Tuesday, November 28, 2017

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

За искусните одгледувачи, размножувањето на канабис билките претставува вообичаен и едноставен процес, а предностите се многубројни, пред се поради тоа што може да создадеме сосем нови врсти исклучиво за нашите потреби 

Сами произведете си свој семенски материјал!
Со вкрстувањето се обезбедува мало количество квалитетно семе за посевите за идната година, а можете исто така да ја земате својата омилена врста и да го задржите поленот од неа со којшто ќе ги опрашите од вас избраните други женски генотипови или фенотипови во иднина. Па, ајде да ги разгледаме основите на техниките за размножување и вкрстување на канабис од мали размери, за во домашни услови. Препорачуваме да ги илустрирате придобивките и новите поколенија што овие техники можат да ги обезбедат на оние кои сакаат да создадат свој уникатен семенски материјал. Размножувањето му овозможува на одгледувачот пристап до нова хибридна генетика, додека истовремено овој процес претставува механизам за конзервација и зачувување, па дури и зајакнување на посакуваната генетика за идна употреба.


Преглед на топ врсти од списанието High Times 1977
Ако имате различни видови и сакате да создадете хибриди, вкрстувањето е лесно и ефикасно. Од друга страна, оние кои сакаат да го зачуваат семенскиот материјал во текот на следната сезона, ќе сфатат размножувањето е одржлива алтернатива за да се задржи и распространи таа генетика. Не секој одгледувач може да си дозволи да се снабдува со нов расад, клонови или семе од компаниите за производство на семиња од канабис и да купи нова генетика помеѓу секоја сезона. Впрочем, во повеќето држави цената на еден клон може да надмине 20 долари, додека десетина семки од канабис може лесно да чинат 100 долари или повеќе.

За многу микро-буџетни домашни одгледувачи, размножувањето и вкрстувањето е единствениот и бесплатен начин за да се задржи посакуваната генетика. Одгледувањето канабис и продолжувањето на семејната лоза во семето не е ексклузивно зачувување на експертите. Домашните одгледувачи кои имаат стекнато вештини на одгледување на високо ниво и ги совладале основните техники, лесно можат да преминат од обичен одгледувачот во експерт за врсти. Креирањето на F1 семиња и хибриди е многу практично. Повеќето од врстите на канабис кои станаа легендарни беа создадени од страна на домашните одгледвачи на канабис, повремено, па дури и сосем случајно, т.е. несакајќи.


Клонови
Понекогаш не е лесно да се изгради своја сопствена банка за семе од шаторот за растење или плакарот во споредната спална соба... Па, затоа размножувањето на мала рака е остварлива опција. Не ви е потребна магистерска диплома по ботаника. Доволно ви е досегашното искуство кое ќе расте заедно со вашите нови уникатни деца што можеби ќе ги создадете. Постојат повеќе техники за размножување и тоа: клонирање, селфинг, размножување од иста серија, полихибриди, оригинални F1 хибриди, пренасочување... Да разгледаме некои од нив!


Гел за клонирање
1. КЛОНИРАЊЕ (Clonning)

Земањето на ластари од канабис растенијата е одличен начин да се зачува видот. Понекогаш најценетите сорти се достапни во форма само на клонови, а одгледувачот има навистина ограничени опции, за да ја зачува генетиката, а да не мора да купува нови клонови секоај сезона. Клонирањето е пренослива вештина којашто со малку упорност лесно се совладува. Треба да имате постојано висока стапка на успех со клонирањето како предуслов за размножување.



Предизвикајте само-опрашување
2. СЕЛФИНГ (Selfing)

Семињата F1 може да се произведуваат само со женски клон од марихуана. Овие семиња ја носат само генетиката на мајката. За да се постигне ова, одгледувачот мора да го смени полот на женката (таа да стане хермафродит) за да го поттикне само-опрашувањето. Повеќето домашни одгледувачи намерно ќе ја ја изложат на стрес цветната женка за да произведат неколку семиња. Селфингот најчесто се применува на сорти марихуана наменети само за клонирање за да се претвори во форма на семе F1.



