Showing posts with label токсини. Show all posts
Showing posts with label токсини. Show all posts

Wednesday, May 30, 2018

Руски научници откриваат дека ендоканабиноидите се борат против епилепсија и оштетување на мозокот

Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем (сопствените канабиноди на нашето тело) исто така може да функционира во прилог на лекувањето на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините


Научниците од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на РАС (RAS’ Institute of Theoretical and Experimental Biophysics - ITEB RAS) и Институтот за физика и технологија во Москва (Moscow Institute of Physics and Technology - MIPT) покажаа дека аналогиите на активните супстанции слични на канабисот произведени од телото се многу ефективни борци против болестите, соопшти прес-службата на МИПТ. Резултатите од студијата се објавени во списанието Brain Research.

Покажавме дека симптомите на епилепсија значително може да се намалат или да бидат целосно блокирани ако тестираните животни се инјектираат со супстанции кои симулираат епилепсија, заедно со формулата што ја активира активноста на ендоканабиноидниот систем на мозокот“ - рече раководителот на лабораторијата за системска организација на невроните на ITEB RAS и доктор по биолошки науки, Валентина Кичигина (Valentina Kichigina).


Епилепсијата, мозокот и канабиноидите

Епилепсијата е една од најширокорастечките хронични невролошки заболувања кај луѓето и животните, која се појавува во вид на повторувачки конвулзивни напади во различни делови на мозокот и телото на засегнатото лице. Ако епилепсијата е назначена во темпоралниот лобус, тоа се дијагностицира како т.н. „епилепсија на темпоралниот лобус“ и токму на оваа форма на болеста се фокусираше руското научно истражување. Во денешно време, нема поставени конвенционални начини за лекување на епилепсиите на темпоралниот лобус.


Во случај на тешка форма на епилепсија или форма отпорна на конвенционалните методи на лекување, субјектот се подложува на отстранување на хипокампусот во кој се развиваат епилептичните конвулзии. Хипокампусот е дел од мозокот лоциран во темпоралниот лобус, кој е одговорен за обликување краткорочна меморија и за понатамошно конвертирање на информации во долгорочна меморија. Од таа причина, по отстранувањето на хипокампусот, субјектот веќе не е способен за меморирање на нови информации. Овие мотивирани научници продолжуваат да бараат нови начини за заштита на хипокампусот од развој на епилепсијата.


Канабиноидите се супстанции кои се содржани во канабисот. Телата на животните и човекот, исто така, произведуваат канабиноиди кои се нарекуваат „ендоканабиноиди“, бидејќи се формирани внатрешно. Ендоканабиноидите ја поддржуваат хомеостазата на мозокот, го модулираат ослободувањето на супстанциите кои влијаат на мозокот воедно на возбудливи и инхибиторни начини. Тие, исто така, учествуваат во регулирањето на имунолошкиот систем на телото и контрола на општата благосостојба и сите останати системи и процеси во телото.


Експеримент

Биолозите ја моделираа еволуцијата на епилепсијата на темпоралниот лобус за случајот на заморчиња и го користеа невротоксинот кој влијаеше на т.н. епилептичен статус по инјектирањето во телото на животното. Потоа, супстанциите кои ја стимулираа активноста на ендоканабиноидниот систем беа инјектирани во мозокот на животното. Се покажа дека активирањето на ослободувањето на ендоканабиноидите ја нормализира електричната активност во мозокот и ја намалува нерамнотежата во активноста на хипокампусот.


Покрај тоа, ендоканабиноидите ги штитат клетките на хипокампусот. Без оглед на ефектот на невротоксинот, хипокампусот остана практично неоштетен. Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем не само што може да помогне во борбата против епилепсијата, туку исто така може да претставува начин на лекување на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Tass Science

Saturday, May 26, 2018

ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад

ТАРАНТО, Италија - Земјоделците во регионот на Италија што некогаш бил познат по сирењата, се претворил во област за култивирање на еден вид канабис - не за пушење или да продавање - туку за деконтаминирање на загаденото тло. Конопот што тие го растат содржи многу малку ТХЦ (убиец на ракот) - соединение што ги прави луѓето надувани и здрави. Земјоделецот Винченцо Форнаро (Vincenzo Fornaro) расте коноп за да ја спаси својата почва од токсичен хемиски отпад поради фабриката


Винченцо Форнаро и неговиот деконтаминирачки коноп :)
Најголемата европска фабрика за челик во градот Таранто во Италија, се користи за производство на повеќе од 10 милиони тони челик секоја година - 40% од вкупниот број на челик направен во Италија. Локалната економија на Таранто, која брои 200.000 жители, речиси целосно се потпира на челичарницата, која е еден од најголемите и најсмртоносните загадувачи на било кое место во Медитеранот. Фабриката е озлогласен извор на диоксин и се верува дека правот од фабриката е причина зошто Таранто има стапка на рак на белите дробови 30% повисока од националниот просек. Фабриката е толку токсична, така што на земјоделците им е забрането да чуваат добиток во радиус од 20 километри од фабриката, а во 2008 година владата наредила колење на илјадници овци и други животни за кои се покажало дека имаат премногу високи нивоа на диоксин во телата. Областа, исто така, би можела да направи многу пари од туристи поради своите убави плажи и пастирско обработливо земјиште, но челичната фабрика ги задржува потенцијалните посетители од развој на туризмот...


