Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Компанија во градот Делта во Канада која има развиено пренослива технологија за обработка на отпадот од канабис, ја одбележа официјалната премиера на производот пред неколку дена. Новиот иновативен систем е наречен Cannavore и создаден е од страна на компанијата Micronwaste Technologies
Џорџ Харви и Карла Калтроу гости во Micronwaste Technologies
Откако веќе разви нов иновативен систем за конвертирање на отпадот од храна во чиста вода и компактни биосолиди, користејќи аеробен процес, Micronwaste Technologies сега го стори истото за отпадот од канабис, систем наречен Cannavore. „Овој објект ни овозможува да развиеме нови биолошки процеси за третман на органски отпад и отпадни води. Тоа ни овозможува брзо развивање на прототипови пред да изградиме комерцијално подготвен систем“ - рече претседателот и извршен директор на Micronwaste Technologies, Алфред Вонг (Alfred Wong). „Често го поставувам прашањето: ‚Кој е твојот таен сос?‘, Сфатив дека нашиот таен сос не е во нашиот патентиран био-процес, туку повеќе во луѓето со имагинација од оваа компанија“ - додаде тој.
Свечено отварање на новата технологија за канабис отпад
Претставник на Парламентот од Делта, Карла Калтроу (Carla Qualtrough) минатата недела беше гостин и говорник на настанот, велејќи дека компаниите како Мајкрон покажуваат дека Канада има можност да стане глобален лидер во технологиите за чистота. Исто така, присуствуваше градоначалникот на Делта, Џорџ Харви (George Harvie) кој разговараше за иницијативите на градот за поттикнување на повеќе индустриски развој и намалување на еколошките влијанија. „Технологијата што се развива и рафинира во овој објект е составен дел на решавањето на ова прашање на локален и одржлив начин. Управувањето со органскиот отпад онаму каде што е создаден на прво место, има многу смисла“ - истакна Харви.
Истакнувајќи дека правилата за отпад од канабис се исклучително строги, новиот процес на компанијата се одликува со серија специјално дизајнирана опрема што може да се транспортира во камионска приколка за употреба на било која локација каде што расте марихуаната. Тоа е технологија која доаѓа откако рекреативниот канабис е легализиран во Канада и повеќе одгледувачки операции, вклучувајќи неколку големи оранжерии во Делта, добиваат лиценци за растење на производот.
Пластиката од коноп станува сѐ поприфатлива опција како еколошка алтернатива на пластиката базирана на јаглерод. Не само што овој био-пластичен производ се добива на безбеден начин од одржлив извор - конопни растенија, тој исто така е биоразградлив и може да се рециклира!
Во 2017 година, глобалната потрошувачка на стандардна пластика (со животен век од 500 години или повеќе) достигна нови врвови, со околу осум милиони метрички тони пластика што завршуваат во океаните на годишно ниво. Покрај обидите за намалување на оваа бројка со едукација за селектирање отпад и рециклирање, потребата да се развијат биоразградливи, компостибилни алтернативи на пластиката базирана на петролеј е од суштинско значење за нашата иднина. Многу компании од целиот свет напредуваат во производството на пластични производи базирани на коноп. Во САД од донесувањето на Farm Bill во 2014 година, со што се овозможија вистински иновативни скокови за производство на коноп, сега компаниите можат законски да одгледуваат и преработуваат коноп за истражувачки цели. Веќе има околу 19 држави кои учествуваат во оваа програма, а сите ги следат новите потенцијални апликации на конопот. Кога станува збор за пластиката, компаниите како American Hemp, c2renew и други, веќе се стремат кон подобри, поодржливи производи базирани на коноп.
Пластиката од коноп е само навраќање кон иновациите од старите денови, поради тоа што конопот илјадници години се користел како градежен материјал и суровина за многу производи. Дури и Америка трошела околу 3000 тони коноп годишно пред забраната, која започнала на почетокот од 20 век. Издржливи јажиња, ткаенини, индустриска суровина за градежни материјали и друго, беа правени од коноп. Зборот платно (canvas) произлегува од зборот канабис (cannabis), бидејќи конопот бил најчестиот материјал што се користел за изработка на платнени едра во минатото.
