Тетрахидроканабинолот од марихуаната го забрзува отстранувањето на токсичната маса од отровни амилоидни бета протеини од мозокот кои го одпочнуваат развојот на Алцхајмеровата болест. Ова откритие се надоврзува на резултати од претходни истражувања кои го докажале заштитниот ефект на канабиноидите кај пациенти со невродегенеративни болести
„Иако други истражувања го докажале неврозаштитниот ефект на канабиноидите, веруваме дека ова истражување е прво кое открива дека канабиноидите влијаат врз воспалението и насобирањето на амилоидни бета протеини во нервните клетки“ - вели Дејвид Шуберт (David Schubert) од Институтот за Биолошки Студии Салк од Калифорнија (Salk Institute for Biological Studies in California). Шуберт и неговите колеги ги тестирале ефектите од ТХЦ на човечки неврони кои ги имитираат ефектите на Алцхајмер во лабораторија.
Ајде да се навратиме на „Основите по канабисологија“ за да ги повториме чудесните карактеристики на нашиот Добар Самаританец - ТХЦ: одговорен е за психолошките ефекти на марихуаната благодарение на неговите болкоублажувачки својства, ефективно третира симптоми на сè од ХИВ, канцери и хемотерапија, до хронична болка, посттрауматично нарушување и мозочен удар, а делува во содејство со другите канабиноиди. Судејќи по сè, ТХЦ е восхитувачки медицински биомолекул; истражувачите работат на добивање на генетички модифициран квасец кој може да го произведе многу поефикасно отколку кога би се произведувал синтетички. Патот на ТХЦ е најчесто преку пушење или вапоризација од белите дробови во крвотокот каде се поврзува со два типа на рецептори, канабиноиден рецептор ЦБ 1 и 2 кои се наоѓаат на клеточните мембрани низ целото тело.
Во мозокот, овие рецептори се најконцентрирани во невроните поврзани со: задоволство, сеќавање, размислување, координација и осет за време и се врзуваат со класа на липидни (масни) молекули наречени ендоканабиноиди кои се произведуваат во телото за време на физичка активност и го поддржуваат клеточното сигналирање во мозокот. ТХЦ исто така може да се врзе со нив на истиот начин и тогаш настанува олабавување во способноста на мозокот да комуницира со себеси. Тоа може да биде и добро и лошо бидејќи иако заборавиш нешто важно, ќе се чувствуваш супер и ќе сакаш да ги изедеш сите грицки поради тоа што се активира чувството за глад и благосостојба.
Во текот на годините истражувањата потврдиле дека врзувајќи се со овие рецептори, ТХЦ може да има друг ефект на мозок кој старее бидејќи му помага да ги исчисти токсичните насобирања - плаки на амилоидни бета протеини. Никој не е целосно сигурен што го предизвикува Алцајмерот, но се мисли дека е резултат на акумулирањето на два типа на оштетувања: амилоидни плаки и неврофибриларен заплет, а исто така се смета дека оваа болест се јавува токму поради ендоканабиноиден дефицит во мозокот.
Амилоидните плаки се наоѓаат помеѓу невроните како густи групи од бета амилоидни молекули - леплив тип на протеин кои лесно се поврзуваат и неврофибриларни заплети предизвикани од дефектни протеини кои се поврзуваат во густа, нерастворлива маса во невроните. Не е јасно зошто овие оштетувања се појавуаат во мозкот, но студиите го поврзале воспалувањето во мозочното ткиво со истовремено намножувањето на плаките и неврофибриларните заплети. Па, ако можеме да најдеме нешто што го намалува воспалувањето во мозокот и истовремено му помага на телото да се исчисти од овие оштетувања, би биле на добар пат да го пронајдеме првиот ефективен третман за Алцајмер, а тој третман всушност е веќе познат, само треба да го легализираме – тоа е канабисот!
Уште во 2006 година, истражувачи од Истражувачкиот Институт Scripps Research Institute откриле дека ТХЦ го инхибира создавањето на амилоидни плаки блокирајќи ги ензимите во мозокот кои ги произведуваат и сега Шуберт и неговиот тим покажаа дека ТХЦ може да го спречи воспалувањето на нервните кетки што значи го обезбедува нивниот опстанок. „Воспалувањето на мозокот е главна последица од Алцхајмерова боелст, но секогаш се претпоставуало дека овој одговор доаѓа од клетки во мозокот слични на имуните, не од самите нервни келтки“ - вели еден од тимот, Антонио Курес (Antonio Currais). „Кога не можевме да ја идентификуваме молекуларната основа на воспалителниот одговор како бета амилоиди, стана јасно дека компонентите слични на ТХЦ кои ги создаваат нервните клетки се вклучени во заштитување од нивно изумирање“ – додаваат истражувачите.
Кратка канабис видео лекција за љубопитните!
Ова е многу интересно проучување, но засега е демонстрирано само со неврони во лабораторија, така што наредниот чекор би бил Шуберт и неговиот тим да ја набљудуваат врската меѓу ТХЦ и намалувањето на воспалението и насобирањето на плаки, но во клинички случај на луѓе. А тие веќе имаат најдено кандидат именуван како „Ј147“ кој ги има истите ефекти како ТХЦ, а ова може да биде начинот на кој тие можат да ги тестираат ефектите на ТХЦ без Владата да им го попречи патот во докажувањето.
* * *
„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ -
Автор: Никола Станчески
Извор: Futurism
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment