Кога Хенри Форд го обелодени својот пластичен автомобил направен од лиена пластика од коноп, резултат на 12-годишни истражувања, тој му даде на светот увид во автомобилот од иднината! Единствениот челик во автомобилот беше неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил со каросерија целосно изградена од конопови влакна функционирал на растително гориво од коноп
Конопниот автомобил на Х. Форд |
Хенри Форд создал еколошки автомобил изграден од каросерија од коноп со мотор кој работел на гориво од коноп. Според порталот Popular Mechanics, првиот Model-T на Хенри Форд бил изграден за да работи на бензин од коноп и самиот автомобил бил целосно изграден од ова растение! Неговите цврсти панели оформени под хидрауличен притисок од 1.500 фунти на квадратен инч (psi) по рецепт кој бара 70 проценти целулозни влакна од пченична слама, коноп и 30 проценти смолесто врзивно средство. Единствениот челик во автомобилот била неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил тежи еден тон, што го прави за 500 кг полесен во споредба со просечен челичен автомобил. Очигледно Форд сакал да го тргне својот „Модел Т“ од вообичаените тогаш автомобили на етанол. Всушност Форд и Дизел никогаш немале намера да користат бензин.
Рудолф Дизел, пронаоѓачот на дизел-моторот, го дизајнирал да работи на растителни горива и масла од семиња како коноп. Форд првично планирал неговите возила да избегаат од растителните масла, наведувајќи дека: „има доволно алкохол во годишен принос од еден хектар компири за да се управува со машините потребни за да се одгледуваат полињата за сто години“. Сепак, нафтената индустрија лобираше тешко за да ги задржи високите даноци за алкохол и да ја намали цената на бензинот. Ова дури „се совпадна“ со забраната на алкохолот и конопот во 1920-тите.
Не само што треба да го разгледаме факторот на загадување од одреден материјал додека истиот е во употреба, туку и самото производство на предметот, т.е. колку се токсични суровините од кои се произведува додека се произведува. Разгледувајќи го конопот, тој е во согласност со секој еко-стандард кој постои денес! Сузбивањето на оваа технологија во голема мера се должи на фактот дека конопот бил забранет во САД во 1937 година поради потенцијалниот штетен ефект што би го имал врз многу моќни индустрии во тоа време. Силно препорачувам да ја разгледате целосната хронологија за тоа како конопот станал нелегален.
Еве како изгледал еколошкиот автомобил!
Самиот Форд често бил фотографиран меѓу неговите конопни полиња, а автомобилот „израснат од почвата“, имаше пластична каросерија од конопни плочи, чија ударна сила била 10 пати поиздржлива од челикот. Еве две видеа кои го покажуваат изумот од коноп на Форд, како и можноста за возила и горива базирани на коноп. Овие автомобили денес имаат светла и зелена иднина со самото тоа што свеста за еколошкиот потенцијалот на конопот секојдневно расте, заедно со растот на свеста дека сегашните автомобили значително ја загадуваат животната средина.
Како отидовме од толку очигледно и интелигентно откритие, да користиме бензин и други токсични и необновливи горива, челик и други нехармонични материјали? Хенри Форд како еден од основачите на најпопуларни марки на автомобили во светот уште во негово време се обидуваше да му даде на светот возило што е безбедно, издржливо и цврсто и чисто за животната средина, но неговиот пронајдок беше силно потиснат. Помогни ова откритие да стане секојдневие со тоа што ќе го споделиш овој текст на социјалните мрежи! Ти благодариме во името на Хенри Форд <3
Еве поавтентична снимка од коноповиот автомобил на Х. Форд
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment