Терминот „МЕДИЦИНСКА“ и терминот „РЕКРЕАТИВНА“ марихуана се измислени од фарМАФИЈАТА, за да може уште некое време да нè работи, додека сите самите не го сфатиме фактот дека:
1.) Секоја марихуана е лековита (помалку или повеќе во зависност од тоа како е одгледана и како е подготвен финалниот продукт);
2.) Секоја употреба на марихуана е лековита (не создава зависнот, не може да се злоупотреби и фатално да се предозира; сите имаме ендоканабиноиден систем и на сите ни се потребни канабиноиди);
3.) Подобро е да спречиш, отколку да лечиш! ;)
Алелуја! Зошто? Затоа што... сега малку за она што се случува кога пушиме трева. Тој психоделичен аспект на конопот ни служи за спознавање на самите нас, овозможува поврзување со нашата внатрешна духовност, поврзување и ускладување со нашата душа. Тревата е ентеоген, природна учителка, ја зголемува свесноста, нежно ги растопува енергетските граници, па затоа има ефект на подобра поврзаност со духовниот свет и поголема рамнотежа во физичкиот свет и чувство на најоптимално здравје и благосостојба во сите аспекти од животот. Го балансира комплексот: ум, душа и тело!
Луѓето кои редовно консумираат канабис полесно се справуваат со своите емоции, побрзо се смируваат кога ќе се изнервираат и самата билка не ти дозволува да те обзема тагата, дури и кога се наоѓаш на некој тежок животен крстопат. Просто кажано - марихуаната ни помага да уживаме во животот постојано и на секоја ситуација да гледаме од светлата страна и секогаш да имаме позитивна перспектива. Само направете анализа на сите корисници на канабис кои ги познавате - тоа се среќни и насмеани луѓе, кои постојано одат напред и не застануваат, летаат кон своите цели.
Одредени аспекти на канабисот трансформираат дел од нашата физичка енергија во етер. Она „BZZZZ“ - пријатно чувство што го чувствуваме низ целото тело и ум, во нашите нерви е етерна енергија - прана, која на тој начин зрачи. Тревата го зајакнува во нас сето она што нашето битие навистина е, па затоа полесно е да се спознаеш себе си откако ќе почнеш да користиш грас. Не постои ниту еден дел од дејството на марихуаната кој е непосакуван и случаен. Бидејќи ни го издигнува постоењето на многу повисоко ниво, сè станува потечно. Поради тоа ни овозможува подобро да ги чувствуваме енергиите околу себе, ги отвара нашите сенсови, особено интуицијата.
Некои луѓе кога ќе започнат да консумираат канабис може да се соочат со параноја и негативности, поради две причини:
1.) поради тоа што канабисот е нелегален, па кај многумина се јавува паника дека ќе бидат фатени, казнети и дека ќе ја изгубат слободата;
2.) поради тоа што проблемите започнуваат да излегуваат на површина, сите мрачни мисли кои ги потиснувале со години и децении во своите умови, конечно почнуваат да се ослободуваат за да бидат забележани и решени.
Постојат многу видови на медитација. Канабисот може да ти помогне да се фокусираш на позитивните мисли или на немислење многу поедноставно. Всушност, самото ролање џоинт и пушење претставува вид на медитација! Медитацијата е смирено дишење, а токму тоа е пушењето трева - ем медитираш, ем се лекуваш! Тој ритуал сам по себе овозможува поврзување со Повисокото Јас. Одгледувањето на канабисот е исто така вид на медитација и само по себе е смирувачко и терапевтско. Не случајно симболизмот на тревата е смеењето и позитивата - тоа може да се објасни на хемиски начин, преку ендоканабиноидниот систем и CB1 и CB2 рецепторите, канабиноидите и ендоканабиноидите, меѓутоа тоа е само теоретски плиток пристап на објаснување за оние кои повеќе веруваат во науката, отколку во Бог/Изворот, кој ги создал луѓето, за тие потоа да ја создадат науката за да го проучуваат тој Извор.
Канабисот во нас ја зголемува вредноста на срцевата енергија. Енергиите на нашето срце се манифестација на темелните Божествени принципи и канабисот тоа го појачува. Затоа сите сакаат да бидат HIGH, бидејќи агресијата, омразата и останатите негативности одат во заборав, во втор план! Тревата се обидува да нè откине од континуитетот во размислувањето и од автоматизмот на секојдневието, за едноставно да престанеме да размислуваме и да тупиме глава со непотребни проблеми и да го вртиме умот во круг. Тревата ни помага да сватиме дека се чувствуваме интуитивно без интелект и да преземеме поголеми духовни придобивки од зголемената состојба на свесност.
„STONED“ ефектот, исто така е многу битен момент во „медицинскиот“ аспект на дејствување. Кога телото се лекува и регенерира, потребно е мирување - така исцелувањето е полесно, побрзо и поделотворно! Кога некој ќе заспие во длабок сон под дејство на трева - тоа му/ѝ било потребно - тоа е регенеративен сон! Лекарите треба да размислат пред операција каква анестезија им даваат на своите пациенти! Имено подобро е некој да биде опериран за време на кома индуцирана од канабис, отколку за време на кома индуцирана од некое токсично синтетичко соединение, кое е опасно и од малку поголема доза - постои можност пациентот никогаш повеќе да не се разбуди - што не е случај со конопот, но за ова тек допрва ќе се зборува во медицината. Науката секогаш е многу чекори зад вистината и многу пати науката прави опструкции на вистината само заради остварување поголем профит на некои луѓе кои свесно одлучиле да им служат на мрачните сили...
Канабисот ја сузбива напнатоста на умот (умот е отпорот на љубовта). Секојдневието нè прави напнати, а умот е преполн со отпори према сè и сешто... Тревата го намалува тој отпор и енергијата може полесно да тече низ нас, без непотребен застој во енергетските центри.
НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КАНАБИС, БЕЗБРОЈ ОЗДРАВЕНИ!!!
СПОДЕЛИ за да го ослободиме канабисот побрзо :)
No comments:
Post a Comment