До 1930-тите, конопот веќе бил во употреба за производи како што се: целофанска фолија и еден вид компостибилен стиропор. Хенри Форд успеа не само да дизајнира, туку и да создаде автомобил речиси целосно направен од конопна пластика во 1940-тите. Тој сакал овој автомобил да е целосно еколошки со тоа што наместо со стандардно гориво, требало да работи со помош на прехранбено масло од коноп и семе од други зеленчуци. Конопното возило на Форд се потпираше само на метална рамка, затоа беше за 500 килограми полесно во споредба со стандардните возила. Исто така, пластиката од коноп е далеку поотпорна на оштетување, па не е чудно зошто овој конопен автомобил не започнал масовно да се произведува...
Причината зошто конопот е идеален за производство на пластика се сведува на нешто што се вика целулоза. Секоја пластика, без разлика од што е добиена, има потреба од целулоза во својот состав. Петролејот долго време беше извор на оваа целулоза, но сега компаниите се во потрага по поодржливи и еколошки материјали. Конопот е совршена замена за петролејот, со оглед на тоа што ова растение по природа е околу 80 проценти целулоза. За разлика од петролејот, конопот може да се одгледува органски (без пестициди) и не е токсичен.
Според Canopy Corporation, иднината на пластиката од коноп е светла! Автомобилските компании ширум Европа се оддалечуваат од пластиката базирана на петролеј во целост, за изработка на контролните плочи и другите дизајнерски делови во новите модели на автомобили. Големиот број на делови формирани од конопна пластика ја демонстрира употребливоста како материјал. Придобивките од пластиката од коноп далеку ги надминуваат конвенционалните пластики базирани на нафтени деривати. На пример, проценето е дека фибергласот од коноп чини само 50 до 70 центи за половина килограм, во споредба со од 5 долари па нагоре за половина килограм фиберглас базиран на јаглерод. Освен тоа, производите од коноп постојано се докажуваат како потрајни и поиздржливи и секогаш се многу полесни. Се очекува во многу блиска иднина целиот свет да користи биоразградливи пластични алтернативи како што е конопот. Во моментов, пластиката од коноп се користи за да се направат: звучници, гитари, филаменти за 3D печатачи и илјадници други предмети.
ТАРАНТО, Италија - Земјоделците во регионот на Италија што некогаш бил познат по сирењата, се претворил во област за култивирање на еден вид канабис - не за пушење или да продавање - туку за деконтаминирање на загаденото тло. Конопот што тие го растат содржи многу малку ТХЦ (убиец на ракот) - соединение што ги прави луѓето надувани и здрави. Земјоделецот Винченцо Форнаро (Vincenzo Fornaro) расте коноп за да ја спаси својата почва од токсичен хемиски отпад поради фабриката
Винченцо Форнаро и неговиот деконтаминирачки коноп :)
Најголемата европска фабрика за челик во градот Таранто во Италија, се користи за производство на повеќе од 10 милиони тони челик секоја година - 40% од вкупниот број на челик направен во Италија. Локалната економија на Таранто, која брои 200.000 жители, речиси целосно се потпира на челичарницата, која е еден од најголемите и најсмртоносните загадувачи на било кое место во Медитеранот. Фабриката е озлогласен извор на диоксин и се верува дека правот од фабриката е причина зошто Таранто има стапка на рак на белите дробови 30% повисока од националниот просек. Фабриката е толку токсична, така што на земјоделците им е забрането да чуваат добиток во радиус од 20 километри од фабриката, а во 2008 година владата наредила колење на илјадници овци и други животни за кои се покажало дека имаат премногу високи нивоа на диоксин во телата. Областа, исто така, би можела да направи многу пари од туристи поради своите убави плажи и пастирско обработливо земјиште, но челичната фабрика ги задржува потенцијалните посетители од развој на туризмот...
Во моментов, фабриката е под владина контрола. Здравствените власти наредија фабриката да биде делумно затворена, но овој потег беше блокиран од страна на владините авторитети, а полицијата делумно ја окупираше фабриката како дел од кривичната истрага, а нејзините сопственици беа конечно уапсени и затворени за извршување на „еколошка катастрофа“, сериозен криминал во Италија, а загрозен ни е целиот европски континент. Сепак, фабриката продолжува да работи, произведувајќи многу помалку челик отколку што некогаш го имало. Фармата на Винченцо Форнаро е помалку од една милја оддалечена од фабриката за челик. Пред една деценија мораше да биде убиено целото негово стадо од 600 овци. Оттогаш му било забрането да одгледува добиток или прехранбени култури. Така, наместо тоа, Винченцо Форнаро одлучи да расте коноп!
