Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем (сопствените канабиноди на нашето тело) исто така може да функционира во прилог на лекувањето на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините
Научниците од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на РАС (RAS’ Institute of Theoretical and Experimental Biophysics - ITEB RAS) и Институтот за физика и технологија во Москва (Moscow Institute of Physics and Technology - MIPT) покажаа дека аналогиите на активните супстанции слични на канабисот произведени од телото се многу ефективни борци против болестите, соопшти прес-службата на МИПТ. Резултатите од студијата се објавени во списанието Brain Research.
„Покажавме дека симптомите на епилепсија значително може да се намалат или да бидат целосно блокирани ако тестираните животни се инјектираат со супстанции кои симулираат епилепсија, заедно со формулата што ја активира активноста на ендоканабиноидниот систем на мозокот“ - рече раководителот на лабораторијата за системска организација на невроните на ITEB RAS и доктор по биолошки науки, Валентина Кичигина (Valentina Kichigina).
Епилепсијата, мозокот и канабиноидите
Епилепсијата е една од најширокорастечките хронични невролошки заболувања кај луѓето и животните, која се појавува во вид на повторувачки конвулзивни напади во различни делови на мозокот и телото на засегнатото лице. Ако епилепсијата е назначена во темпоралниот лобус, тоа се дијагностицира како т.н. „епилепсија на темпоралниот лобус“ и токму на оваа форма на болеста се фокусираше руското научно истражување. Во денешно време, нема поставени конвенционални начини за лекување на епилепсиите на темпоралниот лобус.
Во случај на тешка форма на епилепсија или форма отпорна на конвенционалните методи на лекување, субјектот се подложува на отстранување на хипокампусот во кој се развиваат епилептичните конвулзии. Хипокампусот е дел од мозокот лоциран во темпоралниот лобус, кој е одговорен за обликување краткорочна меморија и за понатамошно конвертирање на информации во долгорочна меморија. Од таа причина, по отстранувањето на хипокампусот, субјектот веќе не е способен за меморирање на нови информации. Овие мотивирани научници продолжуваат да бараат нови начини за заштита на хипокампусот од развој на епилепсијата.
Канабиноидите се супстанции кои се содржани во канабисот. Телата на животните и човекот, исто така, произведуваат канабиноиди кои се нарекуваат „ендоканабиноиди“, бидејќи се формирани внатрешно. Ендоканабиноидите ја поддржуваат хомеостазата на мозокот, го модулираат ослободувањето на супстанциите кои влијаат на мозокот воедно на возбудливи и инхибиторни начини. Тие, исто така, учествуваат во регулирањето на имунолошкиот систем на телото и контрола на општата благосостојба и сите останати системи и процеси во телото.
Експеримент
Биолозите ја моделираа еволуцијата на епилепсијата на темпоралниот лобус за случајот на заморчиња и го користеа невротоксинот кој влијаеше на т.н. епилептичен статус по инјектирањето во телото на животното. Потоа, супстанциите кои ја стимулираа активноста на ендоканабиноидниот систем беа инјектирани во мозокот на животното. Се покажа дека активирањето на ослободувањето на ендоканабиноидите ја нормализира електричната активност во мозокот и ја намалува нерамнотежата во активноста на хипокампусот.
Покрај тоа, ендоканабиноидите ги штитат клетките на хипокампусот. Без оглед на ефектот на невротоксинот, хипокампусот остана практично неоштетен. Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем не само што може да помогне во борбата против епилепсијата, туку исто така може да претставува начин на лекување на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините.
Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Tass Science
No comments:
Post a Comment