Monday, August 13, 2018

БИОГОРИВА - Eнергетскиот потенцијал на индустрискиот коноп!

Дали индустрискиот коноп го содржи одговорот на предизвиците и ризиците што со себе ги носат необновливите извори на енергија, како цврстите и течни горива во светот? Додека оваа неверојатно разноврсна, но сепак многу погрешно разбрана растителна култура не може да биде целосно решение, конопот со сигурност можеме да кажеме дека може да биде дел од решението! Еве зошто...


Биодизел гориво од коноп!
Јагленот и нафтата играа клучна улога во напредокот на човештвото, но континуираното користење на фосилните горива, исто така, може да доведе до изумирање на нашата „напредна“ цивилизација поради многу поврзани проблеми: загадување, негативни климатски промени и војни околу ресурсите - се само неколку од нив. Главниот проблем денес не се толку фосилните горива што истекуваат, туку штетата што нивното користење ја прави врз нашата планета. Електричните возила ќе помогнат во решавањето на дел од дилемата, но сè уште ќе има потреба од цврсти и течни горива и во иднина за транспорт и други апликации. Меѓу алтернативите за фосилните горива се биогоривата, добиени од култури како што се: соја, палми и индустриски коноп (Cannabis sativa). Индустрискиот коноп е добра суровина за производство на неколку различни типови на: течни горива, гас и цврсти горива.




Моето име е КОНОП! Кликни на сликата!
Биодизел од коноп

Семето од коноп содржи околу 30% масло - и ова масло се користи со векови како гориво за светилки! Маслото од конопово семе може, исто така да се трансформира во биодизел погоден за употреба во возилата, преку процес наречен трансестерификација (transesterification). Се пресметува дека конопот може да произведе повеќе од 800 литри биодизел по хектар годишно - поголем принос од култури како што се: соја, сончоглед, кикирики или семе од репка. Дополнително на тоа се истакнува потенцијалот за произведување и на метанол, етанол, биогас и цврсти горива од остатокот од билката.



Не само што ги исполнува стандардите: ATSM D6751 и EN 14214 за квалитет на биодизел, биодизелот од коноп е очигледно супериорно гориво за други растителни горива. Исто така, го надминува конвенционалниот дизел во сите области, освен кај оксидациската стабилност, која може да се реши преку додавање на антиоксиданти. Значи, зошто не се користи нашироко биодизелот од коноп? Одговорот на ова прашање доста се сведува на достапноста и неговата врска со трошоците и слабата популарност. Маслото од конопово семе се бара за различни апликации и тоа значи дека цената останува висока. Сепак, како што повеќе земји конечно се будат и освестуваат за неверојатниот потенцијал на индустрискиот коноп и се зголемуваат површините на кои се одгледува оваа билка, трошоците за биогоривото треба да се намалуваат како минува времето. Еве интересно упатство за правење биодизел од коноп.




Едноставен биодигестер
Етанол и метанол од коноп

За разлика од производството на биодизел од коноп, целото растение може да се искористи во производството на етанол или метанол. Како и со биодизелот, етанолот и метанолот може да се користат како гориво за возила. Кога се добиени од индустриски коноп, овие алкохоли понекогаш се нарекуваат и хемпанол (hempanol). Етанолот е направен од шеќери и скроб од растенија. За да се создаде етанол од коноп, потребен е процес наречен целулолиза (cellulolysis) која се состои од неколку фази:


  • Пред-третман за да се подготви содржината на целулоза од коноп погна за хидролиза;
  • Раскинувањето на молекулите во шеќери со помош на ензим кој ја претвора целулозата во гликоза (целулаза - cellulase);
  • Одделување на шеќерите од лигнин;
  • Ферментација на шеќерот;
  • Дестилација за да се извлече етанолот;
  • Употреба на молекуларни сита за зголемување на концентрацијата на етанол.

Како се прави етанол?

Идејата за користење на етанол од коноп како гориво во возилата не е нова. Хенри Форд, наводно, првично го одгледувал конопот за производство на етанол за употреба во неговите автомобили, а успејал да направи автомобил со каросерија од пластика направена од коноп. Другиот алкохол, метанолот, се произведува од дрвна пулпарна материја од растенијата - исто така е позната како дрвен алкохол. Создавањето на метанол од коноп може да се постигне преку сува дестилација. Ова може да вклучува пиролиза, т.е. термохемиското распаѓање на органскиот материјал во отсуство на кислород, така што материјалот не се запалува. Греењето на материјалот создава гасови што можат да се кондензираат во метанол. Нус производ на сувата дестилација - јагленот, може да се користи како цврсто гориво.



Индустриски коноп како цврсто гориво

Студијата од 2011 година покажа дека прилагодениот принос на биомаса од коноп е 120% повисока од онаа на сламата од пченица, во смисла на цврсти горива. Едно од цврстите биогорива што може да се произведе се пелетите од коноп, кои се направени од дрвеното јадро на растението. Користењето коноп за пелети е добра алтернатива за дрво, бидејќи произведува речиси иста топлина, со слични нивоа на содржина на пепел и не е корозивно гориво. Конопот може исто така да се користи за производство на јаглен и за време на пиролитичкиот процес (pyrolytic process) што се користи за да се создаде овој јаглен, исто така може да се произведуваат течни биогорива како метанол (како што е споменато погоре). Конопот созрева за 100 дена, додека дрвата созреваат за 50-100 години! Сè што дрвата може да направат - конопот може да направи побрзо и подобро!



Биогас од коноп

Метанот е примарна компонента на природниот гас што можете да го користите дома и е структурно хемиски тесно поврзан со метанолот. Метанот се произведува преку дејство на анаеробни бактерии на органски материи. Опремата што се користи за создавање на вистински анаеробни услови (кои се случуваат во отсуство на кислород) и зафаќање на гасот се нарекува биодигестер, кој делува како механички стомак. Студијата од 2010 година откри дека биогасот од коноп може да биде алтернатива за етанолот од пченица и биодизелот од семе од репка. Отпадот од производството на биогас од коноп може да се користи како ѓубриво во земјоделството.


Kонопот може да направи сè побрзо и подобро!
Дали биогоривата од индустриски коноп се јаглерод неутрални?

Многу експерти тврдат дека биогоривата се јаглерод неутрални, бидејќи количината на јаглерод диоксид што се ослободува кога се користат е еквивалентна на онаа што ја апсорбираат растенијата за време на процесот на раст. Сепак, она што исто така треба да се земе предвид се сите инпути (влез на енергија) во создавањето на горивото - сè од одгледувањето, до бербата и самото производство на горивото. Овие процеси, исто така, мора да бидат јаглерод неутрални. Онаму каде што конопот може да има предност над некои биогорива во поглед на јаглеродниот интензитет, лежи токму во самата природа на билката - потребни се помалку инпути за растење, во споредба со културите како пченка и/или соја.



Храна како гориво?

Конопот е храна. Употребата на храна како гориво е секогаш контроверзна тема, но како што научивме за конопот, прехранбеното семе не мора да се користи како биогориво. Една од многуте придобивки од користењето на индустрискиот коноп за биогоривата е тоа што практично целата билка може да се користи. Друга корист од употребата на конопот во споредба со другите култури е тоа што може да се одгледува на маргиналните површини, не бара пестициди или ѓубрива и не бара многу вода, успева и на оскудни места. Индустрискиот коноп, исто така, може да помогне во санацијата на контаминираните почви. Очекуваме евтино еколошко гориво од индустриски коноп во блиска иднина и кај нас во Македонија! Споделете го овој текст за тоа побрзо да се случи. Благодариме!

Автомобилот од коноп на Х. Форд


ПРОДЛАБОЧИ ГИ СВОИТЕ ЗНАЕЊА:


Индустриски коноп за подобра иднина на Македонија

Кина е светски центар за производство на конопните култури

Индустрискиот коноп е четири пати попрофитабилен од конвенционалните култури

Го креваме од пепел производството на коноп! Кратка ретроспектива од Хрватска

Легализацијата на Канабисот претставува закана за фармацевстската мафија


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hempgazette

No comments:

Post a Comment