Подготовката на лековит чај од марихуана не е многу покомплицирана од подготовката на секој друг вообичаен чај направен од било која друга билка, со една мала разлика. Наједноставниот рецепт за подготовка на чај од марихуана бара многу малку состојки, многу малку време и малку повеќе желба за здраво уживање. Процесот малку наликува на подготовката на млеко со/од канабис, но е малку посложен од секојдневниот процес на подготовка на билни чаеви со едноставно заливање за билката со врела вода
Сами направете си ваков чај! ;) |
Поентата при правењето чај од канабис е да се екстрахира THC-то и некои други канабиноиди од растението, покрај тоа што чајот ќе има вкус на канабис. Поради тоа што THC не е растворливо во вода, тоа има потреба од масна супстанца (кокосово масло, млечен путер и сл...). Во комбинација со високата температура од водата што врие, тогаш путерот/кокосот што бил додаден во смесата се поврзува со тетрахидроканабинолот и преминува во чајот. Додека водата врие на висока топлина, таа ќе почне да испарува прилично брзо. Не оставајте го тенџерето вклучено без ваш надзор, затоа што водата може многу брзо да исчезне. Надгледувајте и промешувајте на секои неколку минути и доколку е потребно додадете вода за да има исто количество течност како на почетокот.
ТХЦ е липосолубилна состојка |
Иако навидум се чини дека овој рецепт е со слаб ефект, бидете подготвени премногу да се надувате и имајте предвид дека ефектите може да се задржат дури и до 12 часа. Па, затоа ако не сте искусни корисници на канабис, овој активиран чај ви го препорачуваме во вечерните часови, а во утринските може да се напиете чајче подготвено со едноставно залевање на суви/свежи листови од канабис со врела вода. Исто така, не заборавајте дека колку чајот е попсихоактивен - толку има појак антиканцероген ефект! Уживајте во овој домажно подготвен лековит пијалак на растителна база и прилагодете го во однос на сопствените потреби и желби!
Внимавајте водата пребрзо да не ви испари... |
Состојки:
* 1/2 грамови (или повеќе) од сувиот цвет од вашата омилена канабис врста (или според вашите потреби: индика, сатива, хибрид, или некаква комбинација од сите);
* 3 шолји вода;
* 2 лажици кокосово масло или путер;
Подготовка:
1. Најпрво треба да го издробите канабисот. За подготовка на чај од канабис, можете да ги искористите гранчињата, коренот и листовите исто така;
2. Во тенџере започнете да ја загревате водата до степен на вриење;
Стопли раце, стопли душа, стопли срце! |
3. Додадете ги двете лажици кокосово масло или путер;
4. Додадете ја издробената марихуана;
5. Додека шпоретот ви е поставен на најголема топлина, а водата веќе агресивно врие - мешајте на секои пет минути (или почесто) за да бидете сигурни дека канабисот не е залепен на страните од тенџерето;
6. Mарихуаната, водата и путерот треба да се вријат на висока температура најмалку 30 минути. Колку повеќе трпение имате да почекате повеќе, толку повеќе ТХЦ што ќе биде извлечено од суровината. 30-40 минути обично се идеално време;
На здравје! :* |
7. По најмалку 30 минути варење на чајот, можете да ја процедите водата низ цедилка. Сега ТХЦ-то е отстрането од марихуаната и залепено на путерот, па затоа марихуаната повеќе не ви е потребна;
8. Чајот од марихуана е премногу врел, па затоа оставете го малку да се излади пред да го сервирате;
9. По желба, за да го промените вкусот или за да потенцирате одредени здравствени придобивки од чајот, можете исто така додадете 1-2-3 вреќички од вашиот омилен билен чај/чаеви;
10. Изрендајте малку кора од лимон, цимет, ѓумбир или ванила по желба и засладете по желба, но препорачувам тоа да го сторите со природен мед, кафеав шеќер, маџун, јаворов сируп или стевиа;
11. Уживајте! Како и кај повеќето билни лекови и останати домашни препарати од канабис што се консумираат орално, потребни ќе бидат околу 30-45-60 минути (индивидуално) за чајот да ви го даде својот полн ефект.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana World News
No comments:
Post a Comment