Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) процени дека на преку 30.000 места (области) во Америка е потребено чистење од отрови. Областите загадени со токсични метали, пестициди, бензин и експлозиви се насекаде низ земјата, но и низ светот, загрозувајќи ја локалната и глобалната екологија. Конопот се користи за чистење од смртоносни загадувачи со децении. Истражувачите од Државниот Универзитет во Колорадо утврдиле дека конопот е екстремно ефективен во отстранувањето на тешки метали и радиоактивен отпад, длабоко наталожени во почвата
Со користење на техниката наречена „Фиторемедијација“ (Phytoremediation), индустрискиот коноп се користел за намалување на штетите од чернобилската катастрофа, смртоносната нуклеарна експлозија во 1986 г. во Украина. Фиторемедијација е нова технологија која користи зелени растенија за отстранување, изолирање или заменување загадена почва.
Конопот се смета за ефтин, безбеден за околината процес за расчистување. По катастрофата, токсични супстанци влегле во ланецот на прехрана преку кравите и другата живина која се хранела од околните растенија. Владата морала да спречи натамошно раширување на токсините со расчистување на почвата и поставување услов дека живината смее да јаде само незагадени растенија. Компанијата за технологии и молекуларна биологија Phytotech, утврдила дека канабисот има природна способност да ги чисти и стабилизира загадените подрачја и во случајот со Чернобил, илјадници дрвца коноп биле насадени во и околу регионот. Научникот Масару Емото тврди дека конопот може да го исчисти нуклеарниот отпад во Фукушима. Коноп садат во Фукушима, за да ја исчистат областа од радијацијата.

Според студија спроведена од Државниот Универзитет на Колорадо, поголемиот дел од почвата низ светот е заразена со кадмиум. Toa е крајно токсичен тежок метал, најчесто користен за изработка на батерии, телевизори, цемент, вештачки ѓубрива, фосилни горива, тутун и многу други производи. Се смета за отров за животната средина во многу делови од светот и дури е забранет од страна на ЕУ бидејќи поседува канцерогени својства и предизвикува кардиоваскуларни проблеми.
Размислувајте еколошки! |
Конопот е идеална билка за биоремедијација бидејќи расте многу брзо (созрева за 3-4 месеци!), пушта длабоки корења во земјата и не е засегнат од загадувачите вклучувајќи го и самиот кадмиум. Има способност да апсорбира голема количина кадмиум без да ја оштети билката. Конопот е познат по својата отпорност на повеќето познати загадувачи и тие не му пречат на ова растение ни на развојот, ни на квалитетот на стеблото. Дополнително, истиот коноп кој е засаден да ја исчисти почвата може да се искористи и за производство на биогорива или за производство на хемпкрит (бетон од коноп - канабетон), но не и за конзумирање бидејќи е веќе полн со тешки метали и други загадувачи од почвата.
Заштитата на животната средина е само една од причините во низата причини зошто канабисот треба да се декриминализира, бидејќи со моменталните закони, не е возможно да се направи масовна деконтаминација на почвата која е толку контаминирана. Конопот е најдобриот природен филтер за апсорпција на штетните материи од почвата, водата и воздухот. Имено го прочистува загадениот воздух многу подобро од шумите!!! Вдишува 4 пати повеќе јаглерод диоксид од дрвјата и дава многу повеќе кислород. Конопот е најефтина и најобновлива суровина за производство на ХАРТИЈА, која е многу поиздржлива од хартијата направена од дрвјата. Дрвјата растат 100 години, а од Коноп може да се произведат и неколку реколти во годината!!! Исто така, воздухот ќе биде многу почист и ќе имаме многу повеќе кислород.
Ајде сите масовно да садиме коноп! |
Автор: Ѓорѓи Д.
Извор: HERB
Industriskiot konop e legalen, neli? Togas mozam da zapocnam so sadnici vo mojot dvor-onamu kade sto i si sadam nekolku zelencuci i bilki. Prvo ke gi zastitam niv od zagaduvanje i vtoro ke si imam konop.
ReplyDeleteДозволено е доколку во составот на растението (сатива-индустриски коноп) нема повеќе од 0,2 % THC...
DeleteНА ОВА МОРА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ!!! Не смееме да забрануваме и ограничуваме нешто од Бога дадено, а што им помага на сите и никого не убило!!!
DeleteДа не надминува 0,3 % THC спроред меѓународни стандарди :)
Delete