Пластиката од коноп станува сѐ поприфатлива опција како еколошка алтернатива на пластиката базирана на јаглерод. Не само што овој био-пластичен производ се добива на безбеден начин од одржлив извор - конопни растенија, тој исто така е биоразградлив и може да се рециклира!
- Сакате ќеса? Не, благодарам! |
Во 2017 година, глобалната потрошувачка на стандардна пластика (со животен век од 500 години или повеќе) достигна нови врвови, со околу осум милиони метрички тони пластика што завршуваат во океаните на годишно ниво. Покрај обидите за намалување на оваа бројка со едукација за селектирање отпад и рециклирање, потребата да се развијат биоразградливи, компостибилни алтернативи на пластиката базирана на петролеј е од суштинско значење за нашата иднина. Многу компании од целиот свет напредуваат во производството на пластични производи базирани на коноп. Во САД од донесувањето на Farm Bill во 2014 година, со што се овозможија вистински иновативни скокови за производство на коноп, сега компаниите можат законски да одгледуваат и преработуваат коноп за истражувачки цели. Веќе има околу 19 држави кои учествуваат во оваа програма, а сите ги следат новите потенцијални апликации на конопот. Кога станува збор за пластиката, компаниите како American Hemp, c2renew и други, веќе се стремат кон подобри, поодржливи производи базирани на коноп.
Конопната пластика не е ништо ново...
Користи биоразградлива пластика! |
Пластиката од коноп е само навраќање кон иновациите од старите денови, поради тоа што конопот илјадници години се користел како градежен материјал и суровина за многу производи. Дури и Америка трошела околу 3000 тони коноп годишно пред забраната, која започнала на почетокот од 20 век. Издржливи јажиња, ткаенини, индустриска суровина за градежни материјали и друго, беа правени од коноп. Зборот платно (canvas) произлегува од зборот канабис (cannabis), бидејќи конопот бил најчестиот материјал што се користел за изработка на платнени едра во минатото.
Ќе научиме ли да се однесуваме еколошки? |
До 1930-тите, конопот веќе бил во употреба за производи како што се: целофанска фолија и еден вид компостибилен стиропор. Хенри Форд успеа не само да дизајнира, туку и да создаде автомобил речиси целосно направен од конопна пластика во 1940-тите. Тој сакал овој автомобил да е целосно еколошки со тоа што наместо со стандардно гориво, требало да работи со помош на прехранбено масло од коноп и семе од други зеленчуци. Конопното возило на Форд се потпираше само на метална рамка, затоа беше за 500 килограми полесно во споредба со стандардните возила. Исто така, пластиката од коноп е далеку поотпорна на оштетување, па не е чудно зошто овој конопен автомобил не започнал масовно да се произведува...
Зошто пластика од коноп?
Оваа пластика не се распаѓа така брзо и лесно... |
Причината зошто конопот е идеален за производство на пластика се сведува на нешто што се вика целулоза. Секоја пластика, без разлика од што е добиена, има потреба од целулоза во својот состав. Петролејот долго време беше извор на оваа целулоза, но сега компаниите се во потрага по поодржливи и еколошки материјали. Конопот е совршена замена за петролејот, со оглед на тоа што ова растение по природа е околу 80 проценти целулоза. За разлика од петролејот, конопот може да се одгледува органски (без пестициди) и не е токсичен.
Иднината на конопната пластика
Пластика од коноп |
Според Canopy Corporation, иднината на пластиката од коноп е светла! Автомобилските компании ширум Европа се оддалечуваат од пластиката базирана на петролеј во целост, за изработка на контролните плочи и другите дизајнерски делови во новите модели на автомобили. Големиот број на делови формирани од конопна пластика ја демонстрира употребливоста како материјал. Придобивките од пластиката од коноп далеку ги надминуваат конвенционалните пластики базирани на нафтени деривати. На пример, проценето е дека фибергласот од коноп чини само 50 до 70 центи за половина килограм, во споредба со од 5 долари па нагоре за половина килограм фиберглас базиран на јаглерод. Освен тоа, производите од коноп постојано се докажуваат како потрајни и поиздржливи и секогаш се многу полесни. Се очекува во многу блиска иднина целиот свет да користи биоразградливи пластични алтернативи како што е конопот. Во моментов, пластиката од коноп се користи за да се направат: звучници, гитари, филаменти за 3D печатачи и илјадници други предмети.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Cannabistech
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот
* Придобивки и начини на употреба на конопот
No comments:
Post a Comment