Совладајте го вкрстувањето
3. РАЗМНОЖУВАЊЕ ОД ИСТА СЕРИЈА

Па, ако сте задоволни со серија на редовни семки од канабис и можеби сакате да ги искористите машките? Па, може да вкрстувате канабис од истата серија. Да претпоставиме дека сте запознаени со врстата од истото пакување на семиња, потенцијално може да изберете пар од врсти за вкрстување. Ова е метода на старо-школските ганџа фармери и најмногу се применува на отворено. Покрај тоа, размножувањето од истата серија има потенцијал во внатрешните одгледувалишта, доколку органските семиња се оригинални. Ако е така, не само што резултатот ќе биде повеќе или помалку стабилен, но ќе имате заштедено пари на семе за следната реколта. Практикувајте да го собирате поленот. Размножувањето од сигурна серија е добар вовед во вкрстувањето канабис.



2 различни врсти
4. ПОЛИХИБРИДИ

По лекцијата за размножување од иста серија, доаѓа лекцијата за создавање едноставен хибрид. Полихибрид (polyhybrid) е вкрстување на две комерцијални, неповрзани сорти. За почеток, ова нема да биде целосно стабилно и нема да произведува оригинални Ф1 хибриди. Резултатите несомнено ќе бидат измешани. Но, полихибридите се прилично енергични и може да се откријат победнички фенотипови, доколку имате повеќе простор за експериментирање.





Развој на F1 хибриди (кликни на сликава)
5. ОРИГИНАЛНИ F1 ХИБРИДИ

Оригинални Ф1 хибриди се најценети и ние препорачуваме да го погледнете асортиманот од каталогот на Royal Queen Seeds. Оваа техника создава фантастично моќни, продуктивни и енергични растечки Ф1 хибриди и ова е долгорочен процес. Професионалните одгледувачи и експерти за размножување врсти инвестираат години од својот живот во проекти за размножување и одбираат сорти од стотици, ако не и од илјадници растенија од канабис. Оригиналните Ф1 хибриди може да се изведат само од вкрстување на оригинални или стабилизирани врсти. Тие изразуваат вистинска хибридна енергија.


Освен ако не планирате експедиција за лов на нови врсти, пожелно е да ја совладате оваа техника којашто бара малку повеќе предзнаење и искуство. Слично на тоа, одводнувањето може да биде комплицирано. Искрено, тоа е премногу тешко за прв пат дома одгледувач. Со вкрстување на пар на F1 билки (прва генерација) резултира со потомство во F2 билки (втора генерација). За жал, овие семиња ќе бидат далеку помалку стабилни и многу потешки за работа во споредба со претходната генерација Ф1. Потребно е внимателно селективно вкрстување во голем број за да се успее со овој пристап. Често се потребни повеќе генерации на размножување можеби до F5 (петта генерација) или дури F6 (шеста генерација) пред генетската линија да може да се стабилизира.


Развој на полихибрид
6. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ (Backcrossing)

Бек-кросингот е веројатно најсоодветната опција за размножување на мала рака, при одгледување за лична употреба во домашни услови. Исто така, ако сте во ситуација да сакате да размножите врста која се наоѓа само како клон, а немате многу доверба во техниката на стресирање на женските билки во фаза на цветање само за да создадете неколку F1 семиња, треба да ја разгледате токму оваа техника. Прво треба да идентификувате рецесивен донатор од машки пол или машка билка со пожелни особини кои вреди да се додадат на потомството. Женката ќе биде задржана како мајка од којашто ќе се продолжи со земање на клоновите. Во суштина, доминантниот женски клон и донаторскиот мажјак се вкрстуваат. Понатаму, сите последователни генерации ќе бидат пренасочени кон женскиот клон од оригиналната мајка. Понекогаш, ќе бидат потребни 3-4 пренасочувања за да се добие потребната стабилност во потомството. Како што можете да видите, постојат неколку начини да ги размножите вашите омилени врсти и да ги претворите во ваши нови уникатни видови.


* * *

Развој на бек-крос
Овој основен водич има за цел да ви даде добар општ преглед за да може да започнете со вашите индивидуални истражувања и експерименти, пред да се преселите во покомплицираните аспекти и „тајни“ од одгледувањето канабис. Да не заборавам исто така да надополнам дека не треба да се обесхрабрувате при првите неуспешни обиди, затоа што секој обид за имплементирање на новите техники во одгледувањето може да резултира со некоја ваша уникатна метода, врста. Сè е искуство плус и самото одгледување канабис има терапевтско, смирувачко и антидепресивно дејство врз одгледувачот. Со среќа! :)



Како од прилика изгледа вкрстувањето?

Автор: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment