да подготвите лек за третирање канцер, треба да ја трансформирате TХЦА во психоактивната TХЦ состојка, затоа што за лекување на канцери потребно е многу THC. Секој пат кога ќе земете запалка за џоинт или ќе го ставите вашиот канабис во рерната, вие правите декарбоксилација. Вие конвертирате едно соединение во друго. Претворате не-психоактивно растение во психоактивно. Поконкретно, отстранувате „карбоксилна група“ од киселиот облик на ТХЦ. Оттука е терминот „де-карбоксилација“. Без таа карбоксилна група, ТХЦ може слободно да се поврзе со ендоканабиноидните рецептори во мозокот и телото и на тој начин да делува на нашиот ендоканабиноиден систем


Дали има бенефиции од суровиот канабис?

Внимавајте како го чувате канабисот
Ако сакате високо дејство, треба прво да го декарбоксилирате канабисот. Сепак, постојат одредени бенефиции од оставање на канабисот во сурова форма и постојат одредени заболувања кои се третираат со THCA. Кога канабисот ќе се исуши и ќе го помине процесот наречен „КЈУРИНГ“ (curing), мала декарбоксилација се случува кога билката старее. Сувиот, неактивиран канабис има различни здравствени придобивки. Канабиноидните киселини се потентни антиинфламатори. Билката исто така е преполна со витамини и хранливи материи кои се наоѓаат и во другите здрави зеленчуци, па затоа се препорачува да се јаде и во сурова форма, како салата, сок или смуди.

Ако сакате да го извлечете максимумот од неактивираните канабиноиди, ќе треба да користите свежо набрани пупки или лисја. Можете исто така да го зачувате суровиот канабис подолго време во ладилник за неколку дена, како и секоја друга зелена билка, а можете и да го замрзнете. Густо спакуваните цвеќиња од канабис може да фатат доста мувла, кога тие не се соодветно спакувани и кога се изложени на влага. Тие, исто така, почнуваат да ја губат својата потентност и денатурираат со текот на времето. Затоа и екстрактите пожелно е да ги чувате во ладилник. Многу пациенти кои одлучиле да се лекуваат со канабис имаат успех со едноставно пиење на сокови од листови и цветови од канабис. Меѓутоа ако очекувате некакви психоактивни ефекти, најдобро е да го дебарбилирате вашиот канабис, пред да започнете со процесот на готвење на вашиот магичен и вкусен слецијалитет со канабис. 


Зошто да го декарбоксилирам канабисот пред да готвам?

Топломерите се неопходни кога правите екстракти
Ако готвите со канабис, препорачливо е да направите декарбоксилација пред да почнете да го готвите вашето омилено јадење ако сакате целосен психоактивен ефект. Затоа потребно е прво да направите декарбоксилација пред да готвите со билката. Активирањето на вашиот канабис от пред готвењето ви го гарантира дека ќе го исползувате максимумот од психоактивниот потенцијал на ТХЦ. Ако не го исушите и активирате канабисот пред да готвите, ризикувате да ја изгубите потентноста и да не го извлечете максимумот од вашиот канабис.



Краток одговор? Да. ЦБД е кратенка за канабидиол, уште еден доста популарен канабиноид кој се наоѓа во растението канабис, неопходен за третирање епилепсија и други болести. За разлика од ТХЦ, CBD не е психоактивен. Исто како и ТХЦ, ЦБД се наоѓа во својата киселина во суровиот канабис. Оваа суровинска форма (CBDA) има сопствени својства кои промовираат здравје. Но, активирањето на CBD го прави полесно достапно за нашето телото да го користи и тоа се случува на различна температура, може да биде иста, но времетраењето на самата декарбоксилација треба да биде речиси двојно подолго. 


Ова значи дека соединението може веднаш да се употреби од вашето тело. Кога останува во својата сурова форма, вашето тело треба да направи дополнителната работа за да ја раздвои молекулата и може да ја користи киселината на малку поинаков начин. Истото важи и за другите канабиноиди. Нивната сурова форма е киселина. За да ги направите повеќе биодостапни, треба да се декарбоксилираат. Не смееме исто така да заборавиме дека изолираните канабиноиди ја немаат моќта на синергискиот ефект од сите канабиноиди и останати состојки во канабисот, особено кога третираме некое сериозно заболување или состојба.

Температура и терпени

Терпенско тркало
Кога станува збор за декарбоксилирање, колку е помала температурата што ја користите, толку подолг е процесот на декарбоксилација. Кога користите пониска температура, ќе изгубите помалку терпени низ процесот на декарбоксилација. Како и да постапите нема многу да погрешите, важно е за каква намена ја подготвувате тревата/маслото.


Дали некогаш сте се запрашале зошто туфките од ист вид имаат различни вкусови и мириси? Одговорот е скриен во терпените. Едноставно кажано, терпени се маслата кои им го даваат на растенијата од канабис и сите останати растенија, билки и цвеќиња, нивниот уникатен мирис и арома, како што се: ментолот, цитрусната арома и мирисот на бор. Постојат многу лековити придобивки од терпените; некои успешно го ублажуваат стресот, додека други го поттикнуваат фокусот и будноста. Ова е многу важно кај ароматерапијата.

Терпените, исто така, работат заедно синергиски со ТХЦ и другите канабиноиди, за да ги зголемат медицинските придобивки. На пример, еден заеднички терпен е линалол. Линалолот е соединение кое ѝ го дава на лавандата нејзиниот уникатен мирис. Видовите како  лавандата имаат тенденција да имаат високо ниво на линалол. Истражувањата покажуваат дека ова може да ги засили седативните ефекти на ТХЦ. Максималната температура за експресија на терпен е 310 до 400 °F (154 - 204, 4 °C). Сè што е над тоа ќе ги изгори терпените, менувајќи го вкусот и намалувајќи ги медицинските ефекти.


Како да декарбоксилирам пред готвење?

Декарбоксилацијата е едноставна...
Декарбоксилацијата е навистина едноставен процес. Пред да ставите канабис во вашиот сос од тестенини или некои „билни зачини“ на вашата пица, осигурајте се дека ги следите овие лесни чекори:

1. Загрејте ја рерната на 240 °F / 115 - 120 °C (НИКАКО НАД 140  °C);
2. Раскинете ги цвеќињата и пупките од канабисот на помали парчиња со вашите прсти или грендер; 
3. Ставете ги парчињата во еден слој на хартија за печење и осигурајте се дека тавата е со точна големина;
4. Печете го канабисот 20-30 (максимум 40) минути, мешајќи на секои 10 минути;
5. Кога канабисот ќе потемни по боја, светло-средно-кафеава и ќе се исуши, отстранете ја хартијата за печење и оставете канабисот да се олади;
6. Канабисот е спремен за употреба. Чувајте го во херметички сад на суво и ладно место и/или во ладилник.


Гледајте го видеото!

Еве едно интересно видео од HERB за го проучите целиот процесот на декарбоксилација. Тоа навистина не е комплицирано и правилното активирање на вашата билка ќе произведе неверојатни резултати.  


Да резимираме, ви треба топлина за да ја декарбоксилирате вашата билка. Пониска та температура помага да се заштити интегритетот на одредени лековити соединенија во растението. Сувиот канабис е одличен. Но, нема да ви даде „ХАЈ“ ако не го декарбоксилирате претходно.

Ви посакуваме среќна декарбоксилација! :)

Автор: К. К.
Извор: Herb

No comments:

Post a Comment