„Со генерации, нашето семејство произведуваше рикота и месо“ - се присети Форнаро. Но во 2008 година владата на Италија го откри токсичниот хемиски диоксин кај своите овци и му го закла целото стадо. Виновникот беше дури една милја подалеку. Загадувачите што излегуваат од масивната фабрика за челик - најголемата во Европа - значеше дека Форнаро никогаш повеќе нема да може да ги пасе своите овци. За да ја исчисти својата земја, решил да се обиде со прилично необичен експеримент. Форнаро засадил индустриски коноп за да се обиде да ги извлече загадувачите од почвата. Науката се нарекува фиторемедијација - процес во кој загадувачите се апсорбираат од брзорастечките корени на билката канабис и ги трансформира токсините во безопасна супстанција. „Мислите дека оваа марихуана е иднината на вашата фарма?“ - Доан (Doane) го прашува Форнаро. „Да, апсолутно“ - рече Форнаро. Фиторемедијацијата е докажана дека извлекува тешки метали од почвата. Беше искористена по нуклеарната катастрофа во Чернобил за отстранување на радиоактивен стронциум и цезиум.
Процесот фиторемедијација
Винченцо не расте трева за да пуши или продава, туку ја расте за да ги извлече токсините од челичарницата надвор од неговата почва. Форнаро засадил огромни области со индустриски коноп на својата фарма. Тој користи тактика наречена „фиторемедијација“. Оваа тактика користи растенија за отстранување на тешки метали, радиоактивен материјал и други лоши работи од земјата. Индустрискиот коноп се користел за чистење на смртоносни загадувачи и во минатото. Најпознатото користење на индустриски коноп за фиторемедијација беше во близина на местото на смртоносната нуклеарка во Чернобил, Украина. Во средината на 1990-тите, компанија наречена Phytotech работела со истражувачи и банка со семенска база во Украина за да засадат илјадници конопни растенија во и околу Чернобил. Фиторемедијацијата е релативно нов процес, но тоа е многу корисно од еколошки аспект и научно докажано.
Зграда изградена со композитни материјали од коноп
Имајќи предвид дека има многу илјади загадени места низ САД и останатите континенти кои се во очајна потреба за безбедно чистење, овој процес може да биде одговор на многу наши прашања. Ништо не може да се изгради на загадените места сè додека не се исчистат, што значи дека овие локации седат и продолжуваат да ја загадуваат земјата сè додека не се направи нешто. Милијарди се трошат секоја година во напорите да се исчисти токсичната почва и сега е време за фиторемедијација! Според истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо, конопот е исклучително ефикасен во отстранувањето на токсичниот елемент кадмиум од почвите. Ова е погодно бидејќи контаминацијата со кадмиум е насекаде. Тоа се гледа во фосилните горива, пестицидите и многу други нуспроизводи на човечката цивилизација. Бидејќи конопот расте брзо, има длабоки корени и не изгледа дека е зашеметен со загадување, конопот е еден од најдобрите растенија што треба да се користи за фиторемедијација, затоа што најуспешно ги собира токсините.
Друга неверојатна работа за користењето коноп за овој процес е тоа што, откако ќе ги отстрани отровните хемикалии од почвата, сè уште може да се употребува, но не и како лек, туку како индустриска суровина. Иако можеби не е најдобра идеја да се јаде или да се прават медицински производи од коноп од области каде нуклеарниот отпад некогаш зрачел, овој коноп е сè уште безбеден за натамошна употреба во други апликации. Тој коноп може да се претвори во масло за подмачкување или во други индустриски цели, може да се користи како изолација и може да се користи и како хартија, лиена пластика или градежен материјал (хемпкрит). Најмногу тешки метали се акумулираат во листовите на конопот. Во Италија, каде што конопот се одгледува за детоксикација на земјиштето или токсичните хемикалии кои ги ослободуваат фабриките, активистите всушност почнуваат да го користат конопот за да го заменат челикот! Активистите изградиле сосема нова станбена зграда целосно направена од влакна од коноп. Оваа станбена зграда (прикажана на сликата од лево погоре) - со канабис посаден пред неа - е изградена со композитни материјали од коноп.