|
Реална споредба |
Колку и да мислите дека алкохолот е безопасен и не е штетен во „одредени количини“ и дека е сосема ОК да се консумира „од време на време“ оваа отровна течност и да се биде пијан секој викенд - искуството и фактите го потврдуваат спротивното. Неодамнешна студија објавена во
The Journal of School Health го сруши
наметнатиот мит дека наркоманијата започнува со Канабис. Додека оваа заблуда може да е реалност за некои наркомани, оваа студија потврди дека ова не важи генерално за сите луѓе. Имено таа откри и потврди дека поверојатно е
алкохолот да дејствува како почетничка дрога и причина за злоупотреба на други супстанци, за разлика од Марихуаната. Оваа студија потврди дека консумацијата на Марихуана не е никаков показател за тоа дали лицето ќе се префрли на користење („други“) лесни и тешки дроги или пак, не.
„Со одложувањето на моментот на започнување со консумирање алкохол, стапката на злоупотреба на легални супстанци како што е тутунот и нелегалните супстанци како што е Марихуаната и другите дроги ќе бидат позитивно засегнати, т.е. намалени“ - изјавува ко-авторот на студијата Adam E. Barry, професор-асистент при Универзитетот во Флорида на катедрата за здравствена едукација и однесување (University of Florida’s Department of Health Education & Behavior) за
Raw Story во едно ексклузивно интервју.
Додека студијата на Бери дава докази дека однесувањата со злоупотреба на супстанци може да бидат предвидени со голема мера на точност преку истражувањето на историјата со дроги на испитаникот, тој верува дека упорното потенцирање на
теоријата дека Марихуаната е почетничка дрога кон многу штетни супстанци отиде наопаку затоа што нејзините творци - кои ја нарекоа „отскочна даска“ за време на ерата „
Reefer Madness“ („Тревно лудило“) од 1930-тите години.
„Некои од овие претходни повторувања потребно беше да се конкретизираат и разјаснат“ - изјави Бери. „Токму затоа ние сакавме ова да го истражиме. Последната форма од теоријата за
„почетничка дрога“ е тоа што таа започнува со Марихуаната и се поместува кон она што лаиците го нарекуваат „потешки дроги“. Како што може да забележите од резултатите во нашата студија, таа ги потврди овие „почетнички“ хипотези, но прогресијата се движи започнувајќи од легалните супстанци, особено алкохолот, а потоа се движи кон нелегалните супстанци“. Не без причина алкохолот и цигарите се легални - колку повеќе алкохоличари и завистини од цигари - толку повеќе болни луѓе кои спасот ќе го бараат во фармацијата и ќе станат потрошувачи на лекови.
Треба да го сфатиме тоа дека се` е индивидуално и всушност стандардизираната прогресија на премин од користење на една материја кон друга, не го засега секој корисник на дроги. Студијата го зеде во предвид и овој факт. „Постоеја многу малку грешки во бројот на точните предвидувања за идното однесување во однос на користење супстанци... со околу 92% точност - изјави Бери.
Со споредувањето на стапките на злоупотреба на супстанци помеѓу алкохоличарите и луѓето кои консумираат алкохол, тие открија дека постарите средношколци кои консумирале алкохол дури и еднаш во својот живот „биле 13 пати поизложени на ризикот од користење на тутун, 16 пати поизложени на ризикот да користат Марихуана и други наркотици и 13 пати поизложени на ризикот од користење кокаин“ - тврди овој истражувач.
Оваа студија треба да ги освести сите луѓе кои се инволвирани во програмите за едукација и ширење на свеста за опасностите од злоупотреба од дроги, бидејќи потребно е да се обрне поголемо внимание на едукацијата за алкохолот и штетните псоледици од него. Вкоренувањето на фактот дека алкохолот е број 1 опасна дозволена супстанца чие што користење потоа наведува кон користење на лесни и тешки дроги - може да ја заврши војната со дрогите еднаш засекогаш. Ова е возможно само доколку законодавците и сите останати инволвирани во едукацијата одлучат да ја применуваат науката во корист на јавното здравје.
Оваа општествена заблуда e потхранувана од страна на алкохолната индустрија. Една друга студија објавена во 2010 година во медицинското списание
Lancet го рангира алкохолот како најопасна и најштетна дрога од сите останати. Според оваа студија алкохолот е дури и поопасен од хероинот, крекот, метамфетаминот, кокаинот и тутунот. Студијата покажа исто така дека штетните дејства од алкохолот врз околината и другите биле двојно поголеми од штетите што ги предизвикува хероинот.
Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници и оние кои користат Канабис како превентива, покажува дека
Марихуаната е почетничка дрога кон фрижидерот, бидејќи отвора апетит, а воедно не дозволува да се здебелите.
Како може ваква лековита билка да се смета за опасна и штетна дрога? Уште почудно е тоа како може да верувате на овие лаги!? Да беше алкохолот во ред, немаше да биде строго
забрането возењето под дејство на алкохол.