Wednesday, August 22, 2018

Како канабисот ги ублажува симптомите при цревни воспаленија?

Ново истражување објавено во Весникот за Клинички Истражувања (Journal of Clinical Investigation) го открива молекуларниот механизам кој објаснува зошто канабисот може да третира воспалениja на цревата. Марихуаната претставува клуч за третмани на воспаленијата во иднина. Воспалението на цревата, всушност опишува воспалителни услови кои влијаат на гастроинтестиналниот тракт, како кронова болест и улцеративен колитис


Во САД приближно 1,6 милиони луѓе живеат со вакви нарушувања. Околу 70.000 нови случаи се дијагностицираат секоја година. Хроничното воспаление на цревата води до заслабувачки симптоми како стомачни болки, ректално крварење, умор и дијареа. Постари истражувања покажале дека луѓето кои користат канабис искусуваат и одржуваат отсуство на состојбата. Корисниците на канабис велат дека лекот им помага успешно да се справат со стомачни болки, грчеви, болките во зглобовите, дијареа, намален апетит, губење на тежина и гадење. Што би го објаснило овој терапевтски ефект? Првиот пат истражувачите успеале да пронајдат биолошки механизам кој покажува како канабисот го ублажува воспалението во цревата. Научниците биле предводени од Бет А. Меккормик (Beth A. McCormick), подпретседател и професор по микробиологија и физиолошки системи на Факултетот за Медицина во Ворчестер при Универзитетот во Масачусетс.





Како канабиноидите го прекинуваат воспалението?

Професор Меккормик и нејзините колеги го започнале истражувањето дефинирајќи го постоењето на веќе познатиот воспалителен процес кој настанува кога телото е инфицирано од патогена бактерија. Таканаречениот прилив на неутрофили е нормална реакција на имуниот систем кој испраќа неутрофили – тип на бели крвни клетки, за да се изборат против вирусите и бактериите. Подгрупа на CD4 Т-клетки започнуваат воспаление во стомакот. И ако имуните клетки реагираат несоодветноо можат да го уништат и епителот на цревата. Така да, со цел да се запре прекумерната реакција на имуниот одговор, посебни молекули се транспортираат низ епителот за да го запрат воспалението. Тимот открил дека вториот процес бара ендогени канабиноиди (ендоканабиноиди) кои природно се создаваат во телото и имаат сличен ефект со канабиноидите од канабисот.


Со експерименти извршени на стаорци и човекови клетки се заклучило дека ако недостасуваат ендоканабиноиди или ако ги нема доволно, телото не може да го контролира повеќе воспалителниот процес и неутрофилите го напаѓаат заштитниот слој на цревото. Научниците веруваат дека канабисот го надополнува она што е изгубено од природните канабиноиди со што се покрева истиот антивоспалителен ефект кој би бил доколку би имало доволно количество ендоканабиноиди. Професор Меккормик коментира: „Има многу анегдотична евиденција за предности на медицинската марихуана, но не многу наука која би ја докажала. За прв пат го разбираме процесот и молекулите кои се вклучени и како ендоканабиноидите и канабиноидите го контролираат воспалението“. 


А ова на клиничките истражувачи им претставува нов лек како мета за истражување за третирање на пациенти со воспаление на цревата. Коавторот на истражувањето Ранди Мрсни (Randy Mrsny), професор на Катедра за Фармација и Фармакологија на Универзитетот Бет во Обединетото Кралство се согласува, велејќи: „Да бидиме јасни дека, додека ова е веродостојно објаснување зошто корисници на марихуана изјавиле дека канабисот ги ублажува симптомите при воспалението на цревата, досега сме го евалуирале ова само кај стаорци и го немаме докажано кај човек. Се надеваме дека ова откритие ќе ни помогне да развиеме нови начини за третирање на цревни болести кај луѓе“. Болестите на цревата најдобро е да се третираат по пат на супозитории од канабис.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * * 





Уредник: MoniQue Konopova
Извор: 420magazine

No comments:

Post a Comment