Коноп како природен филтер :)
Во моментов, фабриката е под владина контрола. Здравствените власти наредија фабриката да биде делумно затворена, но овој потег беше блокиран од страна на владините авторитети, а полицијата делумно ја окупираше фабриката како дел од кривичната истрага, а нејзините сопственици беа конечно уапсени и затворени за извршување на „еколошка катастрофа“, сериозен криминал во Италија, а загрозен ни е целиот европски континент. Сепак, фабриката продолжува да работи, произведувајќи многу помалку челик отколку што некогаш го имало. Фармата на Винченцо Форнаро е помалку од една милја оддалечена од фабриката за челик. Пред една деценија мораше да биде убиено целото негово стадо од 600 овци. Оттогаш му било забрането да одгледува добиток или прехранбени култури. Така, наместо тоа, Винченцо Форнаро одлучи да расте коноп!


Со генерации, нашето семејство произведуваше рикота и месо“ - се присети Форнаро. Но во 2008 година владата на Италија го откри токсичниот хемиски диоксин кај своите овци и му го закла целото стадо. Виновникот беше дури една милја подалеку. Загадувачите што излегуваат од масивната фабрика за челик - најголемата во Европа - значеше дека Форнаро никогаш повеќе нема да може да ги пасе своите овци. За да ја исчисти својата земја, решил да се обиде со прилично необичен експеримент. Форнаро засадил индустриски коноп за да се обиде да ги извлече загадувачите од почвата. Науката се нарекува фиторемедијација - процес во кој загадувачите се апсорбираат од брзорастечките корени на билката канабис и ги трансформира токсините во безопасна супстанција. „Мислите дека оваа марихуана е иднината на вашата фарма?“ - Доан (Doane) го прашува Форнаро. „Да, апсолутно“ - рече Форнаро. Фиторемедијацијата е докажана дека извлекува тешки метали од почвата. Беше искористена по нуклеарната катастрофа во Чернобил за отстранување на радиоактивен стронциум и цезиум.


Процесот фиторемедијација
Винченцо не расте трева за да пуши или продава, туку ја расте за да ги извлече токсините од челичарницата надвор од неговата почва. Форнаро засадил огромни области со индустриски коноп на својата фарма. Тој користи тактика наречена „фиторемедијација“. Оваа тактика користи растенија за отстранување на тешки метали, радиоактивен материјал и други лоши работи од земјата. Индустрискиот коноп се користел за чистење на смртоносни загадувачи и во минатото. Најпознатото користење на индустриски коноп за фиторемедијација беше во близина на местото на смртоносната нуклеарка во Чернобил, Украина. Во средината на 1990-тите, компанија наречена Phytotech работела со истражувачи и банка со семенска база во Украина за да засадат илјадници конопни растенија во и околу Чернобил. Фиторемедијацијата е релативно нов процес, но тоа е многу корисно од еколошки аспект и научно докажано.

Зграда изградена со композитни материјали од коноп
Имајќи предвид дека има многу илјади загадени места низ САД и останатите континенти кои се во очајна потреба за безбедно чистење, овој процес може да биде одговор на многу наши прашања. Ништо не може да се изгради на загадените места сè додека не се исчистат, што значи дека овие локации седат и продолжуваат да ја загадуваат земјата сè додека не се направи нешто. Милијарди се трошат секоја година во напорите да се исчисти токсичната почва и сега е време за фиторемедијација! Според истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо, конопот е исклучително ефикасен во отстранувањето на токсичниот елемент кадмиум од почвите. Ова е погодно бидејќи контаминацијата со кадмиум е насекаде. Тоа се гледа во фосилните горива, пестицидите и многу други нуспроизводи на човечката цивилизација. Бидејќи конопот расте брзо, има длабоки корени и не изгледа дека е зашеметен со загадување, конопот е еден од најдобрите растенија што треба да се користи за фиторемедијација, затоа што најуспешно ги собира токсините.


Друга неверојатна работа за користењето коноп за овој процес е тоа што, откако ќе ги отстрани отровните хемикалии од почвата, сè уште може да се употребува, но не и како лек, туку како индустриска суровина. Иако можеби не е најдобра идеја да се јаде или да се прават медицински производи од коноп од области каде нуклеарниот отпад некогаш зрачел, овој коноп е сè уште безбеден за натамошна употреба во други апликации. Тој коноп може да се претвори во масло за подмачкување или во други индустриски цели, може да се користи како изолација и може да се користи и како хартија, лиена пластика или градежен материјал (хемпкрит). Најмногу тешки метали се акумулираат во листовите на конопот. Во Италија, каде што конопот се одгледува за детоксикација на земјиштето или токсичните хемикалии кои ги ослободуваат фабриките, активистите всушност почнуваат да го користат конопот за да го заменат челикот! Активистите изградиле сосема нова станбена зграда целосно направена од влакна од коноп. Оваа станбена зграда (прикажана на сликата од лево погоре) - со канабис посаден пред неа - е изградена со композитни материјали од коноп.


Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Econewsmedia, CBS News